Ги прегледувава темите и ненаидов на вакава тема, па би сакака да пишете што мислите околу ова и они што имаат деца дали ги вакцинираа децата бидејќи највеќе по градинките и училиштата ги има, и преносливи се и дали сте ги прележале? Јас лично ги немем прележано ама како мала сум ја примила вакцината
Ги имам примено вакцините, а на 14 години и ги прележав малите сипаници. Само незнам дали после прележување останува трајна имунизација на нив?
Малите сипаници се болест која што неминовно во 99% од случаите завршува со добар исход и остава траен имунитет.
Колку што сум јас информирана малите сипаници кога еднаш ке ги одлежиш после си имуна на нив.Јас имам 24 години и уште ги немам одлежано.Знам дека подобро и полесно заминуваат ако ги добиеш на помала возраст.Исто знам дека не е убаво да добиеш сипаници за време на бременост.
Точно ако еднаш ги прележиш повторно неме да се појават бидејќи имун стануваш, ама подобро е да се прележат на помала возраст отколку на повозрасна и јас не сум ги прележала, а имам 25 години вакцинирана сум така да неме место за паника
Немам прележано ништо од сипаници, а вакцинирана сум од малечка. Кога бев прво-второ одд. ме однесоа кај едни бебиња и играв со нив, за да префатам демек и да ги прележам, но ништо не бидна, не се заразив. Некаде во средно, едно од моите омилени сонциња имаше сипаници, го убив од бацување и гушкање и повторно џабе. Јас не знам што ѓавол ќе бев толку да не можеш да фатиш и да прележиш едни сипаници и да не му ја мислиш, ама тоа е. Нема некое правило дека сите мораат да ги прележат. Сепак, ако веќе се мора, подобро помал, отколку на постара возраст.
Трендафилке баш ми е драго што имаш силен имунолошки систем и сакам сите на сајтов што се да бидат здрави
Абе јас едни сипаници имам прележано и тоа како бебе, а за овие малите нели вакцина се прима, и вакцините ги имам примено така да се надевам нема да ме фатат, оти нели затоа примаме вакцини Ова исто како со заушките лани..
Ова ќе му дојде како свинскиот грип. Имаме на лагер 1 000 000 вакцини на кои рокот на употреба им излегува за кратко време, па да не бидат зијан дај ке исповакцинираме нашето ни население, ама прво малку ќе ги заплашиме. Мојот град после Ск. е втор на список по епидемија и да ви кажам право досега не сретнав случај на сипаници. Малиот оди во градинка и нема пријава за ниту едно дете, роднините кои се во училиште исто така немам слушнато... Да не бидам оф топик, јас како мала сум ги прелегала сипаниците. Немора да значи дека секој мора како мал, мада еве мој роднина кој е лекар ги прелега на 45 год па здрав и прав. Уобичаено е да се прелегаат на помали години и обично во рана пролет или есен а немора да значи дека мора.
па еве и јас се имам вакцинирано а сипаници... како мала прележав едни... но еве сега пак ги имам.. многу ме нервираат ... така да... мислам дека се е до имунолошкиот систем ... не сум била со никој во контакт што бил заразен но кај мене дојдоа... за жал .. така да не е само дигање прашина околу нив... има епидемија... но бидете среќни доколку не стигне до вас... многу е иритирачко... неможеш никаде да одиш...
Значи вака - нема шанси ти да си прележала мали сипаници како дете, па си примила вакцина и сега пак си се разболела од нив...Можно е да ти крупна сипаница, ама ситната нема шанси да ја имаш...
па незнам какви биле... но сепак ... и јас мислам дека неможе пак да се фатат ако си ги прележал... веројатно како мала тие биле големи сипаници што сум ѓи имала ... но сега е ситната но не е со компликации бидејќи имам примено вакцина .....
Оф топик. Сакав да прашам дали некој знае што да ставам за да не ми останат дупки од сипаницата. Затоа што некои брунки ги расчепкав и по 2 пати