Емпатија

Дискусија во 'Психологија' започната од dan4eeee, 10 април 2014.

  1. dan4eeee

    dan4eeee Активен член

    Се зачлени на:
    9 април 2014
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Што мислите за емпатијата?

    => Емпатија е капацитетот да се препознаат до одреден степен, да се споделуваат чувствата (како што се тагата или среќата), кои се доживуваат од друга личност обдарена со чувства. Некој можеби ќе треба да има одредена количина на емпатијата пред тие да бидат во можност да се чувствуваат сожалување.

    Дали мислите дека можеби поседувате емпатија?
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  2. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    36.055
    Пол:
    Женски
    Не би рекла дека поседувам емпатија.Тоа е особина која е поврзана со нашата емотивна природа.Познавајќи се себе си далеку сум од можноста да споделам моменти односно да сочувствувам со другите.
     
  3. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.791
    Допаѓања:
    157.205
    Пол:
    Женски
    Јас можам многу да сочувстувам со луѓето и до некаде и не ја сакам оваа карактеристика ... Мислам често идам на еден сајт каде слушам проблеми на луѓе и со тоа соживување со нивните проблеми неможам да ислушам повеќе од 2-3 во ден зошто после имам силни психосоматски болки зошто сум се соживеала со нивниот проблем ... *sighs*
     
  4. presiosaP

    presiosaP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    2.207
    уфф и јас многу се соживувам со луѓето...и сакам тоа да го правам сакам да помогнам...
     
  5. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.074
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    Па,се сочувствувам со другите,но не секогаш,најмногу сочувствувам ако слушнам некој да има ист проблем како мојот,тогаш многу убаво знам како се чувствува и ми паѓа тешко.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.364
    Допаѓања:
    77.727
    Пол:
    Женски
    Поседувам и ја сметам за една од моите најдобри карактеристики.
     
    На Elf му/ѝ се допаѓа ова.
  7. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.361
    Пол:
    Женски
    Порано се сочувствував со сите, никој со мене. Епа сега е обратно :devil:
     
    На Petra777 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Love...music

    Love...music Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    1.298
    Пол:
    Женски
    Да поседувам емпатија и воопшто не можам да ги разберам луѓето што сакаат да повредат други луѓе јас едноставно сакам сите да бидат среќни ( и не ми е гајле дали некој мисли дека живеам во бајка или не ) инаку и не живеам во бајка знам каква е реалноста и не е добра.
     
  9. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.048
    Пол:
    Женски
    До некаде да, до некаде и не. За ептен блиски премногу , ама за поддалечни гледам да е на миниму. Некако се поставував себично ,заради мое здравје.
    Си викам ја да сум утре на нивно место , да не ми се тресат ко ја нив. Гледам да го доведам во граница на нормала ,шкоди на здравје деф !
     
  10. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Од психолошки аспект, емпатијата претставува искуство каде имаш можност да ја разбереш состојбата на друга личност преку неговата перспектива. Се замислуваме како би ни било во негови чевли и го чувствуваме она што и личноста го чувствува. Јас главно се сложувам со психологот Мартин Хофман кој тврди дека секоја личност е вродена со капацитетот да чувствува емпатија но дури и во ова тврдење постојат одредени недостатоци.
    На пример, кај психопатијата, некои психопати се во можност да ги детектираат емоциите на другите со таква теорија на умот и да имитираат и да се грижат и за пријателите на убедлив начин, често во обид да ги искористат другите. Додека некои психопати можат да го откријат она што другите го чувствуваат, тие не доживуваат никакви емоции или реципрочни симпатии.
    Или емпатијата за некои може да се сфати и како чувствување на задоволство кога некој друг страда, односно со други зборови, станува збор за злорадост и садизам.

    Од мое лично искуство, често гледам за себе и не се замарам многу со туѓи проблеми. Наместо тоа, се фокусирам на моите проблеми. Од ова можам да кажам дека и не поседувам некој способност за емпатија ...
     
    На Sar-Ste му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.097
    Допаѓања:
    163.512
    Пол:
    Женски
    Емпатична личност сум сè повеќе и повеќе, дури и премногу...
    Се растажувам кога читам за природни непогоди/терористички напади/војни, ме погодува кога ќе слушнам за болни и сиромашни луѓе, за самоубиства, трагедии, дискриминации, физичко и психичко насилство...
    И колку што сочувствувам за сите овие појави и ценам други луѓе со оваа вредност - емпатија, толку и ме згрозува и ужаснува недостатокот на истата кај други, затоа знам најчесто и да избувнам и да се разочарам во луѓе.
     
    На boomsleng, teaiva, Purplelilac и 8 други им се допаѓа ова.
  12. VictoriaSan

    VictoriaSan Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2014
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    943
    Пол:
    Женски
    Јас не знам дали сум емпатична личност или пак пречувствителна ама на моменти премногу се соживувам со другите. Порано не ме погодуваа толку некои работи како сега.

    На пример пред некој ден чекам ред во маркет а пред мене беше едно девојче и цело време беше насмеана. Плати и си замина, пред мене имаше уште во редицата и случајно се загледав во девојчето додека си одеше. Не можеше да оди убаво, малку накривнуваше. Изгледа едната нога и беше подолга од другата и сега јас ја гледам и си мислам загреота. Кој знае како се чувстува. И почувстував некоја внатрешна болка не знам како да опишам точно. Како јас да сум на нејзино место. Не знам зошто се натажив кога девојчето изгледаше толку среќно.

    Друга случка исто пред некој ден. Бев во аптека и преку стаклото гледам поминува девојка во инвалидска количка. Си помислив кој знае што ли и се случило, толку млада а неподвижна. Потоа влегов во една продавница и како што разгледувам ја гледам девојката пред мене. Купуваше и една од продавачките цело време и помагаше. Едно време ја слушам како кажува сакам и други работи да купам ама немам пари сега ќе се вратам друг ден. Не знам зошто ама ми дојде да заплачам. Потоа неколку часа се чувстував некако чудно. Не ја ни познавам девојката, а притоа се движеше сама со количката (Електрична или како и да се викаат тие на копче) + тоа изгледаше среќно и покрај се. Тогаш зошто сум јас тажна заради неа??

    Овие 2 случки ми се најнови. А има вакви мноооогу. Се случува некој понекогаш да кажува како имал некоја несреќа порано, пр. скршена рака, нога или било каква друга несреќа јас не можам да слушам зошто на себе ја чувствувам таа болка иако веќе не постои. И порано ми било жал кога на некој нешто му се случило или му се случува, ама траело тогаш во моментот кога сум го дознала и за неколку минути (или саати ,max денови ) поминувало. Зависи колку ми значела личноста. А сега, за странци буквално за странци што прв пат ги среќавам на улица јас чувстувам болка и тага. И ова воопшто не ми се допаѓа. Не влијае добро на мене не знам како да се ослободам од ова чувство. Понекогаш е толку интензивно тоа соживување што ми доаѓа да плачам.
     
    На CameliaMiller и Sar-Ste им се допаѓа ова.
  13. martovsko cveke

    martovsko cveke Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2017
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    258
    Пол:
    Женски
    Емпатија _кога се соживуваме со ситуации или настани кои им се случуваат на другите,дали тага или радост,со еден збор сочувство со другите.Позитивна особина гледано од страна но штетно за оној кој ја поседува,соживувањеето исцрпува и сила и енергија на оној кој ја поседува.
    Многу е убаво да се најде човек кој ке те ислуша ,полн со сочувство и разбирање,и со кукањето и жалењето сета негативна енергија раскажувачот му ја пренесува на слушателот,кога е свесно,и несвесно кога едноставно се сожалуваме на некоја глетка ,без да ни е тоа наметнато.....како и да е го чувствувам тоа на своја кожа секој ден,работа со луге,секој сака да ја раскаже својата несрекна приказна,своите болки,со тоа му олеснува но при тоа јас се чувствувам како издишан балон и едноставно немам енергија да си ги завршам своите обврски,сум се нашла во ситуЦии да плачам иако раскажувачот е мртов ладен,и после цел ден да ми се врти во мислите приказната,и да барам начин да и помогнам на особата да си го реши проблемот.
    Многу сакам да сум поинаква но едноставно секој е таков каков е генетски скроен...ама поладните личности подобро поминуваатво животот дефинитивно
     
    На Purplelilac му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.127
    Пол:
    Женски
    Емпатија .. комплицирана тема . Најчесто не сум емпатична освен за луѓето што ми значат а тие може да се избројат на една рака. Никогаш не ми е жал кога ќе слушнам/видам за некоја случка за луѓе кој се во тешка ситуација , едноставно не ме погодува тоа и не можам да глумам доброќа, ќе излажам ако кажам дека ми е жал за бездомници или роми што просат .Пред некој ден ми кажа другар за некој што се самоубил и као му е жал не знам што ,воопшто не осетив ни жал ни ништо. Едноставно не ни верувам дека има луѓе што имаат Ематија мислам дека само глумат а искрена и чиста емпатија тешко.
     
    На CarrieBradshow му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Elf

    Elf Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2019
    Пораки:
    563
    Допаѓања:
    2.122
    Пол:
    Женски
    Па немора да значи дека сите се глумци во животов ..и дека се бездушни.

    Апсолутно сум емпатична личност и благодарна сум што можам да чувствувам.
    Секако неможе секој да има емоционална интелегенција тоа е.. меѓутоа сметам дека е човечки да помогнеш и да се сочувствуваш со туѓа емоција и мака! :)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.127
    Пол:
    Женски
    Едноставно ми е несфатливо и тешко да поверувам дека некоја личност толку се сочувствува со другите а емпатија на моменти не е емпатија :) . Едноставно не можам да разберам зошто да се сочувствувам со туѓинец? Тешко ми е да разберам едноставно се трудам ама еве не можам да разберам .
     
  17. Elf

    Elf Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2019
    Пораки:
    563
    Допаѓања:
    2.122
    Пол:
    Женски
    Различни луѓе има..ништо чудно.

    А јас па неможам да ги разберам тие што ништо не чувствуваат..
    Да видиш мало детенце, гладно, босо ,и до толку да не ти падне жал да си речеш ту сирото душа па да му подадеш лебче да му купиш нешто оти нели ќе осиромашиш ќе ти падне раката ако му подадеш нешто...
    Е јас ТИЕ луѓе неможам да ги разберам АМА ич?
    Се прашувам толку ли се замрзнати и дотолку ли немаат душа??

    Амааа тоа е секакви не има :)
     
    На teaiva и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  18. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.078
    Допаѓања:
    6.645
    Пол:
    Женски
    До некој степен да
     
  19. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.127
    Пол:
    Женски
    Многу пати сум гледала низ центар голи боси роми и воопшто не ми паднало жал , зошто да ми биде?
    Не дека немам емоции јас секако дека се сочувствувам понекогаш со моите најблиски ,но едноставно за другите не можам не ме погодуваат теми од самоубиство или глад во светот или сиромаштија или некој такви други слични работи . Едноставно не можам да се сочувствувам но тоа не значи дека сум лоша личност.
     
  20. Elf

    Elf Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2019
    Пораки:
    563
    Допаѓања:
    2.122
    Пол:
    Женски
    Се дур не повредуваш други луѓе со цел за да се издигнеш себеси ...не си лоша :D
     
    Последна измена: 10 април 2020