Знае ли некој дали лицата со епилепсија може да полагаат за возачка дозвола? Баш ме интересира, сакам да полагам.
малку потешко дека ке ги поминеш лекарските тестови и да ви кажам декаскоро запознав жена-мајка на две деца која во првата бременост немала напади ама за време на втората и се јавиле и тогаш му кажала на сопругот-прима терапија 2 по 500 милиграми веке неколку години ги нема и човекот го прифатил тоа најнормално а докторката ми дозволи да конзумирам алкохол-некои видови (вино, пиво) 1 чашка максимум-како што не сум навикната, од половина ке станам не смеам да помислам на нешто пожестоко(водка, виски и сл)
Девојки ме интересира дали имам епилепсија... Се сомневам за тоа веќе долго време дека кога сум била помала сум ја имала, но не се сеќавам дека сум имала напади или нешто слично... Колку што се сеќавам како помала нон стоп бев по болници, постојано имав температура, здравствената легитимација уште на кориците не ми е испишана. Се сеќавам и дека пиев едни апчиња кои наликуваа на B6, само лентичката и беше портокалова се викаа фенобарбитон мислам, еден ден и ги спомнав на мајка ми и веднаш ја смени темата. Исто се сеќавам дека често одев на прегледи во Скопје на КЛИНИКА ЗА ДЕТСКИ БОЛЕСТИ-НЕУРОЛОШКА АМБУЛАНТА. Кај др. Весна Саболиќ-Аврамовска. Извештаите ги чувам кај мене се ги собрав тие што успејав да ги најдам, но тој докторски ракопис никако да го прочитам. Но како што кажав тоа е минато сега водам сосема нормален живот ништо не се смени никој никогаш не ми спомнал дека сум имала епилепсија. Само еднаш додека бев кај тетка ми, таа кажуваше како на прва братучедка детето имало напад и јас така запрепастена... И тетин викаше и ти беше болна еднаш и јас те носев на доктор. Ама тетка ми веднаш ја смени темата. Бидејќи овде читав дека нападите може да се повторуваат и после неколку години, што ми препорачувате, дали да направам некој снимки или испитувања повторно. Инаку водам доста нормален живот не пушам, не пијам, живејам доста умерен живот. Во план сум да појдам во текот на оваа недела кај матичната и да се распрашам, бидејќи не сакам мојте дома да ги прашувам за таква деликатна работа...
Фенобарбитон порано се користело за терапија на епилепсија и епилептични напади сега не се користи толку често Тука исто така ти се поклопува и прегледите на невролошката амбуланта и по тоа можнпо е да си болувала од епилепсија а точно од кој вид најдбро е да ја седнеш мајка ти и отворено да ја прашаш и да и кажеш дека имаш сомнежи во врска со тоа Ако веке не сакаш да прашуваш дома како што велиш собери ги тиа извештаите и појди кај матичниот ке ти каже она сигурно што дијагноза имаш запишано најчесто запишуваат до шифри
Ама сега не само фенобарбитон мислам дека речиси 10 години ништо такво не користам, освен Paracetamol i B6... Кога ме боли глава и слично... А и прочитав погоре дека лековите се пијат долг временски период, бидејќи е можно враќање на нападите... А тие снимките каде што се утврдува присуство на епилепсија каде треба да се обратам да проверам, се прават таму каде што се прават обични снимања или во оделот на неврологија? Сакам да проверам што ми се случува...
ако сакаш д аси бидешмирн аи сакаш да се провериш тогаш ке треба да си направиш еег снимка таа се прави на неврологија тоа е како капа со живи се става врз главата и се следат браневите и активноста на мозокот али јас мислам дека само со извештаите што ги имаш доам отиди кај матичниот он ке ги прочита и ке ти разјасни се
Во текот на оваа недела ќе одам ќе се консултирам со матичната што како, па ќе пишам што ми рекле, малце ме фака паника... И ме интересира дали после неколку години нападите може да се вратат или трајно постои начин да се излечи...
Спојлер порано ( но и денес понекогаш) фенобарбитонот се давал при фебрилни грчеви, грчеви кои се добиваат од висока температура. овие грчеви наликуваат на епилептичен напад и многу ретко може да предизвикаат некои здравствени нарушувања кои подоцна би довеле до епилепсија
се јавуваат при висока температура, или при нагло симнување/качување на температура. наликуваат на епилептичен напад, мислам слично се манифестираат-фиксиран поглед, грчење на телото. се јавуваат кај деца во предшколска возраст. ваквите деца посебно се пазат да не качуваат температура, бидејќи понекогаш може да настане некое оштетување како последица. според тоа што имаш пишано мислам дека било тоа...според мене...но сепак докторите знаат најдобро.ако не прашај ги твоите родители отворено или консултирај се си доктор.поздрав
Да, ја прашав матичната и ми кажа дека станувало збор за повторливи грчеви кои се јавувале кај деца до 5 годишна возраст, но сега таа граница била малце погоре до 7 години... Бидејќи грчевите ми се повториле повеќе пати, сум одела на контрола, чисто за да се исконтролира да нема некој оштетувања...
Добар ден. Имам 29 год и сакам да прашам околу епилептичните напади и дијагнозата. Во Април 2013, ми се случи напад пред станување од спиење ( во спиење ) а пред 2 недели ( после 8 месеци, втор напад на легнување за спиење ). На сум сигурна дали е епилептичен, ќе молам за одговор дали некој знае. Не губам целосно свест, туку 1 мин. како да омалаксувам и припаѓам, но сум во полусвесна состојба, со ладна пот и болки во карлицата односно во пределот под рбетот ( направена сум операција од синусно влакно пред 2 години, и пред нападот 30тина секунди имам тука големи болки ). Невропсихијатар ми утврди дијагноза епилепсија. Треба да правам магнетна на мозок за 1 месец. Првиот пат за падавицата направив ЕЕГ, а тоа беше во главно добро со мали нијанси на повисоко волтирање во десна хемисвера. Ми препишаа ламал 25 мг. по шема но незнам дали да ги пијам со во главно добро еег од пред 8 месеци и сеуште ненаправена магнетна резонанца. Благодарам, ќе ве молам за одговор и мислење.
Ако ЕЕГ во главно е нормален може и да не се работи за епилепсија, значи епилепсијата не секогаш предизвикува исти конвулзии, кај секоја индивидуа е различно и секако зависи од типот на епилепсијата, може би требало да се посоветуваш со друг доктор. Чепреганов е доста добар епилептолог, мислам дека Дијана Никодијевиќ исто така беше епилептолог не сум многу сигурен, но во секој случај ти треба стручно лице од областа на епилептологијата што ќе ти утврди точна дијагноза и терапија АКО се работи за епилепсија.
Може да станува збор само за епилепсија.Бидеќи не ти е сеуште утврдена пробај кога ќе го добијаш тој напад да правиш вежби и барај масажи од домашните.....Кога ги имаш тие напади подоцна ги чувствуваш нозете и рацете? Бидеќи познавам девојче кое боледува од Епилепсија потполно губи осет на нозете и рацете...
edno prasanje do ana_banana citav deka mn e zapoznaena so ovaa bolest sakam da kazam deka i jas veke 6god boleduvam od istata i veke kakvi se ne apcinja nema zemano i seuste se naogam vo ista situacija imam grcevi na desnata strana.koga me fakA grc nemozam da stoam pagam po ulici.ednostavno strav mi e dA ispadnam vo diskoteka so stikli.na posledniot lekar koga bev mi rekoa kepra neznam dali ke mi pomogne ima li nekoj iskustvo da mi kaze kako e dali e podobro i dali na nekoj mu pomognala ovaa ketogena dieta.
Јас примам 3гр кепра дневно, нападите се уште ги имам, но на голем дел од луѓето кои ја земаат кепрата им ги спречува нападите, така да би ти препорачала да пробаш и со тоа. Кетогената е многу тешка. Јас се обидував но бидејќи голем дел од денот го поминувам надвор од дома не можам да се придржувам. Поздрав
Иако имам епилепсија веќе 3 год, неможам да ја прифатам болеста. Добив напад додека бев во врска со еден дечко. Дојде во болница да ми раскинува, бидејќи не можел да прифати. Поминаа 2 год од истата врска, дечкото ми вика не сакам да имам деца со тебе. Се планираше да живееме заедно ама очигледно дека ме немал никогаш прифатено. Се однесуваше како да сум странец додека беше со мене, некако не ме гледаше исто. Многу ми е тешко што никогаш не ме прифати таква каква што сум. И од тогаш толку сум повредена и толку хистерична што самата себе не се сваќам.
Некој ако вистински те сака ќе те сака каква и да си, со сите доблести и маани, во спротивно таквиот човек не те заслужува. Ти не си виновна што си болна и треба да се прифатиш таква каква што си. Сигурна сум дека имаш свои квалитети и дека си добра личност која што може да успее во животот. Немој да бидеш тажна, ќе најдеш некој што ќе те заслужува и ќе сака да бидеш дел од неговото семејство.hug:
zagrizena sum za moeto dete ve molam za pomos Dali dijagnoza epilepsija moze da se postavi samo so eeg snimki bez nikakvi napadi???
здраво девојки...ми треба еден совет... Во еден разговор со дечкото ми кажа дека имал грчеви како мал додека спиел (само два пати во овие 26години) и дека му препишале епиал.иако не знаеше за што служат тие апчиња со малку гуглање сватив дека се даваат на лица кои се болни од епилепсија.во истиот тој разговор ми призна и дека мокрел во кревет до неговата 10та година.е сега ме интересираат неколку работи на кои се надевам дека ќе ми одговорите: -дали овие апчиња се за епилепсија и дали треба да посети доктор сега (затоа што ги пиел апчињта само до 7 години) -дали доколку останам сега трудна може детето да има наследено од родителот епилепсија? -кои се симптомите на нискоризичната епилепаија или како и да ја нарекуваат стручно (затоа што од време на време го гледам се загледува во една точка некои 10 секунди и после го враќа погледот пак...а и е прилично нервозен) се надевам дека ќе ми одговори некој ...затоа што навистина се загрижив... сепак треба да знам со каква личност сум во врска ....а не ми е згодно да ги прашувам неговите родители за ова