Како што гледам нема ваква тема па затоа се решив да направам. Што мислите за цените и квалитетот на облеката?
Заостаната роба преку годините, повеќето од работите точно мирисаат на картон, а за квалитетот од 1 до 10 би дала 2. Само можеби јакните и палтенцата до некаде да се ок, ама останатото е навистина нула. Мислам дека порано биле подобри.
Се е демоде во однос на истите ,,марки,, во странство На пример , купи син ми Бершка капутче...убаво навистина...ама кога отворив на интернет видов дека тоа е ,,реколта,, 2001...ЗАМИСЛЕТЕ...моделче старо 14 години Затоа е и 3000 денари...
Порано, пред 5-6 години и личеше на нешто , но сега дефинитивно не. Ужас се работите. Расфрлано, цени надувани, а парчињата развлечени, прљави и многу стари колекции за тие цени. Одамна не сум влегла, ниту планирам, а од што слушам од други сеуште е така. Наликува робата на секнд хенд. Со сигурност не заслужуваат никаков промет да имаат.
Па и скапи... А гардеробата на закачалките изгужвана како од центрифуга извадена Абе катастрофа Тоа капутчето на син ми едвај го испеглав...туткано како од (ај да не кажам) извадено. На крај на хемиско го дадов да го испеглаат саглам
Ретко влегувам во Еуро Азија затоа што не сакам кога облеката е натрупана една врз друга!!! Дури и таа што е наредена на закачалки е току „набиена“ и изгужвана!!! Но, понекогаш може да се најде и нешто добро... На пример имаат евтина машка гардероба - фармерки за 300 денари, летни панталони за 100 денари, маички за 100 денари... Понекогаш може да се најде и нешто „употребливо“ , а преевтино!!! Во некои други продавници за ист квалитет на облеката плаќаме далеку повеќе!!! За себе имам купено само две памучни ролки минатата зима и тоа по 200 денари!!! Супер се погодија!!! Со тенко џемперче врз нив цела зима си ги изнаносив!!! Па така, и покрај негативностите на Еуро Азија, кога ќе имам вишак време и нерви за „тарашкање“ низ закачалките и корпите, секако ќе отидам да си купам нешто евтино!!!
За гардеробата дека им е заостана и јас потврдувам. Пред отприлика 3-4 години мајка ми ми зела 2 блузи од таму и пред два месеца кога шетавме во ГТЦ за да купиме поклон викам ај ќе влеземе да разгледаме. Тој оделот за блузи што е е хаос, расфрлано на сите страни и изгужвани што рече @referentka како од центрафуга извадени (ме изнасмеав на ова ). И таму си ги најдов баш истите блузи што ми ги купила пред 3-4 години. За квалитетот не знам каков е зашто блузите дали еднаш сум ги носел, не ми го погодила бројчето па еве и ден ден ми дремат во плакар. Забележав дека имаат убави бермуди со пристојна цена, а фармерките баш и не ми фатија око.
Јас бев пред 3-4 дена и маиците беа расфрлени но окк.Не беше скапо. Имаше шорцеви за 99 денари. Многу убави рамбовки за 99 денари. Еднобојни маички по кратки исто 99. А и со апликација беа 99. Многу добар избор на фармерки имаше. А каифчиња за фармерки буквално без пари само 20 денари. Фустани ,суњи... Се. Иако е завршено летото се уште имаат баеѓи летна роба.
Бев еднаш и се беше расфрлано на сите страни, немаше место да се помине, сето парталчиња беа, ништо не ме бендиса. Може така се погодило, шо знам.
Се токмам уште оддамна да ја искористам распродажбава за некое парталче. Вреди да отидам или се е разграбано веќе?
Мислам дека премногу се отпуштија и си дозволија гардероба која веќе е аут. Бев пред некој ден, ништо конкретно не видов. Само мали броеви и секој тексас по 50 денари, застарено и не убаво. Ниту еуроазија не беше тоа што беше. Порано можеше да се најде убаво парче облека по супер цена, сега тоа е изгубено. Немам во план да пазарувам од таму.
Извинете ме што морам вака да се изразам, ама одвратно е. Освен тоа што облеката е застарена, некако и валкана ми изгледа, лошо мириса итн. Сметам дека има други продавници каде што може да се најде и евтина а и пристојна облека. Овде повеќето парчиња се буквално неупотребливи, и без пари да ти ги дадат па да не ги носиш.
Повеќето работи стварно се лоши, али треба убаво да се види има нешто нормално. Денес си земав фармерки 200 денари, и ко пола-пола хеланки панталони 300 Иначе тенки се многу затоа уште повеќе им е симната цената. А друго ништо убаво не приметив..
Денес бев пак и си купив блуза по долги ракави за 100 денари. Имаше панталони за 100 денари. Или фармерки за 300 денари.
Се согласувам. Мене ми е таман. Немам намера да давам пари за панталони од Сити мол кои се 1500-2000, кога со сличен квалитет ќе си најдам за 500. Да, ќе пребарам, може нема да бидат нова колекција, ама не ни ми треба. Сакам нешто убаво и со пристојна цена. Моментално најдов можеби 10 пара супер панталони. Не се нова колекција, ама убави се. И маички за тие пари не знам каде има на друго место, просветлете ме ако сум грешка. И модели на Бершка и Страдивариус стари колекции сум си купила, па материјалот да не е различен од оние новите колекции во Сити мол? Не е. Ама секој со свој вкус и џеб.
Така е, се согласувам со @kjukli . Има многу убави парчиња за ниски цени. Јас секогаш кога одам натаму, влегувам во EURO ASIA. Ми се допаѓа продавницата и има многу убави парчиња за ниски цени. Стварно е за џабе. За 50,100,200 ден..сум си наоѓала многу работи ..и ден денес си ги носам. Не ми е важно дали се во мода или пак им поминала пред 2години,ич не ме интересира тоа. Ако ми се допаѓаат и ми се точни, си ги носам со мерак Од мене за EURO ASIA.
Вчера бев во Еуроазија и останав запрепрастена Продавницата личи на селски вашар Се што е истакнато е по 20, 99,299 денари.Квалитет никаков. Нечисти, гужвани... Ова ли беше Еуроазија од пред 2-3 години ???
Не знам колку се сеќавате ама пред 4-5 години цените во Еуро Азија беа огромни. Продаваа стари колекции на Бершка,Зара и Страдивариус купени на кило од Грција. Тогаш кај нас ги немаше овие продавници,па моделите ги привлекуваа купувачите многу. Јас знам дека сум гледала блузи што сум ги купила во Солун за по 5е,со цена од 3000 денари кај нас и тоа неколку години подоцна. Откако се отворија Бершка и Зара во Сити мол сите престанаа да купуваат во Еуро Азија,па ги намалија цените,а со тоа и вложувањето во продавницата. Имаат помал ќар и затоа не вложуваат дополнително во продавачки за да чистат и редат, да ја диплат облеката. Моментално е хаос ,продавницата мириса на прашина и застоено,се е нафрлано по земја. Навредувачки е спрема купувачите,тоа што ставиле ниски цени,ама го направиле самото купување понижувачко,затоа што облеката е по земја,искината,истуткана и делува валкано самата продавница.