Бидејќи има две постари и поопшти теми за ендометриоза, овде би можеле да зборуваме за промените во животниот стил, кои може да ги ублажат симптомите и воспалението. Убаво е да споделуваме неделно мени или било какви планови на исхрана што ќе мотивираат други. Може видеа за кревање свест за состојбата. Може планови за вежбање и совети како да останеме посветени. И конечно, може да се пожалиме дека неиздржливо боли без никој да ни рече дека претеруваме, дека е само мензис или овулација, и дека сите други жени минуваат низ тоа. Спојлер Може ќе си останам сама да си лепам неделни планови на исхрана и вежбање, ама не е важно. Ќе си се мотивирам сама себе.
Извор (пдф): https://www.slucare.edu/ob-gyn/center-for-endometriosis/endometriosis-diet-booklet.pdf @flower_88
Ме интересира, како се справувате со оваа дијагноза? Што ви е препишано од лекар, а што дополнително внесувате?
Мене ништо посебно не ми препишаа кога добив дефинитивна дијагноза на проширена ендометриоза, веројатно затоа што се обидував за бременост. Инаку да, често даваат контрацептиви. Секој случај е различен. Со исхрана и вежби до негде станува полесно, ама треба дисциплина и не е целосно решение. Лично, забележав дека напорни вежби воопшто не ми одговараат. Преголем замор осеќам, до онесвестување, и менструациите ми биле уште поболни. Умерено кардио, јога, лесно трчање, тоа. Ама пак, секој случај е различен. Исхрана од прилика ко во пирамидата погоре.