И јас се пронајдов во темава До пред нешто повеќе од една година се беше ок, си излегував со другарките, ама откако се разделивме во средно тие си најдоа нови друштва. А јас излегувам се поретко(со некои другарки од клас) но сепак не е тоа тоа Ако е некој за дружење нека каже
добро бре девојко тек поЧнуваш со животот, цел живот е пред тебе алоо? како така самоубиство, тоа го прават ненормални луге немој, немој да си го уништуваш за џабе животот, пробај да разговараш со мајкати, кажи и што те маЧи, да знаеш дека само таа ти е единствената другарка. проЧитај го погорниот пост од мене, ти дадов совет, еве и другиве девојки ти дадоа, поЧни да размислуваш позитивно.
Имам една познаничка од основно но се разделивме (и таа остана без друштво). Ќе пробам да ја викнам на кафе и да излеземе некаде. Инаку имам 2 другарки во другиот град кој во муабет рекоа дека поддржуваат геј паради и слично, ќе им кажам дека сум лезбејка. Морам да се отворам малку, не е во ред оваа затвореност и се да чувам во себе (бидејки се осекам како да експлодирам).
Немој да бидиш себична и толко негативно настроена.Не е здраво да паѓаш во вакви агонии уште од 15 години.Ете ќе одиш во интернат,дружба,журки тек идат.Па и јас не го сакам градот,менталитетот а најмалку луѓето,зборуваат,хејтат па ајде сега да се самоубијам?Немие јасно зошто се замараш со минатите работи неможеш бе да се вратиш,се десило биди посилна премини преку тоа.Прочитај некоја книга,едуцирај се образовајсе,имај амбиции во животот не се замарај со малограѓанштво главата горе зацртај си дека никој не познаваш,ако некој е фин-врати му и така иде тоа.Иако мислам дека не е најдобро решение да го напуштиш градот туку да се соочиш со вистината,да се пронајдиш(колку е тоа можно на 15 год. незнам) но ти си ја познаваш твојата сила најдобро.
Реков тоа немам намера да го правам. Инаку и јас си давам совет сама на себе да сум поотворена и да не ми е толку грижа што ќе кажат другите. Планирав и да им се отворам на 2 другарки за мене (еднаш во разговор рекоа дека немаат ништо против геј). А можеби и познаваат, мене ми се шире познанства
И јас се најдов во слична ситуација мината година. До некаде излегував со дечко но потоа раскинавме. Другарка ми од детствово, што ја знам од раѓање 16 години заедно почна да излегува со нејзиното друштво а договорот беше заедно ќе излегуваме. Неколкупати им се вметнував во нивното друштво и на крај баталив. Си започнав нова шема летово со другарка ми што учи со мене и што многу ја ценам. Но таа излегуваше на места каде што ја не ги обожавав така да еднаш излеговме ме запозна со еден нејзин другар и неговото друштво ја се зближив многу со него ми стана како брат и сега се ми е ок излегуваме сите заедно баш во моите локали хх
Доколку си сингл не е страшна работа, но доколку си без другарки... тогаш мислам дека ти си таа што треба да попушти
Го имам поделено своето мислење со вас околу оваа тема. Многу добро ве сфаќам низ што поминувате, бидејќи и јас го поминав истото и уште го немам преживеано тој период како што треба. Можете да ми пишете ЛП ако можам некако да ви помогнам ќе ви помогнам ако сте за дружење уште поубаво. Многу сакам да запознавам нови луѓе. И да сте од мојот град и да не сте не е важно сепак можеме да се дружиме и ќе ми биде мило да ве запознаам со моето друштво ако сте од Штип
Ех... а јас напротив малце барам слободно време да си го посветам на себе си..Уствари јас во минатото имав доста тежок живот.. Сум сменила повеќе од 30 друштва значи од бубалици, шмизли, наркомани и се се што може да постои (добро барем еден малечок дел) Значи тие друштва ме третирале исто така на разни начини и поради одредени причини сум ги губела.. Сега имам две другарки кои апсолутно не сакаат ни да се отворат пред мене да се искажат.. ниту да се забавуваат на некој по хард кор начин онака да откачиме да правиме лудории -.- само по дискотеки излегуваме и тоа е тоа! Тажно нели? ама сепак имам момче кое сака цеееееееелото време што го имам да го посветувам на него па кога ќе размислам по цели денови по школи по теретани по кафичи дома доаѓам преморена ќе читам до доцна и утрото станувам како го*но и никогаш не наоѓам време за себе си.. фризурата секогаш нормална никогаш неможам да направам нешто со неа, ноктите ееедвај 1 во месецот на корекција кога ќе одам, за шопингот ми е најмногу жал.. но тоа е животот еднаш имаш друг пат немаш а сепак се ни е убаво. И еден ден ќе си спомнуваш... Ееее кога немав другарки само една кратка фаза од тинејџерскиот живот, но и понатаму се случува, и сепак е преодна нели?
Сами сте си криви, и заслужувате да сте сами. Форевер алоун левел 3000. Кога ќе се научи во животот да се применува хиерархијата на личности водени по важност, кога ќе се научи да се одржува балансот на односите кои се и те како битни, и кога ќе се научи да се цени и почитува, а не само да се ‘користи‘, тогаш не би дошло до ваква ситуација. Не разбирам како е можно еден дјечак кој што да, можеби е од вашите сништа, кој ви се појавува во можеби вистинското време, да ве опседне до тој степен да запоставувате све од страна. Или пак, да оставате на страна. Не се води сметка за луѓето кои навистина вредат, не се одредуваат приоритетите, се живее површно, играјќи на таа карта ‘Убаво ми е... бе па...‘ Ако е убаво, не значи дека е правилно... да се изгуби пријател, заради момче, кој што како што дошол, така и ќе си отиде од приказната. Јас навистина кога сум во таков период, можеби и настојувам повеќе да се гледам со останатите луѓе што ги сакам, отколку кога не сум као заљубена. Ако треба да изгубам пријател, ќе изгубам заради лична и интимна причина, а не поради времето што не сум можела да му го посветам, поради некој, као небитен.
До оваа ситуација се доаѓа кога фаќате дечко, па другарките веќе не постојат за вас. Едноставно - немате време за нив. Се` што договарате е меѓу вас и дечкото. И на крај, кога приказната завршила, очекувате другарките да ве прегрнат??? Ова го пишувам од искуство на мои другарки, кои кога фатија дечковци, ние останатите не постоевме за нив. Беа влезени во филм со дечковците и нивните другари. Ама на крај останаа сами со прстот в уста. Будала ли сум била јас, што со дечкото ќе се искарав за да излезам со нив, а тие кога беа во врска не можеа ниту една слушалка да кренат!? Најглупаво оправдание е да речете дека немате време за другарките. А, зошто потоа очекувате тие да имаат време за вас??
И јас имав само една другарка, од класот. Со неа секогаш бевме многу блиски секогаш се поддржувавме, секогаш бевме заедно... Но девојчево има и друго друштво во кое девјките се малку поголеми од нас, но таа се дружи со нив од најмала возраст, па си се дружат многу... Е проблемот е што таа најчесто е со нив, само со нив излегува, а јас сум и само за на училиште. Понекогаш излегуваме но ретко Таа беше праведна, повеќе пати се обиде да ме зближи со нив, но едноставно тие не ме сакаат Велат доволно биле во друштвото (иначе се 4 девојчиња) и летото се договориле да не примаат никој повеќе во друштвото Таа нон-стоп е со нив, со мене е само на училиште, но задоволна бев и со тоа - со оглед на тоа дека немам други другарки. Но сега некако ми е чудна Како да ме одбегнува. За се што ке и кажам ми вика само БРАВО Ја прашав што и е и ми вика ништо бе, ништо, а јас гледам како се оддалечува од мене Немам други другарки, никогаш ни не сум имала некое друштво, од секогаш бевме јас и таа, но сега веќе неможам! Сакам да се дружам! Сакам да имам другарки!!!
^^^ верувај времето си го прави своето. Од времето кога ја отворив оваа тема до сега мина една година и нешто... Чекав, бев повеке отворена кон луѓето што ги срекавав со текот на времето. Имаше тешки моменти не велам,не . Но времето мина, и го донесе она што си беше мое. Со другарка ми што има дечко се дружиме почесто не ми смета ниту дечко и напротив сега од како почнавме на фак. наидовме на нови личности, сега имам колешки и се дружиме заедно. Не сме многу но доволно колку да можеме да се дружиме и исполнуваме времето, дружбите се ретки но затоа повеке ги ценам. Почекај гледам во информациите ти пишува дека си 14 години, верувај ќе дојде времето кога ке си викаш Ухх ми треба малку време за самата себе си, сама да бидам и да здивнам од излегувања и друштва Доколку ти треба некој за разговор, совет колку можам овде сум ке помогнам пиши во лп
Кендиииии мило ми е за тебе Се надевам и ова моево ке помине Јас се шекнав до тој степен што почнав во темава patuvanja-i-odmori/ohrid-t6661/ феминки-охриѓанки да барам Можда ке се најде некоја Ма ајде, оптимист сум, ке помине и ова
Eve da ti kaжam deka ne treba da baraш feminki za prijatelki od Ohrid na forumov moжeш od site gradovi da si najdeш i ubavo da si se druжiш ama toe sekako samo preku kom. Ama тебе ти требаат пријателки за вистинско дружење ! така? ете и керка ми нем во комшии другатки за излегување па си најде други другарки од деруги делови на градот !И Јас сум од Охрид . Сега незнам дали си средно или си уште во основно ? Како прво ке си најдеш кекоја занимација пр. спорот или членување во младински совет или во црвен крст она што тебе те привлекува и таму ке се сретнеш со многу млади кои имаат исти интереси како твоите и така ке си најдеш другарки ! Послушај ме на мојата керка бидејки не е некој спортист интересот за друженје го најде во младински совет и одтаму сега си има многу другарки и плус кога отиде во средно таму си стекна многу другарки што небеше случај во основно ! Сега таа е задоволна од друштвото ! п.с. ти си9 млада секогаш за секого има барем по еден добар пријател , а некогаш и повеке !
јас на тие години премногу се дружев и нонстоп бев со некој бев во повеке друштва со сите се дружев и се најнормално некој ден седни и питај се што ти фали а кога ке откриеш поправи се и гледај во иднината а не збори многу за минатото
Мислам дека секој треба да се стави самиот себе пред социјалниот живот, зашто тој речиси не гарантира ништо, за среќа и долг живот. Големо друштво не е синоним за забава додека ти не се чувствуваш убаво и никој од тебе не бара, затоа немој ни ти, да носиш изнасилена насмевка и да бидеш весела пчелка од цветче на цветче да шириш љубов, за да даде плод. Тоа треба да се прави зошто самото постоење го налага тоа. Најмалку пак подразбира другарство зашто можеш да имаш само еден, најмногу двајца вистински пријатели со кои можеш да се осеќаш исполнето и чувството да е заемно, на кој се можеш да му раскажеш до подробности па со часови да ги анализирате истите. Ми вана парти? Партаџии еден куп, но за радости и таги една и единствена и фала и. А ако проблемот е само за излегување, не можам да помогнам, секој со неговата дефиниција за излегување, а мене универзалната не ми се допаѓа. Доколку пак проблемот е во приспособувањето пак, кој го бара тоа од вас, м? Јас ова никогаш нема да го укопчам зашто се научив да не остапувам од самата себе макар и да останам сама. А животот пред нас, мигови и личности еден куп ако знаеме да ги препознаеме. Мене па ме нервираат оние кои не можат без друштво, абе чинеш смак света ако останат сами и ако треба порано да си одат дома.
пред неколку месеци пишував како останав без најдобрите другарки...всушност тие и не ми биле некакви другарки ги оставив на страна и тргнав во потрага шала на страна, си најдов ново супер друштво..не живееме баш блиску едни до други, ама си се дружиме и излегуваме заедно сакав да кажам, не се разочарувајте..секогаш после темниот тунел има светлина
сингал сум а и немам другарки фала богу си ја имам мојата поголема сестра па се надевам дека у 1-ва год.ке најдам другарки кој ке излагаат у град а не само фб. и дечкото