Фокални напади е широк поим, моето има фокални напади, но генерализирани, кај секого е различно за напади со исто име примаат различна терапија се зависи од еегто. Отвори на гоогле имаш многу убаво објаснето
Za ova godina od koga imam epilepsija ne se mnogu ama tie so zna mnogu go smenija odnesuvajneto sprema mene i toa od tie ko ne ocekuvas i mislis deka ke te sfata nie ne sne krivi so sne vo takva sostojba
Здраво, дали ке може некој да ми каже дали сирупот депакине може да се користи со антибиотици? Тој му го препиша невропсихијатарот на син ми и ни кажа нема проблем, кога ке настине може да се користи заедно со други лекови, не му сметало, а сега на упатството читам не се комбинира со антибиотици па малку сум збунета, а сега за прв пат треба да почнеме со терапија па ми е страв да не згрешам нешто.
Ние веке 4 години како пиеме трилептал и пиеме секакви антибиотици, кога има бронхит и инекции и ни е кажано дека не сметаат лековите на антиепилептиците, сепак информирајте се но јас знам дека не сметаат, така ми е кажано од докторот.
Ти благодарам за одговорот. Да, така ми кажа и на мене докторката кога ни го препиша меѓутоа на упатството пишуваше дека не се комбинира со антибиотици и затоа ме збуни, па сакав да прашам за искуства
Довро вечер, сакам да ве прашам мојот син од 6 години и 3 месеци пред 7 дена свесен погледот вперен во една точка помодрена уста вкочането тело и почна да изладува не знаевме што е,прв пат во животот видов такво нешто. Во паника тоа траеше 8 мин,го однесовме на болница. Дури на пат на кај болница почна да плаче инаку не даваше никаков знак на живост. Му беше стегната вилицата, мислевме дека е голѕнат јазикот ама не беше. Не примија на детдко одд и му ставија чеп диазепам од 5 мг. Не оставија... во средата бевме во скопје кај др. ДУМА .. правевме еег имало промени на десната страна на мозокот. Тој кажа со еден напад не можам да дадам терапија... не кажа дека е епилепсија му стави дијагноза конвулзии. Имам пррмногу страц да го оставам сам и да одам до тоалет. Ве молам за совет...
Кај нас беше така, ни рекоа со еден напад неможеме да дадеме терапија, но штом покажува промени на еег доколку се вистински епи напади може да се повторат за кои ке треба терапија. Ние од првиот напад до терапијата помина еден месец додека не му се случија два во еден ден, исто на 6 год. Стресно е но земи си чепче дизепан дома доколку има потреба да делуваш во случај на напад, за да се смири телото додека да го однесеш на лекар и само вртење на лева страна. Се што те интересира можеш да ми пишеш и пп, бидејќи знам колку е стресно исчекувањето бидејки сум го поминала истото.
Докторот Дума кажа дека шансите за да се повтори се помалку од 50%....според еег. Имам чепови диазепам дома сега ќе правиме магнетна резонанца.... па ќе видиме што ќе испадне таму. А вие пиете некоја терапија?
Да веќе 4 ипол години како примаме терапија, инаку и ние сме кај Дума. Под стрес си цело време, но дај боже да немора да прима терапија да биде се добро.
А вие направивте ли магнетна резонанца? И какви промени имаше на еег? И дали од кога прима терапија има напади?
Да меѓутоа нас не ни дадоја ништо терапија. И за потврда на дијагноза ни бараат магнет. Б6 му давам само 2 оати на ден. Треба ли одма после првиот напад терапија. Дума рече не давал терапија од прв пат.
Јас прв пат се среќавам со оваа проблематика. Дијагноза докторот атави конвулзии.. и за тоа ве прашувам имаше некоја голема промена на еег и дали правевте магнет?
Кога доби напад, бевме на детско и правевме еег. Тогаш Дума беше таму сеуште и ни рече исто мали промени да не даваме терапија ке чекаме да видиме дали ке се повтори. Потоа се повтори и од тогаш сме на трилептал. Магнетна веднаш правевме беше чиста, сега сме сеуште кај него. Терапијата му делува останаа само некои крик некогаш во ноќта, но ништо страшно во споредба со нападите што ги имаше. Многу делува промената на време и исхраната. Инаку си функционира како сите дечиња, не заостанува во ништо, ниту во развој, спортува како сите други. И јас ги имав истите прашања во главата како тебе, што ке биде понатаму но верувај дека и доколу се повтори нападот ке се најде соодветниот лек и се ке биде како што треба.Магнет правевме тука на детско државна и во Турција исти резултати, се беше добро.
Samo od toa me stra da ne se povtori, ne sakam uste ednas da go pominam toj stres. Slikata od glava ne mi izleguva, kqko celo vreme da sum vo iscekuvanje. A dali ima nekoj sto ne mu se povtorilo poveke... me strav i na uciliste da go pustam.
Имаш група на фб се вика Епилепсија - да зборуваме за неа Зачлени се ќе прочиташ и повеќе искуства. Од мое искуство кај повеќето се повториле нападите, но немора да значи и кај вас, можеби е бил болен, можеби е бил под некој стрес па затоа и така му се случило, затоа ќе мора да почекате да видите што понатаму. И јас и покрај терапија чувствувам страв, но Дума секогаш ми вели мајка не се секирај се ке биде добро.
Бевме на контрола кај др. Дума поради тоа што има отсутност повеќе пати во денот по 3 до 4 секунди. Значи се блокира погледот. И сега морам да го носам пак на контрола. Да ми каже некој искуство со терапија....?