Форумџика на годината

Емоционално или физичко неверство?

Дискусија во 'Врски' започната од Chocoholic, 9 мај 2011.

  1. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Баш читав една статија во врска со ова и воглавно се согласувам
    Си велите сами себе, јас сум верна девојка. Никогаш физички не му се предадов иако целото мое тело велеше САКАМ! Одолеавте на искушението да се предадете на поранешното момче, иако емоциите се разгореа како луди кога го видовте после толку време.

    И си велите на себе браво! Но дали навистина заслужувате браво? Дали емоционалното неверство е помалку болно од физичкото?

    Воскреснување на спомените и емоциите

    После секоја кавга со сегашното момче се фаќате како размислувате за поранешниот, за минатите убави мигови и сите негови доблести.

    Размислувате дека можеби животот ќе ви беше подобар со него, ве фаќа носталгија, а понекогаш знаете и да го свртите неговиот број, па дури и да ја поминете ноќта со него, нормално не правејќи ништо повеќе од емотивен разговор.

    Сето тоа воскреснување на спомени, гаење на чувства кон него и барање утеха во неговата прегратка можеби е 10 пати поголемо неверство од еден див секс со тотален странец чиј единствен мотив била страста.

    Љубовта кон друг човек е поголемо злодело од сексот со друг човек.

    Ставете се во кожата на другиот

    Можеби не се согласувате со ова, и во овој миг негодувате, но размислете што би ве повредило повеќе... Да знаете дека вашето момче се уште е заљубено во поранешната девојка и со неа потајно контактира преку пораки, јавувања, па и заеднички ноќи без секс само со милувања или пак ако тој бил пијан, сам на одмор со другарите и завршил во креветот на некоја девојка, која ја гледа прв и последен пат?

    Удар по срцето

    Да, мечот е со 2 острици, но крвавењето на вашето срце сигурно би било поголемо кога би дознале дека не сте единствената негова љубена.

    Тогаш ќе имате бессони ноќи во двоумење дали вашата врска е само фарса, дали вие сте неговото рамо за плачење или остров за спас од емоциите спрема поранешната која го откачила.

    Емотивното злосторство е злосторство врз срцето, а физичкото врз телото.

    Можеби се ова го направивме премногу црно – бело, а јасно ви е дека во животот ништо не е такво. Сепак подразмислете и дадете ни ги вашите аргументи.
     
    На NoellePage му/ѝ се допаѓа ова.
  2. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Навистина е тоа меч со две острици. Не знам што да кажам, иако во поголемиот дел се согласувам со статијата. Никој не сака да игра на емотивна карта. Нема дури ни соодветни зборови да се долови чувството на емотивно предавство
     
  3. innamylove

    innamylove Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    231
    и двете ми се лоши работи.....ако ме сака навистина ке ме сака со тело и со душа ако некогаш се случи да ме изневери на било кој од овие начини значи никогаш не ме ни сакал......а недај боже да знам али мислам дека и двете болат на свој начин јако...
     
  4. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Мислам дека најмногу ќе ме боли емоционалното неверство. Толку заеднички моменти, толку споделении чувства, толку на ти го - дај ми го ситуации, колку плачки и тепачки и на крајот ми фали да дознаам дека љуби друга, дека мисли на некоја и тоа не како да ја плесне ами како да биде со неа во прегратки и 90589304 романтики... :sweat: . Ауууу... е дури тогаш... не, не знам шо ќе биде.

    Не дека и физичкото неверство нема да ме боли, но тоа вака или онака може да му го простам. Ќе ми биде тешко, лом ќе го направам, ќе ме гони некое време, ама ќе стиснам заби и ќе се потрудам да го заборавам тоа. Ако мислам дека нема да го заборавам, не ни простувам!

    Али емоционално неверство нема шанси да простам!
     
  5. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Мене ми е исто.И едното и другото болат,иако можеби емоционалното неверство малку повеќе.Штознам,ако физички те изневерил ќе можеш да претпоставиш дали има место и простор и другпат да те изневери,додека за емоционалното неверство никогаш не можеш да бидеш сигурен и секогаш ќе чувствуваш немир дали во мислите те изневерува. :?:
     
  6. cupidsarow

    cupidsarow Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2010
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    13
    еве вака имам дечко веке 1 ипол година,го сакам добро дете е ,нз ни дали некогаш ке сретнам некој како него....правилен е и коректен спрема мене ,помагам колку можам по шо има проблеми дома ,некогаш и плачам за него оти не му е убаво,оти е распрарчен(емоционално) од дома....али тој не знае дека јас се слушам со друг кој е учи во друг град инаку живее на исто место как и јас,постојано се слушаме на телефон сум го изневерила 2пати прв пат пред 3 месеци(не сум легнала со него али..)и се повеке и повеке со другиов се слушам ,а нему не му е сиесто што имам дечко ,али знае не можам да го оставам...нз...дечко ми го сакам не би сакала да дознае зашто би го повредило,а некако сум поврзана со него емоционално повеке од било со кој друг...али другиов ми внесува немир и еве..со никој друг ни пробува ни имам нешто освен со овој другиот веке 8 месеца и повеке се мотаме...нз,дали е ова физичко или емоционално неверство(а иако не сум легнала со другиов ...сум имала контакти..)?Па што мислите ???
     
  7. sanjickar

    sanjickar Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    39
    па нема неверство овде мила.....ниту емоционално ниту физичко.....за мене не е неверство се додека дечко ми не и го бутне на друга меѓу нозе....се извинувм на изразов...или се додека не засака некоја друга......се друго освен ова се моменти кои му се случуваат на секој човек и се нормални
     
  8. cupidsarow

    cupidsarow Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2010
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    13
    мх се надевам дека си во право но дечко ми ако ме дознае никогаш нема да ми прости ке ми раскине и нз дали некогаш ке ме погледне...:/
     
  9. softqueen

    softqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    123
    Ни едното , ни другото . Никогаш не сум изневерила и не сум била изневерена , се надевам дека така и ќе остане во иднина . Сепак , мислам дека емоционалното неверство има поголема тежина и во случај да ми се јават емоции кон друг , веднаш би ја прекинала врската , па неверство и нема да се случи . Тоа го барам и од спротивната страна .
     
  10. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Не верувам дека ќе дојде момент за да се појави емоционално ниту пак физичко неверство од моја страна. Но, доколку се случи некој друг дечко да ми се допаѓа, ама многу да ми се допаѓа, би му кажала на дечко ми и би ставила можеби крај на врската.

    Доколку приметам дека дечко ми емоционално е затрескан во друга би била многу љубоморна. И мислам дека би ја раскинала врската. А и доколку ме изневери физички, ако не биде изневерувањето договорено :lol: :rofl:(се зафркавам) ќе му раскинам.
     
  11. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    Секако дека емоционалното неверство е пострашно. До физичко неверство може да дојде од разни причини, но немора да значи дека партнерот е причина. Може да се случи во пијана состојба, поради страст, ете кај машките посебно. Мислам, не е тоа оправдување, ама факт е дека машките полесно можат да бидат заведени одколку женските. Не е толку страшно ако физички дечкото ви е со некоја друга, ако мислите и срцето му се кај вас. :) Додека за емоционалното неверство веќе треба да се замислиме. Тоа се случува кога едниот партнер го занемарува другиот, нема разбирање, нема никаков труд, недостиг на љубов, на внимание и ред други работи и секако оној што е занемарен ќе почувствува потреба од некој. Некој што ќе му го пружи она што не го добива од партнерот. А може да се случи и ако едноставно ја снема хемијата меѓу партнерите. Мене тоа ми е многу пострашно, што вреди некој да е до мене физички и да го нарекувам ДЕЧКО МИ, ако мислите му се кај друга и ако има чувства кон неа а не кон мене?! :|
     
    На stanojovskam му/ѝ се допаѓа ова.
  12. didush

    didush Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    294
    Пол:
    Женски
    велат- Мажите изневеруваат со тело а жените со душа
     
    На Sanjichka007 и stanojovskam им се допаѓа ова.
  13. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    И едното и другото е лошо според мене, нема врска дали физички или емоционално, но полошо е емоционалното и кога чувствуваш дека те бакнува тебе,а мисли на друга. До сега не ми се случило тоа и се надевам дека нема да ми се случи никогаш.
     
  14. Melany.Macedonia

    Melany.Macedonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    67
    Ни тоа ни тоа! емоционалното е пострашно, според мене :)
     
  15. stanojovskam

    stanojovskam Активен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Емоционалното неврство е најмногу неверство кон самиот себеси, предизвиквање сомнежи и понекогаш губење на личноста која подоцна ќе сватиме колку многу ни значи. Физичкото неверство е момент на сраст, при некоја голема кавга враќање за возврат..нешто кое нема големо значење само ако е обично неверство, но ако е измешано со емоции е тогаш е најлошо :sweat:
     
  16. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Ниедно. И двете се еднакво болни. :|
     
  17. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    И тоа и тоа е многу лошо ни едното ни другото не се простува....(според мене)...ни т физичкото не се заборава а ни емоционалното...
     
  18. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    Двете се многу тешки и болни и нормално би ме погодиле ама физичко многу повеќе ако знам дека емоционално ме изневерува т.е. е заљубен ке го оставам на мира нормално не се живее во таква врска, брак зашто двајцата страдаат и секој по својот пат. Ама физично неверство за мене е понижување.
     
  19. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    ни емоционално ни физичко неверство не би простила...
    и двете подеднакво се болни...
    без разлика дали неверството било емоционално или физичко докажува дека јас не сум му била доволна..неверство е неверство! простување - НЕ!
     
  20. bekii

    bekii Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    53
    Не го сакам ни едното ни другото :^)