1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Емпатија

Дискусија во 'Психологија' започната од dan4eeee, 10 април 2014.

  1. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.867
    Би рекла дека сум емпатична личност, но не постојано, за секоја ситница. Колку е поголема препреката што личноста ја надминала/треба да ја надмине, колку повеќе сум запознаена со нејзината приказна и колку повеќе се гледаат последиците од истата, толку поголемо ми е сочувствувањето со неа. Парадоксалното е тоа што колку помалку ја познавам личноста, толку повеќе сочувствувам со неа. Претпоставувам дека е така поради тоа што непознатата личност ја идеализирам како безгрешно битие, додека на онаа која ја познавам подобро ѝ ги знам нејзините мани и грешките кон кои е склона, па некогаш ги земам како причина за самопредизвикување на несреќа.

    Сум го чувствувала и повремено го чувствувам и она што @VictoriaSan го напишала. Моето објаснување за таквите ситуации (кај луѓе што имаат потешкотии, но се среќни) е емпатијата на среќа, односно самата помисла низ што сè требало да помине таа личност за да го постигне тоа ниво на среќа, како и постоењето на чувството на олеснување и гордост што следи после тоа. Таквиот нагон за плачење би го изедначила со нагонот за плачење што го добиваме при сопствена голема среќа.

    Што се однесува до емпатијата на несреќа која, барем за мене, е далеку почеста, изразот на лицето на личноста навистина ме погодува, особено нејзиниот поглед; знам дека звучи клише, но се чувствувам како цела душа да можам да ѝ ја погледнам, како да ја гледам длабочината на нејзината тага. Исто, многу ме погодува кога гледам дека некој се мачи, но сè издржува молчешкум, без да побара нешто и без да се жали, кога ја држи целата несреќа во себе.

    Исто како и @Someonespecial, ме погодува и разочарува неемпатијата кај другите, а не ми се допаѓа ни циничноста на луѓето кога се работи за вакви работи. Се научив да ги прифаќам за банални работи, но кога се работи за посериозни работи, не можам да се помирам со тоа како некој може да е рамнодушен.
     
    Последна измена: 10 април 2020
    На boomsleng, teaiva, Purplelilac и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Знам дека сум емпатична, бидејќи не само што го забележав самата туку ми го има потврдено и стручно лице.

    Уште од малечка сочувствував со сите, почнувајќи од најблиските па до лица кои ги имало на тв екраните.
    Со денови во мисли ги премотував приказните кои беа причина за нечија тага и отсекогаш бев лута на тоа што сме немоќни пред одредени животни удари.
    Не ја сакав неправдата која ја нанесува овој пат кој го изодуваме сите, не ја сакав реалноста кога беше како поле во кое колку и да внимаваш ќе нагазиш на трн или пак ќе бидеш сведок како некој друг е повреден и ја чувствуваш болката како да е твоја.

    Меѓутоа истата беше нож со две острици.
    За мене беше сочувствување со другите, па дури и кога тие те газат.
    Емпатија и кревка самодоверба, одлично комбо за катастрофа во која најмногу од сè пропаѓав самата.
    А затоа пак додека за себе бев кротко јагне пред оние кои ме уриваа, за оние кои ми значеа и оние кои беа „послаби“ бев бунтовничка која не умееше да премолчи пред егата кои се хранеа со нивната ранливост.

    Не се каам што бев таа личност, но попатно научив дека за себе сум најлоша.
    Сега се трудам барем малку да внимавам и на себе.
    Не сакам целосно да ја елиминирам емпатијата, но сакам да останам во допир и со сопствените потреби и пред сè секогаш да ги имам во предвид минатите искуства.
    Да не сочувствувам значи да одам против себе, но се учам да го стишувам напливот на емоции, затоа што интензитетот е она што повредува до срж.
     
    На KittyAgnes, Someonespecial, teaiva и 5 други им се допаѓа ова.
  3. teaiva

    teaiva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    524
    Eмпатична сум многу, тоа дури емоционално ме исцрпува до тој степен да се чувствувам како јас да сум ги доживеала нештата.
    Ме погодуваат туѓи несреќи,за било кој да се работи,од срце сеќе радувам за туѓи успеси ,среќни ситуации.Плачам на тешки ситуаци и настани што на вести ги гледам.Посебно ме погодува кога се работи за деца,детски плач кога ке чујам мене ми е болно.
    Плачам на филмови,на свадби,знам у јавност да заплачам доколку видам немил насран ,се трудам да се воздржам но солзите сами си течат.Жал ми е и за луѓе кои ме повредиле многу ,во момемтот на лутина ке кажам се ,потоа да се создаде монент да им вратам за нештото што ми го направиле јас немам срце а им вратам,не им посакувам лошо и да чујам лошо им се случило пак ке ми биди жал.Маж ми ми вика не ми е јасно зошто се соживуваш со се и ги жалиш сите,што мислиш некој те жали тебе?Јас знам дека е така но емоциите ми се посилни од се.И многу пати ке ми рече,да ти кажам нешто,ама знам ке плачиш ај да не ти кажувам поарно плачка си.
    Се трудам да се сменам ,но со годиниве научив само да сум полоша ,да возвратам варбално во ситуации кога сум нападната,за разлика од пред тоа ,но емоатијата никако да ја намалам.
     
  4. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.508
    Допаѓања:
    17.518
    Пол:
    Женски
    Супер е емпатијата, кога не е експонирана за да се добие нешто, макар било тоа и признание.
    А веќе е тренд, па ако некогаш нешто не допре до тебе, одма ти не сочуствуваш, не знаеш ништо како е, колку е тешко итн. И бидејќи општеството сака да е во тренд, секој се декларира како "емпатичен", реалноста на страна.

    И таа како и сите други чуства спаѓаат во емоционална интелегенција, и се развива од најмала возраст. Ако некој е воспитуван да гледа само за себе, тоа ќе го води понатаму. Отстапките ќе бидат само во сплет на околности под влијание на надворешни фактори.

    Јас немам проблем да влезам во чевлите на некој друг, отворена сум и сакам да гледам од различни перспективи на работите, ама не е правило кога комуницирам. Не секој сака да му влезат во чевлите, исто како што и јас не секогаш сакам да го направам тоа.
    И обратно, не сакам паметувања.
    Плус, секој според заслугата. Не се расфрлам со совети и мислења ако некој не ги побара, освен со одбрани личности.

    Бидејќи емпатија е и да не покажеш сочуство.

    Секави "лигави" персони во денешно време се вадат на емпатија за многу работи, па нема да е лошо да погледант у речник и да го редефинираат поимот.
     
  5. Regina.Phalange

    Regina.Phalange Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2020
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    1.427
    Пол:
    Женски


    Видеово секогаш го пуштаат на тренинзи кога сме учеле за емпатија. Првпат кога слушнав, си викам нема шанси. Јас можам да дадам совет како да излезеш од ситуацијата, да понудам решение, тешко ми беше емоционално да се поврзам со луѓе, дури и за ситуација во која и јас сум се нашла.

    Сега би рекла дека сум подобра, но не ми оди од рака. Морам активно да се фокусирам да не го решам проблемот, да бидам поддршка и рамо за плачење се додека не прашаат за мое мислење.
    Мислам дека секој може да има емпатија, али на некого му е полесно од друг.
     
    На plavu6a му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.844
    Допаѓања:
    48.422
    Пол:
    Женски
    Ракче сум, поседувам голема доза на емпатија.Додуша порано беше голема, можев да се ставам во сечија кожа, можев да плачам со друг, може да решавав туѓ проблем како свој, можев да се радувам на туѓата среќа како да е моја.
    Сега маалце сум подоладена затоа што сфатив дека тоа не се цени и дека голем дел од времето џабе сум го правела тоа.
    А ако ми е некој ептен близок цела енергија можам да ја примам и да се осетам како него.
    Ако моја најдобра другаела била тажна или изнервирана сум се осеќала и ја така.Само по себе ми доаѓало.
     
    На Watermelon96 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.847
    Допаѓања:
    11.722
    Пол:
    Женски
    Сум емпатична, ама не покажувам. Човек можам да го сетам уште пред да се разминам. Сите носиме тежини..кој повеќе, кој помалце.
     
    На hermosa, mode-kristina и Stark им се допаѓа ова.
  8. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Се сметам себе за емпатична личност, иако тоа најчесто и не го покажувам. Баш како што опиша @eliesaab. Добро ги разбирам туѓите емоции, толерантна сум и можам да се ставам во кожата на другиот, но однадвор делувам ладнокрвно дури и да ми се плаче... Затоа, наместо емпатична, често добивам етикета бесчувствителна, иако тоа не може да е подалеку од вистината.
     
    На cresa-jagoda, poenta и eliesaab им се допаѓа ова.
  9. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.557
    Допаѓања:
    38.601
    Пол:
    Женски
    Јас сама не можам да се разберам дали сум емпатична, најсериозно.
    За луѓе што се бројат на една рака сум, секогаш, ама за најголемиот број на други луѓе не баш?
    Всушност, некогаш кога ќе слушнам за нечија туѓа несреќа или лош период знам и со денови да мислам на таа личност иако не ми е некој близок, значи некои работи можат многу да ме погодат.А друг пат, знам да слушнам за туѓи проблеми и воопшто да немам разбирање и да не ми е жал.Мислам дека често ми фали сочувство и сожалување за положбата на другите, иако добро ги разбирам емоциите и знам да оценам нечија емотивна состојба.
     
  10. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.641
    Допаѓања:
    2.417
    Пол:
    Женски
    Јас сум многу емпатична и тоа е лошо во денешно време. Зашто има личности кои тоа го злоупотребуваат. Гледам јас да се променам и да не бидам емпатична иако тешко оди, ама еве се трудам.
     
    На Elf му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.062
    Допаѓања:
    137.202
    Емпатична сум, и стеќна сим што е така. Мислам дека е убава карактеристика. Ме радува што во поновите генерации емпатијата се враќа како вредност. Луѓе сме, треба животот да го темелиме на принципи како солидарност и емпатија.
     
    На Elf му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Limpan

    Limpan Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2020
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    3.656
    Пол:
    Женски
    Поседувам емпатија се соживувам со луѓето ептен многу,може постојано за нивниот проблем да размислувам со денови..
     
  13. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.208
    Пол:
    Женски
    Оние што редовно самите се фалат колку имаат емпатија за разлика од другите, се најлошата сорта.
    Тие се се обратно од емпатични,
    ним им е важно само како ќе изгледаат во очите на останатите, ништо повеќе.
     
    На Cosmic Girl и Angie1432 им се допаѓа ова.
  14. Anah

    Anah Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    634
    Допаѓања:
    1.379
    Пол:
    Женски
    Емпатијата сама по себе не не' прави подобри личности, можноста да сочуствуваш е комплементарна со интелектот, едно без друго нема поента.

    За да разбереш некого целосно мора да имаш и знаење за состојбата во која се наоѓа а потоа и мотив во пракса да му помогнеш.
     
    На Beautiful Dreams му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Beautiful Dreams

    Beautiful Dreams Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2022
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    1.931
    Пол:
    Женски
    Многу сум емпатична,иако не ја сакам оваа особина кај мене.Сепак понекогаш е добро да сочувствувам.
    Еднаш расплакав дете поради што бев лута на некој друг.
     
  16. tel-ef

    tel-ef Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Женски
    Премногу се замарав за другите и премногу време губев како да им помогнам, ги дружев со часови за на крај да ме отфрлат како ништо.
    Кога никој не ми е поддршка кога ми е тешко, не сака да разговара со мене, нема ни јас да се замарам за некој си ни 2%.
    Само моите родители ми се поддршка во сѐ, но за жал никогаш не сум покажала емпатија спрема нив. ;( Само кон погрешни луѓе сум била премногу емпатична.
     
  17. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.721
    Пол:
    Женски
    Емпатична сум многу што некогаш ми влијае многу негативно.
     
  18. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.079
    Допаѓања:
    6.145
    Пол:
    Женски
    Не осеќам.
     
  19. Mantisa

    Mantisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2019
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    85
    Пол:
    Женски
    Porano da. Otkako vidov deka se trosam za dzabe -ne
     
  20. Bebica18

    Bebica18 Нов член

    Се зачлени на:
    11 март 2023
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Dali spagja vo pregolema empatija, mislata za pocinata licnost, i razmisluvajeto za nea deka ako sme ja znaele porano, mozebi nemalo toa da se desii..sovet dva pati u zivot mi se deshava se plasam veke najnirmalna sum si sv3 19 godinii...amaaa me cudi ovaaa veke 3 dena trae