Samo letna depresija mene me fakja, se drugo mi odgovara. Mrazam sonce. Mi ja odzema energijata, ko kriptonit mi e.
Да, промените на годишните времиња влијаат на расположението. Самите промени во времето и траењето на денот и светлината влијаат на луѓето, ги тера да се прилагодат на промената. А тоа го прават различни лица на различни начини. Некои лица се поосетливи и може да се понерасположени како што доаѓаат есента и зимата. Прошетки во природа преку ден помагаат, исто и спортување ако не може на отворен, тогаш во затворен простор, за да се надмине чувството дека ни е ограничена слободата на движење. Хоби некое, средување низ дома, занимавање со некоја уметност или творење, читање, гледање филмови, дружби со други..има што да се прави за да се излезе од лошото расположение.
Мене градов ме депримира. Со неговото сивило и смрдлив воздух, замаглен, преполн со смог. Откако ќе паднат листовите и дрвјата ќе останат голи, и практично нема природа, толку, не ми се искача од дома. Хибернирам додека да запролети.
Е тоа баш, во ноември-декември е многу тмурен градов, заникаде е. Сега додека е вака се во боите на есента изгледа живнато уште, не се познава есента и не влијае толку на расположение.
Деновиве е сончево, нема знаци на есенска депресија, минатите денови кога залади беше смрт за преживување насабајле.
Ко што гледав прогноза до крај на октомври ќе било времево околу 20тина степени и најави за сончеви денови има.
Ух колку ја мразам, особено појака ми е по промената на времето. Колку само ми сметаат темниците. Ама си го фатив редот со поинтензивно вежбање и сакам да проверам дали ќе ја одминам или поминам во поблага форма за разлика од порано.
од ноември до март не постојам. не ме мава буквална депресија со црни мисли, ама немам воља за живот, поготово кога има облачни и врнежливи денови, надвор е ладно па не ми се искача, и обично овие месеци седам дома. Искачам, не викам не, ама поретко. Гнасно ми е да идам по улица и да ми паѓа дожд или снег врз главата, ако може да ме пече Сонце доживотно, би било топ