Предводена од дискусијата во темата "предлог за психолог", сакам да насочам дискусија тука околу: Етика и кодекс на однесување на психолог како и однос кон клиентот; Поставување на граници во односот - дали терапевтот ни е пријател, потенцијален партнер, како го доживуваме емотивно и кои се црвени знаменца; Постоење и менаџирање на трансфер и контратрансфер - преминување на воспоставени граници и проблеми кои тоа може да ги предизвика; Менаџирање на комуникација со клиент за време на сесијата и вон сесијата - колку ни должи терапевт да е постојано достапен и преминување граници. Убаво е другата тема да биди поконкретна и да не мора да се листаат страни за да се стигни до некаков предлог и информација, воедно да има простор да се коментираат важни аспекти на одењето на терапија, да се постават реални очекувања и идентификуваат проблеми и недостатоци, како и јаки страни.
Сакав да искоментирам за проблемот и дискусијата што се разви во другата тема, ама не сакав да одам оф топик па еве тука. @Aleksandar 111 мислам дека твојот проблем е што си почнал да ја гледаш психотерапевтката како потенцијална партнерка, додавање на Фејсбук, обиди за комуникација и тестирање, купување подароци, коментирање какви мажи имала за пријатели на Фејсбук а тебе не те прифатила, не е барање на емпатичен однос од психолог. Викаш си имал психолози кои биле многу емпатични и многу сакале да работат со тебе, ама не си им дал шанса за втора сесија, а на оваа од прва сесија ти делувала дека нема емпатија, ама упорно си одел кај неа две години, си се трудел си и купувал подароци и слично. Какво е тоа носење подароци на терапевт побогу. Култура и емпатија е ако даваш подароци и гестови внимание на блиски луѓе, партнер, пријател, роднина и слично, а не на некој со кого треба да имаш професионален однос на терапевт и клиент. Ти покажуваш фрустрација што не ти дала внимание терапевтката надвор од професионален однос, па сега си огорчен и удираш по цела фела. Со психолозите за да има продуктивна, етичка и објективна соработка треба да се задржи професионален однос, потребна е емпатија да, ама за време на сесии, или евентуално договорена комуникација и надвор од сесии ама со цел известување за напредок, за нешто што се работело на сесијата. ама не може да бараме да ни станат другари, партнери и слично во приватен живот. Треба да постојат граници.