Мила само докторот може да ти даде точна терапија, можеби ќе треба зголемување на дозата, можеби ќе треба време од неколку недели за да организмот го прифати лекот и да делува. Вие на што терапија сте?
Терапијата зависи од еег, од брановите и од тоа на кој дел се наоѓаат. Докторот ке ви препише соодветна терапија бидејки само тој знае точно кој лек може да ви делува. И ние сме кај Дума, ни ги стави нападите под контрола, така да отидете на контрола и ќе се среди.
Бевме на еег но не покажа ништо. Наодот уреден а детето мое се треси од време на време по неколку секунди. Што следува? Што би можело да биде?
Ќе се консултирате со неврологот, дали тој смета дека треба да се направат дополнителни испитувања или да се почека извесен период. На ваше место би побарала уште едно мислење од др невролог. Кај нас кога правиме еег во будна состојба е супер, но кога спие си покажува бранови. Колку време му се случува тоа на детенцето и по колку пати во денот? Имали некои други промени што вие ѓи забележувате?
Кај нас беше направено еег за време на спиење. Тоа се случува некогаш 3-4 неделно а некогаш и по еднаш во неделата. Ќе чекам сега терминот и да видам што ќе ми кажат. Промени има само во времетраењето. Некогаш грчевите се 1-2 секунди а некогаш 8-10 секунди. Многу чудно нешто. Педијатарот апелира на афект грч ♀️♀️
Во секој случај консултирај се со специјалист и кај нас на почеток кога објаснував на педијатарот што му се случува во текот на спиењето на детето мислеше ноќна апнеа, се така еден месец, се додека не доби голем напад па завршивме на детско, но немора да значи и кај вас е така, можеби е нешто минливо, некој стрес, страв во секој случај чекајте го терминот и консултирајте се со неврологот. Дај Боже се да биде добро, минливо и да нема потреба од никакви терапии и испитувања