Енергетска криза

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Mateo mark, 19 ноември 2021.

  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.594
    Допаѓања:
    140.249
    https://irl.mk/kako-koruptsiata-i-a...-partite-a-sprovedoa-energetskata-katastrofa/

    Анализа зошто сите се во криза а северџанија у дупка од која нема излез. Неспособни се од прв до последен.

    Додека Македонија очајнички бара јаглен и мазут за да ја скрпи зимата, оваа недела се набавила увозна струја по рекордни цени од по 325 евра по мегават час, податок којшто ЕСМ го сокри од јавноста. ИРЛ открива како и институциите и партиите знаеле што ја чека државата во пресрет на светската енергетската криза, но наместо да се грижат за потенцијалните социјални немири и загрозениот животен стандард, тие премолчеле и излажале затоа што локалните избори биле приоритет. Ако институциите биле незналици, одредени фирми биле пророци, па во летото кога почнува кризата се регистрираат нови компании кои веќе дебело печалат од македонската енергетска пропаст.“

    Клучни наоди

    • Институциите знаеле за кризата која што следува уште во април, надлежниот директор од МЕПСО побарал итни интервенции и кризен план уште во јули, но никој не го слушал. Кризата се сокрила за јавноста да не биде вознемирувана пред престојните избори.
    • Освен Владата, сите парламентарни политички партии биле свесни дека не очекува енергетска криза, но тоа никој не го дискутирал во релевантните партиски енергетски, економски и социјални совети затоа што „имало избори“
    • Додека Македонија очајнички бара јаглен и мазут за да ја скрпи зимата, оваа недела се набавува увозна струја по рекордни цени од по 325 евра по мегават час.
    • ЕСМ престана да ги објавува дневните извештаи за купената електрична енергија која константно недостасуваше во системот изминатиот месец, иако тоа е нивна законска обврска.
    • Причина за ова се постојаните испади и дефекти во РЕК Битола, темелот на македонскиот енергетски систем кој учествува со околу 70 проценти од вкупното домашно производство на струја.
    • ИРЛ открива дека причините се многу подлабоки и вклучуваат корупција и промашени инвестиции кои чинеле стотици милиони евра, а Македонија и покрај тоа останала без струја.
    • Ако се оствареле сите партиски ветувања дадени на изборите само во минатите две децении, Македонија ќе изградела модерни капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори да ја снабдува цела Југоистична Европа.
     
    На Tanjamm, cresa-jagoda и orevokrsacka им се допаѓа ова.
  2. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    АД „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) воведува мерки на штедење со цел намалување на трошоците во услови на енергетска криза.

    Како што наведуваат од компанијата, во тек е постапка на утврдување работни места што не се неопходни за производството на електрична енергија во одреден временски период.

    „Извршителите на утврдените работни места ќе бидат упатени на принуден одмор не подолг од три месеци во согласност со Законот за работните односи, со исплата на 70 % од платата“, се наведува во соопштението.

    Во него се објаснува дека мерките се насочени во правец на намалување на непродуктивните трошоци и реализација на производниот процес со вложување што помалку материјални и човечки ресурси.

    „Намалени или целосно запрени се и сите други трошоци, односно стопирани се спонзорствата, репрезентациите, службените патувања, кои не се строго поврзани со производството на електрична енергија, сведена е на неопходниот минимум исплатата на прекувремени работни часови, а законската дневница за патување се исплаќа во половина износ. Запрена е набавката на возила, освен возила потребни за производниот процес, а употребата на патнички возила е целосно и строго рационализирана“, посочуваат од ЕСМ.

    ©Makfax.com.mk
     
  3. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    13.839
    Пол:
    Машки
  4. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Новогодишната честитка пристигна (wtf)

    Цената на електричната енергија ќе се зголеми за 9,48 проценти од 1 јануари, а се укинува и дневната евтина тарифа, соопшти претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски. Останува евтина струја во текот на ноќта и во недела.

    „Реалното зголемување ќе беше многу поголемо, но успеавме да скратиме многу трошоци, а Владата презема обврска да им помогне на државните компании во наредниот период“, истакна Бислимовски.

    Toј додаде дека ако не се укинела днавната евтина струја, тогаш поскапувањето ќе било 14,23 проценти.
     
    На Mnik му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Женски
    До кое дереџе дојдовме. И после ќе рече некој платите се покачиле. Многу поубав животен стандард имавме кога бевме со минималец од 12000 ден.
    Секој што сака си прави во оваа дупка, само народецот си пати и плаќа и си викаме добро ееее, има и полошо.
     
    На PaLaVa и Tanjamm им се допаѓа ова.
  6. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Сепак, струјата не поскапе со оние прогнозирани 40 % па и 60 % кои ги верглааа упорно ВМРО.
    Знаевме дека ќе поскапе.

    А парното е поскапено за 14 % и тоа е честитка од 1 - ви јануари, а не 100 % или 300 %
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  7. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Огласот за финансиска помош на ранливите групи од Министерството за економија
    https://economy.gov.mk/docs/oglasi
     
  8. Summerbaby

    Summerbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2020
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.789
    Има енергетска криза во целиот свет. Само што со тој проблем се носат властите и големите компании, а во Македонија обичниот народ.
     
    На Аргентина * и Tanjamm им се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.554
    Допаѓања:
    13.905
    Според мене во 2009 и 2010 година имавме подобар стандард од денес. Тогаш плата од 12.000 денари и денес од 24.000 денари немаат иста моќ, затоа што се е два и пол или три пати поскапо. Ако плата двојно се зголемила, трошоците се зголемиле 3 пати или 4 пати, и не е тоа тоа. Во тоа време минималец беше инаку 6.000 денари.
     
    На prashinka, Billy Idol и Mnik им се допаѓа ова.
  10. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Женски
    Вчера пазаревме. Пазариме еднаш месечно онака на големо и после ситници што треба. Значи 6000 денари потрошивме, а ништо посебно не купивме. За Декември сметка за струја плативме 3500 ден, за нас е многу зошто готвиме на плин, се грееме на дрва, соларно имаме. Незнам од каде толкава сметка за струја, кога споредливо со ланската Декемвриска сметка од 2000 ден, што многу убаво памтам цел месец навечер пуштав греач во соларното, а сега само 2 недели, зошто пола месец сончев ни беше. А да, лани перев во машина стара 20 години, сега перам во нова А+++ и пак сметката е изгор.
    Интернет, телевизија, струја, вода, кредит и живеј на воздух после до плата.
     
    На prashinka, Tanjamm и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.554
    Допаѓања:
    13.905
    Тоа е. Вчера човек со примања од 40.000 денари, а при тоа има жена и две деца и помош од родители ми се жалеше дека нема пари. Значи не се лукусузира, не оди по ресторани, си го цени секој денар, пазари на акции и пак нема вишок пари. Минималецот од 15.000 денари стана како да работиш џабе. Буквално да си купиш појадок, и патиките и фармерките кои ги кинеш до работа, да си ги замениш со нови, а власта уште се колеба дали да качи на 18.000. И да качи, пак е малку. Во овие услови минималецот треба да биде 20.000 денари. Инаку, да знаете во малите места и сега не земаат минималец од 15.000 денари. Во тектилните фабрики во внатрешноста одамна се враќа по 1.000 денари во кеш на газдата. Така е многу одамна.
     
    На prashinka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. prashinka

    prashinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2021
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    798
    @Tanjamm и 20.000 ден. да е минималецот, пак е малку. Кафе, јадење на работа, превоз, основни потреби да задоволиш од аспект на хигиена и сл. и еве. Порано се имаше и нешто настрана да се тргне, што се вика за лошо.
     
    На Summerbaby и Tanjamm им се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.554
    Допаѓања:
    13.905
    @prashinka знам дека е малку, ама како тргнало ќе тера народов со месеци со 15.000 минималец. Ако одиш на работа, прво треба да се облечеш нормално, да си среден, бањат, чист, да стигнеш на работа со кола или автобус, тоа се трошоци, да седнеш на кафе со колеги. Стави ги овие трошоци на хартија, ќе сфати човек дека работи за џабе. Во Скопје животот е навистина скап. Под 30.000 денари за скопјани, тоа не е плата.
     
    На prashinka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Summerbaby

    Summerbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2020
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.789
    Чудно ми е колку малку коментари има не темава а не засега сите... во друга држава протести ќе имаше до сега на велико ама еве ние сме зрно грашок и си трпиме...
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Повеќе народ се собра да го исплаче Тома Здравковиќ пред ГТЦ отколку за поскапување на струја. Луѓето се банални самите по себеси. Би се навредиле ако ги наречеш глупи, па ете нека бидат банални.
     
    На INNERBEAUTY, СуперДевојка, prashinka и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Summerbaby

    Summerbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2020
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.789
    Повеќе трпи народот поради тоа што лична закана нема да добие, туку му удираат по најблизок со закани .Одруга страна останаа грото стар народ само во Македонија што тешко на протест би ги натерал некој да оди, а младите скоро сите живеат со мама и тато поради стандардот и не осекаат многу бидејќи кај нас со векови така е . Ама тоа не значи дека не е можно. Протест како во 2014-та против екстерното на факулетите е таков ни треба. Голема маса по сите градови и после работно време... и у скопје сите неделен ден :)
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.899
    Допаѓања:
    9.605
    Пол:
    Женски
    Energetska kriza vo Evropa beshe najavena edno dve godini nanazad, ama nekoj uporno dremeshe. Naravouchenie: Vlastite se lika i prilika na narodot koj gi bira.
     
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.810
    Допаѓања:
    80.594
    Пол:
    Женски
    Од денес стапуваат во сила мерките за штедење електрична енергија.

    Од денес стапуваат во сила мерките за штедење електрична енергија со кои потрошувачката треба да се намали 15 отсто. Мерките беа донесени со владина одлука на 16 август, а ќе важат до 31 март 2023 година. Се однесуваат на домаќинствата и компаниите како препораки, но и на државните институции како задолженија.

    Како што рече министерот за економија Крешник Бектеши кој ги соопшти и образложи мерките, пред нас е една од најтешките зими на енергетски план и сите заеднички треба да придонесеме за нејзино полесно пребродување.

    Исклучување на декоративното осветлување на фасадите на јавните објекти и културните споменици, гаснење сијалици кога има доволно дневна светлина, ладење со клими на не помалку од 27 степени и греење на максимум 20 степени, исклучување на компјутерите по завршување на работните обврски, редовно менување на филтрите на грејните тела и клима уредите, печатење само потребните материјали, замена на прозорците со енергетски ефикасни, се само дел од обврските кои државните институции мора да ги спроведат.

    Слични се и препораките за бизнис секторот – исклучување на декоративното осветлување на фасадите на сите објекти, користење дневна светлина за внатрешните простории, халите и канцелариите во објектите во период кога за тоа има можност, ладење на производни објекти, хали и канцеларии со клими на не помалку од 27 степени и греење на максимум 20 степени, исклучување на компјутерите по завршување на работните обврски, замена на старите сијалици со компактни флуоресцентни, редовно менување на филтрите на грејните тела, инсталирање топлинска пумпа како високоефикасен систем за греење, ладење и за подготовка на топла вода при градба на нови градежни објекти или реконструкција на стари, примена на нови технологии за подобри енергетски перформанси на индустриските постројки,…

    На домаќинставата им се препорачува вклучување бојлер по потреба и по можност на евтина струја, вклуќување на машините за перење и за миење садови само кога се полни и исто така на евтина струја, разумно користење на грејните тела, максимално користење на дневната светлина и топлината од сонцето, гаснење на сијалиците кога не се престојува во одередни простории, готвење во помали садови или во садови соодветни на големината на ринглата, кратко и интензивно проветрување на просториите,…

    -Пред нас е една од најтешките зими на енергетски план. Мерките за штедење се креирани за полесно да се справиме со она што не очекува, за непречено снабдување со електрична енергија, рационално трошење и пониски сметки, рече министерот Бектеши на 16 август кога ги соопшти мерките.

    Според вицепремиерот Фатмир Битиќи, јавните институции мора да бидат пример за совесно однесување. Затоа и нивните раководители може да ја изгубат работата ако не ги почитуваат владините препораки и ако не заштедат 15 отсто струја како што е предвидено.

    И според него и според министерот Бектеши, рестрикции на струја не се очекуваат.

    Извор: Слободен печат

    Ќе се придржувате ли, ќе штедите максимално?
     
  19. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Апсолутно.
    Се договоривме дома сите да се бањаме во една када до пола наполнета со вода. Еднаш неделно, во недела на евтина. Првин ќерка ми, па после јас и маж ми влагаме заедно. Барем поштено ќе си ги истриеме грбовите. Плакнење не мора.
    Ќе спиеме сите во дневна, еден до друг. Мачорот ќе го ставиме кај нозете, да не топли. Другите соби ќе ги грееме на зимско сонце.
    Гравот ќе го крчкам навечер, има и нешто зимница од лани, ќе ја дојадеме. Скап е пазарот, годинава ништо не правам.
    Ако гледаме не бива, палиме возот и правец во Сибир. Таму најевтино ќе презимиме, се е живо џабе. И снег имало за мерак, ќе му се радуваме до мај - јуни. Па после назад дома.
    Ќе му донесам и сувенир на Таче, некоја врбова прачка од тајгите. Со неа сам да се мава по таа негова празна и неспособна глава. Па може и ќе предизвика циркулација во мозочните клетки, ќе му текне нешто...
     
    На Puellapulchra, cresa-jagoda, Zhukov и 8 други им се допаѓа ова.
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.063
    Допаѓања:
    188.221
    :rofl:
    :inlove:
    Прати од прачките и на Европа:wasntme:
     
    На kankus и orevokrsacka им се допаѓа ова.