1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Емоционално или физичко неверство?

Дискусија во 'Врски' започната од Chocoholic, 9 мај 2011.

  1. Girly90

    Girly90 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    599
    Допаѓања:
    1.104
    Пол:
    Женски
    Eемоционалното неверство е многу поболно. Јас од искуство можам да си зборам многу на оваа тема, затоа што имав двегодишна врска а за сето тоа време во глава ми беше бившиот. значи буквално секоја вечер легнував и станував со него во мислите. Пробав на секаков начин да го засакм дечкото со кој што идев тогаш, затоа што беше предобар, ми удоволуваше и се, ама џабе кога не можеш против срцето. Дури и во сексот го замислував :( Кога ќе се слушнев со бившиот или па кога ќе го видев, значи цееел ден бев насмеана и таква радосна додека со моменталниот ми беше онака навика гледањето и се. Немало никогаш пеперутки повеќе се чувствував ко да сме во брак веќе 15год и онака се механички се прави. Лошо беше што секој ден се слушав и со бившиот, повремено се гледавме ама само онака, неколку пати проба да ме баци и се тргнав зошо стварно не сакав да му наштетам на тој со кој идев. Иако можеби така повеќе ќе го болеше него вака што се измачував и јас и он.

    После 10месеци повторно сум заедно со бившиот. Со тој за кој што патев :D Кога ќе направам споредба меѓу двајцата, оној со кој што идев 2 год можеби е класи над овој со кој што сум сега, ама срцето не бира. Бар сега сум среќна и не само пеперутки туку цела зоолошка градина ми се движи у стомак кога сум со него
     
    На dfsa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.552
    Допаѓања:
    21.650
    Пол:
    Женски
    Емоционалното е полошо.Секој ден ке те гледа во очи а во мислите му е некоја друга ...
     
  3. mmm3

    mmm3 Активен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    11
    Емоционалното дефинитивно...
     
  4. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Кога се зборува за неверство нема математичка пресметка.
    Емоционалното може да премине во физичко,а и физичкото може да премине во емоционално.Во едниот или во другиот случај еден отпаѓа од триаголникот.Љубовната врска ја создаваат двајца.
     
  5. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    „Многу луѓе бараат љубов, подлабока поврзаност што води до вистински чувства, а не само до секс”, вели Сигурд Ведал. „Кој вид неверство е поболно? Тоа навистина зависи од личноста, а можеби и од полот.“ :D
     
  6. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    603
    И двете ми се еднакво одвратни само што по мое, ако партнерот изневерува емотивно е многу поприметливо и треба да си ќор или премногу вљубен за да продолжиш да бидеш дел од една таква квази врска.
    Физичкото.. Јас мислам дека оној кој стварно љуби нема да изневери толку лесно. На денешно време сите знаеме дека е многу тешко да се најде посветен и верен партнер па затоа велам, не сакам да живеам во тој страв ама ако некогаш не дај Боже ми се случи такво неверство од страна на партнерот не би сакала да дознам никогаш за тоа, ако се работи за one night stand секако.. Не дај Боже да е нешто што трае сигурно дека би сакала да знам иако ќе боли, ама ќе преболи, ваљда.

    Прво сакав да напишам, емоционалното води кон физичко неверство ама пак, понекогаш по игра на случај може и физичкото да доведе до емоционално неверство, т.е да се родат чувства.
    Така да, подеднакво ми се одвратни и не дај Боже да се најдам во таква некоја ситуација, посебно во брак оти знам дека тоа би било крајот на врската.
     
  7. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Добро бе од кога ова емоционалново се смета за неверство?!

    Ако некој си праи филм за некој друг, не е неверство се додека тоа е платонско. Може да биде кажано како: пројавување чувства за друг/а или имање страст-но не е неверство.
    Прочитав мислења од типот на: физичкото неверство е момент и само физичка привлечност која брзо поминува и нема никакви чувства, додека емоционалното неверство боли многу повеќе. - Еве јас да ви кажам "емоционално" го варам дечко ми со пола холивуд и таква ороспија сум што тоа го правам често со различни, па со таквото мое искуство на емоционална варалица ете имам да ви кажам и тоа е ради физичка привлечност и ми поминува, се уште го сакам дечко ми. Негирам тврдења дека таканареченото емоционално неверство е љубов невидена. А што она вистинското неверство не е проблем зашо било момент па тој така во афект се лапал или нешто више со некоја? Претходно не ни се свиѓаат тие со кои се муаваме туку се случува така како од на небо падната ситуација а? Од каде тој став дека физичкото неверство е случајно и неповрзано со емоции?
    Ако ставам на вага да ме извара со некоја ради шо бил понесен од моментот,а не му значи ништо и тоа да си праи филмови со Џесика Алба мислам дека не треба ни да пишувам што би го сметала за полошо.
     
    На Priroden и tessie им се допаѓа ова.
  8. Igrata

    Igrata Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2013
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    306
    Пол:
    Машки
    Мислам дека жените кога зборуваат за емоционално неверство, сакаат да кажат отсутност, емоционална далечност од дечкото, што е вистински проблем за многу жени, а не фантазии со Џесика Алба.
     
  9. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    8.315
    Пол:
    Женски
    Aко е за емоционално неверство,значи никој не ми бил верен :rofl: .секако дека жив човек ќе помисли на друга во животот,ќе му се допадне некоја,обично машките нели се вљубуваат физички ;) .Се во ред додека не изневери физички.
    Tака да,за мене најстрашно е комбинација од двете,да изневерува и емоционално и физички.Aма физичко неверство не би простила,тест не простив и тоа е :!: Најголемо понижување е некој да те изневери физички.
    A ако засака друга,пример да ми кажел вака сакам друга,ќе си кажам браво бар има чувства во ова машко,па колку и да ме боли ,би го пуштила да е среќен.
    A не да е некоја неемотивна будала што мисли само на која да и го бутне ,полошо од тоа тешко може да биде.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.584
    Пол:
    Женски
    За мене подеднакво лоши се и двете и не би простила ниту емоционално ниту физичко неверство.
     
  11. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.491
    Допаѓања:
    26.364
    Пол:
    Женски
    за мене и двете подеднакво се лоши не би простила и не би преќутела никако:x
     
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.597
    Допаѓања:
    155.810
    Пол:
    Женски
    Емоционално неверство - некогаш можи да боли и повеќе од физичкото. Под емоционално јас лично сфаќам некој со тебе да биди од корист - колку да не остани сам, сака официјално да биди со една, а зад грб со друга, исто така и ако е отсутен, незаинтересиран. Исто читав мислење под емоционално неверство тој да помислува на друга, на пример. Океј е. Мислам заедно со дечко ми си мањачиме и машки и женски. Мислам нема лошо да кажиш јасно ако некој/а ти е физички привлечне/а.
    Физичко неверство - не боли тоа толку колку што боли тоа што тој/таа тебе не те почитувал/а. Не боли толку што ќе оди со друг/а туку зошто баш се вели - изневерил/а, ти забил/а нож в грб. Сепак, барем према мене, овие двете се комбинирани.
    Се имам и во други теми изјаснато, јас никакво изневерување не простувам. Ако боли - убива се што било убаво. Мислам би можела да простам ама злопамтило сум, при секоја кавга ќе го споменувам дури и да продолжам понатаму, така да подобро крај него на секое јас лично кучка да сум за тоа и да го тропам, а сум рекла дека сум простила.
     
    На Ginger^ му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    @theowndemon и јас многу сакам заедно да зборуваме за други девојки, околу нас.
    Ама само тогаш кога јас сум расположена, сам да иницира таков муабет, не прифаќам.:rofl::rofl:
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  14. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.597
    Допаѓања:
    155.810
    Пол:
    Женски
    @Ginger^ абе не само за девојки, и за момци збораме ние :D
    Е сега небитно кој иницира, пример врви некој/а и ако е исклучително убав/а кој прв забележа ќе си кажи. :$
     
    На Ginger^ му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    ^
    Ако прв прокоментира, не се знае како ќе тече муабетот понатаму...:devil:
    Вака нека си ќути, па на мој знак ...
    Ја палам-ја гасам :D:D:D:D
    Се шегувам. Или па не.:devil:
     
    Последна измена: 3 мај 2016
    На theowndemon и Priroden им се допаѓа ова.
  16. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Еоционалното неверство потешко би го утврдила.Ако знае да си ги скрие чувствата према некоја друга жена, никогаш нема да откријам.
    Физичкото неверство исто тешко се открива.
    Јас неможам да поднесам никакво бидејќи сум посветена на мм и на домот.Многу тешко би ми паднало.
    Нема да простам, сигурна сум.
     
    На crazylady, theowndemon и Ginger^ им се допаѓа ова.
  17. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    ^
    И јас не би. :(
    И двете ми се, шта речи ал не заплакати.:rofl:
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Не дека јас сум китка за мирисање.Да не се правам сега Девица Марија :$...шта је лепо и Богу је драго, впрочем во темана ,,со кого би имале секс денес,, се потепуваме :rofl: слика да ставиме:rofl:..
    Ама во главно сум моногамна и фамилија, брак, верност....многу ми значат.
     
    На theowndemon, Роберт 7 и Ginger^ им се допаѓа ова.
  19. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    ^
    Ти си силна само на устата, шо вика баба ми :rofl::rofl::rofl::rofl:
    Пу,пу не важи за тоа.:)
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Ајде да видиме, кое неверство најмногу боли??:?:

    Многумина велат, посебно женскиот род, дека емоциналното неверство најмногу и најдолго боли..хмм...незнам искрено јас како би одговорила, фала богу не сум била никогаш изневерена(мислам не сум дознала де), нели никогаш не се гарантира за ништо....но ако подразмислам убаво, навистина сознанието дека твојот партнер е заљубен до уши во друга и дека цело време мисли само на таа жена, во кревет те подзаборава, нежностите ги снемува..:?:

    Емоционалнот неверство боли.....се осеќаш отфрлена и запоставена:?:

    Физичкото ќе го преболам побрзо...А Вие, што мислите..:?:
     
    На Роберт 7 му/ѝ се допаѓа ова.