Еритрофобија-страв од црвенеење на лице

Дискусија во 'Психологија' започната од tea-nova, 6 мај 2013.

  1. tea-nova

    tea-nova Активен член

    Се зачлени на:
    31 март 2013
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    11
    Многу малку информации најдов на форумов во врска со ова,па ајде ако може малку да поделиме мислења на оваа тема.
    Значи што знаете вие за ЕРИТРОФОБИЈА,страв од црвенеење на лице.Па јас страшно патам од тоа,и во секаква ситуација кога треба да зборувам со некого-јас црвени обравчиња :$ :$ :$ .Значи сакам да се дружам но ова ми е како пречка.Дали и вас ви се има случено и како се справувате?
     
    На biGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.030
    мене секогаш ми се случува и се соочувам со тоа шо знам како вејкем навикнав најчесто ми се случува кога полагам испит,кога треба да правам некој муабет да речиме посериозен и секако една чаша да се набијам алкохол црвена сум како крв ко незнам колку да се имам напијано ама тоа е
     
    На biGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. tea-nova

    tea-nova Активен член

    Се зачлени на:
    31 март 2013
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    11
    Но проблемот е што мене ми се случува доста често.дури и со најблиските,а и секогаш кога некој ме гледа во очи.па и уште кога ке ме прашаат зошто си црвена,лелееее в земја пропаѓам.па добро бе има решение за ова или не.
     
  4. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.030
    ај можи че се најди
     
  5. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    859
    Допаѓања:
    3.857
    Пол:
    Женски
    И јас сум истата, црвенеам кога зборувам со кого и да било освен со домашните. Мислам дека тоа ми се дешава поради тоа што се плашам нешто да не се обрукам, односно пореди ниската самодоверба. Решение само опушти се со кого и да зборуваш и помага. Јас пробувам да се опуштам кога зборам со некој и ми оде некако, оти е навистина незгодно да зборуваш со некој и наеднаш :$ поцрвенуваш.
     
  6. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.123
    Допаѓања:
    731
    И јас спаѓам во овој клуп , јас црвенеам при зборување со сите освен со оние кој сум поопуштена (дечко ми и семејството) со другите и една реченица да кажам црвенеам. Многу се нервирам поради тоа , дури и да не ми е страм моите образчиња пак се црвени . Ич не си ги сакам . Уште од мала имам проблем со тоа . Па лек за ова не знам , ако има некој кој знае нека каже :)
     
  7. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.197
    Допаѓања:
    41.027
    На психичка база е :) порано многу се замарав со ова,и црвенеев ко пиперка.од кога престанав,ниту еднаш не ми се случило.Така да престанете да мислите дека ќе се вцрвените-и нема да се вцрвенитр,а се дур се замарате и потресувате за ова,ќе си бидете црвени :D
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  8. eticka

    eticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    84
    Јас имам изразито бел тен и лесно поцрвенувам. Тоа ПОРАНО МИ БЕШЕ ПРОБЛЕМ и тоа озбилен, се додека не отидов на патување во Англија. Па таму многу луѓе поцрвенуваат, ги набљудував и благородниците, и тие поцрвенуваат.Поцрвенуваат и членовите на кралското семејство. Одеднаш ми се промени ставот и поцрвнувањето ми изгледаше како да сум од некој благородерод и дека убао е да се има бел тен и понекогаш црвени обравчиња. Така самата си набив позитивно мислење и од тогаш поретко поцрвенувам и не се срамам од тоа.Едноставно сватив дека не сме сите со иста боја на лицето и дека сите бои се убави на свој начин. Но искрено да ви кажам многу често си ставам течн пудра која го покрива лицето и заштитува да не се познава црвенилото, за секој случај. Доста сум веќе растеретена од помислата на црвенеење, за разлика од порано и ова сакав да го споделам со вас, може некому че му користи
     
    На biGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    527
    Допаѓања:
    359
    Пол:
    Женски
    навистина би било убаво да се има некаков лек за ова.... многу често ми се случува и доста ми пречи... незнам како да го контролирам ова... а кога сум нервозна пак да не зборувам.... па како шлаг на тортата кога ќе речат зошто поцрвене или види цела си црвена, понекогаш и некоја шега ке закачат јас само сакам да станам невидлива... :@
     
  10. tea-nova

    tea-nova Активен член

    Се зачлени на:
    31 март 2013
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    11
    Најлошо и најтрагично е што не може никако да се прикрие,мора сите да знаат дека ти е непријатно,колку само се нервирам.па и ништо не помага секој ден полошо и полошо.
     
  11. liily

    liily Активен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    5
    ja ovoj problem si go imam odamna nemozam so nikoj sto ne mi e blizok da napravam muabet lice vo lice duri i vo skolo nekoj profesor da me prasa nesto ili pak da treba usno da odgovaram odma se zacrvenuvam i toa mnogu nekad mi doaga da se rasplacam sakam da propadnam vo zemja
    neznam kako da se spravam so ova iskreno ne mi se iskaca od doma zaradi ova :\
     
    На Cinderfakinrella му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    31.754
    Пол:
    Женски
    И мене ова ми се случува,не е многу често,но не е ни ретко.Кога имам испрашување или тест по некој потежок предмет,кога треба да се запознаам со некои нови луѓе(особено ми се случува пред машки кои ми делуваат посамоуверено и послободно)...Не ми се случува многу често,но сепак и малкуте денови кога се случува е непријатно...
     
  13. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.502
    Допаѓања:
    4.118
    Пол:
    Женски
    Непријатно е... :$
    Уште па кога ќе ти речат леле каква си црвена, готово ти иде в земја да се закопаш
     
    На Cinderfakinrella му/ѝ се допаѓа ова.
  14. strelkata

    strelkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    488
    :D маки мачам со овој проблем одкога знам за себе и избегнувам да се дружам со луѓе што ми е мнооооогу криво, преку ден најмногу сакам да носам наочари,само со нив се осеќам сигурно и кога ги носам не поцрвенувам. Кога ке почнам да зборувам нешто или кога ме прашуваат нешто, кога ќе погледнат во мене осеќам жештина и неможам да ја контролирам. Пробувам со дишење,земам воздух, пробувам да управувам со мозокот ама тешко оди и во тој момент или станувам или чепкам телефон било што си наоѓам причина да побегнам :(
    А знам дека кога ке почнеш да се спротивставуваш тоа ке се намали, ама ајде де :/
     
    На Cinderfakinrella му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sugarlips

    sugarlips Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    664
    Допаѓања:
    785
    Пол:
    Женски
    :lol:
    Јас кога се срамам,не знам дали црвенеам,ама чувствувам некоја топлина во образите и се потам :sweat:
     
  16. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    942
    Допаѓања:
    7.406
    Пол:
    Женски
    Јас најмногу се нервирам кога е зима и лицето ќе ми се зарумени.
    Затоа, повише ставам пудра во зима.
    Имам побел тен, нетолку порцелански, али ипак. И страв ми е да се погледам у огледало. хахах :D
     
  17. Hopelessgirl

    Hopelessgirl Нов член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2017
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Lele ista sum osekam edna toplina od vnatre sho mislam ke eksplodiram celo lice crveno ah samo kolku mi e nezgodno ama to e ne mozam protiv sebe
     
    На Cinderfakinrella му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Loranora

    Loranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2017
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    125
    Пол:
    Женски
    |(|(|(Исто и јас, токму оваа тема ја барав. Стварно чуствотоо е незгодно.Ги прочитав сите мислења, и се пронаоѓам во сите, само неможаам да сватаам зошто е сета таа возбуда и како можи да се одтргнии тоа|(
    :sweat: