1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Еротоманија

Дискусија во 'Психологија' започната од Elizabethh, 6 декември 2010.

  1. Elizabethh

    Elizabethh Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    10
    * Еротоманијата се дефинира како ретко пореметување во кое една личност е во лажен занес дека друга личност, обично од повисок социјален статус, е заљубен во неа/него.

    Социјалниот статус може да значи: материјална моќ, популарност во општеството, силен карактер кој наоѓа на широко одобрување кај околината. Опсесивноста на еротоманите со луѓето од "повисок социјален статус" најчесто доаѓа како производ на сопствената беда во сферите во кои владее "љубениот".

    Лажниот занес (или "глава во газот") го споменувам како патолошки синдром кој се појавува кај личности кои ги гледаат работите на начин на кој само ним им одговара. За среќа, медицината поточно психијатријата ми дава потполно право да ги наречам овие личности - БОЛНИ!

    И сега океј, следи делот каде треба да сме реални дека сите понекогаш сме во лажен занес (читај: болесници) и толкуваме одредени појави според нашите нагони и желби. Арно ама кога експлицитно ќе се судриме со доказ за нашата грешка во чекори (читај: сперма во глава), логично е да се чукнеме по глава и да признаеме дека сме погрешиле - иако, понекогаш, значи - само понекогаш, сме само жртви на "пуштање вода под чергиче" од страна на вториот актер во приказната, кој ете, токму на нас одлучил да спроведе некој експеримент во Менгеле-Купидоновски фазон.

    Aко и покрај се, покрај сите индикации и укажувања од нашата свест или нам блиските, а најстрашно - од личноста кон која осеќаме еротомански побуди (читај: сме затрескани) - дека ловиме во матно, матиме празна слама, или едноставно сме ненормални - ако и понатаму продолжуваме со делузионистички однос кон реалноста - зрели сме за лечење во установа за ментални заболувања, бидејќи драги мои, еротоманијата може да го наведе болниот кон навистина опасни чекори по безбедноста на оној по кого се "болува", или по сопственото здравје.

    Најпросто, еве еден практичен пример на еротоман (Е) и жртва на еротоман (Ж).

    Е: Јас сум обесправен/а, ме избркаа од работа без причина.
    Ж: Чоече, уживај, не си ти крив/а се ќе се среди.
    Е: Уау, тој/таа ме сака :angel:

    Ви звучи познато? Како се справувате со еротомани?
    Понекогаш, мислам дека НЕМА ЛЕК! Ебано заглавени во сопствената реалност во која не важат познатите природни закони на мојава реалност, еротоманите се едноставно неизлечиви и непоправливи! Уште пострашно, под превезот на повреденост, КУТРИОТ ЈАС синдром кој го користат во свои цели - умешните и пресметливи еротомани ја "замајуваат" околината која не ги познава патолошките карактеристики на личноста, ги труе со муабети во кои се крие жед за емпатија према нив, која често и ја добиваат - и самите на себе си наоѓаат причина плус да веруваат дека црното е зелено, а токму ВИЕ сте ужасно вљубени во нив, створени еден за друг, и секој ваш гест - го сфаќаат токму онака како ним им одговара, значи шо би се рекло народски - без контакт со мозок.

    Е, се би било во ред да може човек едноставно да ги игнорира. Ама, не... Еротоманите носат проблеми, постојано.
    Eпа драги девојки..Ви оставам место за вас, да дискутирате : ДАЛИ познавате и КАКО би се справиле со ваквите луѓе? :)

    :f:
     
  2. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Познато ми е ова, само не знаев дека има стручен термин за ова.
    Моето сакано понекогаш го покажува тој синдром (сличен), ако некој ми даде комплимент или совет дека сака нешто од мене.
    А чести се такввите околу мене што на едно здраво (чисто од култура) од некоја личност, се палат дека би можеле да имаат нешто со истата.
     
  3. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Пред некој ден гледав филм на ова тема,баш ме заинтригира ,жртвата на еротоманката на крајот едвај спаси глава ,бидејќи под пресија на силните нагони еротоманката беше во состојба да го убие само за да не го дели со друга.
    Постои разлика помеѓу субјективна интерпретација на туѓите чувства и еротоманија како дијагноза.

    Eротоманијата најчесто влегува во состав на биполарни психози ( шизофренија или во манична фаза од манично - депресивното растројство ).

    Се карактеризира со неоспорливо верување во еротската наклонетост од страна на некој странец или позната личност кон болниот од еротоманија. Болниот смета дека жртвата комуницира со него на суптилен начин,дури се споменува и телепатија ,постојано ја следи и прогонува жртвата ,ја опсипува и загушува со внимание.
    Интересен е фактот дека болниот не го прифаќа отфрлањето ,туку го сфаќа како "криење на љубовта од очите на јавноста".

    Во психијатријата за прв пат се опишани ваквите симптоми во првата половина на седумнаесеттиот век ,под називот "еротска параноја".
     
  4. twilight123

    twilight123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2012
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    знам за ваков случај, познавав една што правеше вакви ствари, но незнаев дека ваков израз имало за ова
     
  5. love is illusion

    love is illusion Нов член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2022
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    “Erotomania is a rare mental illness in which the patient falls into the delusion that another person (usually someone famous or with a higher social status) is in love with him/her.”

    You feel that the other person is secretly conveying love, and is even secretly showing you love in a TV interview, but in fact, you both have no contact at all in reality. Everything is just your imagination.”

    Мислам дека имам ваков тип на делузии,
    вљубена сум во личност која е релативно позната (facepalm) но проблемот настанува што јас ја гледам таа личност насекаде виртуелно, на различни инстаграм профили, на форуми, и секаде ми се причинуваат знакови кои се поврзани со него и мене и моите размислувања и ставови, кога зборува на свои видеа имам делузии дека мене ми се обраќа а не се ни познаваме лично.

    Делумно сум свесна за состојбава но проблемот не е исчезнат, некој совет?
     
    На KikiBee му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    1.975
    Допаѓања:
    7.729
    Пол:
    Женски
    Еротоманијата е вид на делузивно растројство. Сосема си во право дека имаш делузии.

    Еротоманијата е доста реткa во популацијата (околку 15 случаи на 100.000), иако не се знае точно колку е заради тоа што лицата кои имаат ваков проблем често не бараат стручна помош заради срам и страв од осуда. Почеста е кај жени отколку кај мажи (3:1).

    Објектот на опсесијата обично е непознато лице, кое никогаш не го запознало и кое има повисок социјален статус или е побогата, славна личност.
    Делузијата е во суштина погрешно протолкувани невербални знаци и однесувања на другата личност, со тоа што им се придава значење кое не постои реално, поточно другата личност не е ниту свесна за постоењето на пациентот.
    Често пати се оди и понатаму со тоа што се прави обид за контакт со личноста виртуелен, дигитален или физички и може да прерасне во stalking. А тоа понатаму може да води до поголеми проблеми заради кои пациентот завршува во болница или во затвор, на суд и сл.

    Би те советувала да побараш стручна помош.
    Да не се срамиш да отидеш на психолог или психијатар и да си поразговараш за проблемот.
    Битно е да се утврди дали делузивните идеи се пропратени и со други симптоми или не се.
    Односно дали постои пропратно и некое друго растројство како биполарно растројство или психотично растројство. Зошто делузивните идеи како симптом може да се јават и кај други растројства.
    Ако не се пропратени со други симптоми тогаш може да станува збор за делузивно растројство-еротоманија. Од дијагнозата ќе зависи и третманот и медикаментозната терапија, односно ќе биде во склад со проблемот.

    Обично третманот за делузивни растројства (кај кои е исклучено постоење на друго растројство) опфаќа медикаменти и психотерапија. Психотерапијата е индивидуална, низ разговор и може да содржи елементи на когнитивно-бихејвиорална психотерапија.

    Кога се набљудува она што личноста од интерес го објавила погрешно може да се протолкува секој нејзин гест, мимика, збор и да се сфати како порака насочена директно кон тој што гледа и да му се придодаде значење кое не постои реално (на пр. дека е изјава на љубов).

    Социјалните медиуми и самата си забележала дека ти го влошуваат проблемот.
    Тоа е затоа што објектот на опсесијата преку социјалните медиуми е подостапен за набљудување.
    Социјалните медиуми ги избришаа бариерите помеѓу луѓето и реалните пречки како физичката и временската оддалеченост, неможноста за контакт и сл.
    Кога некој своеволно објавува содржини на социјалните медиуми станува предмет на обсервација на целата јавност и нема веќе приватност. Станува подостапен за јавноста.
    Со заштитен идентитет, анонимно, од сопствениот дом, денес секој може да следи друга личност преку социјалните медиуми. Полесно е преку медиум да се контактира другиот или да се фиксира на него. Сето тоа ја потпомага, ја влошува еротоманијата.
     
    На love is illusion му/ѝ се допаѓа ова.