Еутаназија - убиство од милосрдие

Дискусија во 'Психологија' започната од Belen, 26 август 2010.

  1. Belen

    Belen Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    62
    Прашањето дали еутаназијата како начин да се заврши животот на терминално болните, отсекогаш будело жестоки дебати.

    Приврзаниците велат дека животот е право на избор, а дека квантитетот не го мери неговиот квалитет. Еутаназијата би ги спречила маките на самиот болен, со што би му овозможила достоинствена (а не болна) смрт, но и на неговите блиски. Аргумент кој што ја поддржува еутаназијата е и заштедувањето на финансиски средства. Исто така, битно е да се спомене дека со трансплантација на органите од болниот, можат да се спасат многу други животи.

    Противниците, пак, велат дека ниеден живот не смее да се стави под прашалник, и секој живот е вреден за живеење. Тие го поставуваат прашањето, кој е доволно комптетен да решава за нечиј живот (во случаи на кома, кога пациентот не може сам да решава)? Исто така, тие веруваат во чуда, велат дека се случуваат, а впрочем и дека медицината денес е многу напредна. Велат, убиство, па макар и од милосрдие, е убиство - одземање нечиј живот.

    Во повеќето земји во светот, еутаназијата е забранета. Една од ретките земји кои ја дозволува оваа опција, е секако, најлибералната Холандија, меѓутоа строго ги детерминира условите за вршење на еутаназијата.

    Што мислите вие за ова прашање? Дали ја оправдувате или не? Зошто?

    Не знам дали Психологија е вистинскиот избор за темава, поради тоа и долго се воздржував да ја отворам. Ако утнав, простете. :wasntme:
     
  2. Lolipop23

    Lolipop23 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    3.545
    Допаѓања:
    15.934
    Пол:
    Женски
    Многу пати имам размислувано на темава. Јас лично ја оправдувам. Најмногу во случај кога смртта е неизбежна а се присутни неподносливи болки, кога лековите не помагаат... за да не ја трпи болниот таа агонија подобро е да му се скратат маките. Во случаи на кома, не го оправдувам.
    Не би сакала да сум изршителот, во никој случај. Сепак е одземање на нечиј живот.
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    167
    Често размислувам на оваа тема.И јас ја оправдувам.Во случај кога знаеме дека се работи за денови или саати кога смртта ќе настапи и ако личноста трпи неподносливи болки,да,ја оправдувам.
    Никогаш не би оправдала еутаназијата на лица во кома.За нив постои поголема шанса дека некогаш ќе се разбудат.Минимална,ама поголема отколку во првиот случај.
    Мислам дека треба да се легализира и кај нас.Да се утврдат строго границите и мерките и во кои случаи е дозволено да се изврши еутаназија.
    Мислам дека би имала срце и храброст да ја извршам.Којзнае....Можеби гледајќи мои блиски како патат сум отрпнала,па сум во состојба да го извршам ова.....
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  4. swatki4ka22

    swatki4ka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    секако дека ја оправдувам темата и мислам дека имам храброст да ја извршам,мислам дека и оние на кои би требао да се изврши, евтаназијата го посакуваат тоа но немаат храброст да го кажат!!!
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    486
    Се согласувам со цитираното, т.е. јас сум противник.
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.899
    Допаѓања:
    75.674
    Пол:
    Женски
    Точно е дека секој живот е вреден за живеење, но каков е тој живот ако човек е во кома, и ако мозокот му е мртов? Каков е тој живот ако организмот му функционира единствено со помош на апарати? Не знам дали би ја оправдала еутаназијата во тој случај, ама мислам дека тука нема друго решение. Апаратите кога-тогаш мора да се исклучат. Тука не ги сметам оние случаи на кома и коматозни состојби каде организмот самиот функционира, иако послабо и со мала помош од медицински апарати и помагала. Тука секогаш постои можност човек да се разбуди од кома, без некои особени оштетувања. А во случаите на тешко болни, не знам... јас лично немам сила да направам нешто такво, макар било од милосрдие. Знам дека е тешко, дека болките се силни, дека тие луѓе ненормално страдаат и самите свесно би одбрале да бидат мртви отколку да ги трпат тие болки.
    Од друга страна, сметам дека не е наше да судиме чиј живот кога ќе заврши, за тоа верувам дека горниот кажал кој до кога ќе биде на овој свет. Според тоа, не ја поддржувам еутаназијата ниту кај луѓето, ниту кај животните, и не сметам дека треба да се легализира.
     
    На LadyC, Lady Phoenix и tessie им се допаѓа ова.
  7. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    387
    Специфична тема за која може секогаш да се дебатира во однос на позитивно или негативно мислење. Еутаназијата долго време била осудувана и лицата кои ја вршеле.Според мене еутаназијата е оправдана само во х случаи,во случаи кога нема никаква надеж.Во такви случаи самите тие кои се во таква положба би посегнале кон самоубиство доколку би биле способни да го направат тоа.Но многу често се случува воопшто и да неможат да го сторат тоа па бараат некој друг да го извшти место нив.Течко е да се издржи болката и мачењето,па кога нема надеж зошто само да има мачење кога може тоа да се скрати.Кога јас би била во таква ситуација(пу,пу недај боже млада сум уште) зошто да не ми се скратат маките,не би сакала да мачам и да бидам во живот кога за ништо не би била корисна.
     
  8. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    558
    Секој живот треба да трае оноилку колку што е судено, но на ниеден човек не му е судено да се мачи. Туку треба да ужива во благотетите што животот ги нуди. Не знам како би постапила, стварно, но доколку некој се мачи доолго време а знам дека едноставно кога тогаш ќе дојде крајот, во тој случај се согласувам. Иако пак ке кажам, многууу е тешко. Знам кога тато боледуваше, ни беше кажано, дека спас нема, но мајка ми не дозволи да му се скратат маките.
    Е сега, ајде вака..Со тоа му ги кратиш маките на болниот, своите маки. Од друга страна, едноставно сам решаваш да изгубиш некој човек. Не знам едноставно како би постапила.
     
  9. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.136
    Пол:
    Женски
    Противник сум за да се врши еутаназијата, сметам дека ниеден човек нема право такво нешто да направи,да одземе нечиј живот.Медицината постои за да спаси живот,а не да одземе нечиј живот,иако имаше,а можеби и има случаеви кај нас,каде што место да му се помогне на пациентот кој што има ужасни болки,се случува обратното го оставаат да умре,без разлика колкави и дали се подносливи болките кај пациентот,медицината е таа која тие болки може да ги излечи или да го намали интензитетот на болката.Во однос на тоа, зарем медицината постои да одземе нечив живот или да одржува во живот и да го оздрави болниот човек? Нормално,бидејки веќе се знае одговорот зошто постои медицината,тогаш сметам дека воопшто нема потреба од еутаназија, незнам како може некој такво нешто да направи,а иако веќе се прави, всушност свесно се одзема нечиј живот.Дали е убиство од милосрдие или не, исто е нема никаква разлика.Човекот е роден за да живее,да умре од природна смрт,а не да биде убиен.
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lolipop23

    Lolipop23 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    3.545
    Допаѓања:
    15.934
    Пол:
    Женски
    ^^ Горде се мисли на случаи кога медицината веќе не може да помогне. Кога пациентот не реагира на лековите, кога ни морфиумот не може да му ги ублажи болките... Кога се знае дека има уште малку живот, зошто да се трпат такви неподносливи болки и маки. Најчесто свесните пациенти, сами одбираат да го завршат животот предвреме отколку да умрат во агонија.
     
  11. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    480
    Имаме толку многу дебатирано на оваа тема. Пред се да кажам дека ја оправдувам, затоа што некогаш луѓето кога се западнати во тешки болести, едноставно губат желба за живот. Има многу примери во кои пациентите буквално самите ги исклучувале апаратите и ги гризеле цевките кои им биле поставени на телото. Кога пациетот веќе е дојден во крајна фаза на болеста за која нема лек - го оправдувам тоа.

    НО, никогаш не би имала храброст да речам - исклучете ги апаратите. Ветеринарот кој се грижеше за моето куче ми рече да го успиеме затоа што страдаше од повреда, но никако не можев да се одлучам да го успиеме. А се работеше за куче - не за човек.
     
  12. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.659
    Допаѓања:
    7.588
    Каков живот е тој со болки? Кога неможе ни медицината да помогне, што друго останува? Јас ја подржувам еутаназија. Точно дека не треба да се одземе нечиј живот, но ве екстремни случаеви само тоа останува. А и секако овде е фактот дека органите можат да служат на некој од кој му зависи животот. Имам гледано ваков филм и многу ме трогна. Немаше што повеќе да се направи за дете да оздрави, па само тоа остана. Последната желба му беше да ги донира органите. :(
     
  13. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.808
    Пол:
    Женски
    Тема за длабоко размислување. Можеби е добро да му ги скрати маките на некој, да не трпи ни болката сопствена, ниту пак останатите да ја трпат. Ама па сепак, еве ви еден чист пример, можда малку скршнува, ама отприлика тоа е. изгубив јас братучед во сообраќајка, 8 годинки имаше. Е сега, често пати тетка ми знаеше да рече, нека немаше нозе, раце, нека беше искршен, глув, слеп, ама да беше жив. Ама не било баш така, во комшиите имаше девојче на негова возраст, страдаше од церебрална парализа. Одеше некое време, падна во кома. Лежеше некое време во болница. И така мајка му знаеше дека кога тогаш ќе ја нема, ама сепак, беше жива. И кога почина девојчево, првиот збор на мајка и беше- цел живот јас ќе ја жалам, ќе бидам црна во срцето, ама сепак вака е подобор, да не се мачи таа, да не се мачам јас. Значи ни така ни така. Мила е животта, ама додека не почне да станува премногу болна. За себе би рекла, не дај боже, ако треба да решат, нека ме исклучат. А јас не би имала срцџе да му ја одземам животта на некој така, без разлика колку етој болен. Донирањето органи ми е мрачна страна. Себично можеби, ама не би сакал некој мој близок да ми го дадат искостен. Себеси можеби.
     
  14. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    539
    Пол:
    Женски
    ja opravduvam eutanzijata vo slucaevi kade nema nadez,ako pacientot trpi nepodnoslivi bolki ili ako mu otkazale veke site mozocni funkcii i samo so aparati se odrzuva vestacki teloto vo zivotot a vsusnost nego veke go nema.za tie sto se vo koma a mozat nekogas da se razbudat e veke drugo,ako ima nekakva nadez,ama ako nema ako samo vegetira taka receno zosto togas da se izmacuva i bolniot i negovite bliski.nekoj ke rece- neka e ziv pa makar nemal i race i noze,ili bil celosno paraliziran i sl,ama kakov zivot e toa ,toa veke ne e zivot..zdrav prav covek pa zapaga vo depresii a kako se custvuva nekoj so ne e sposoben voopsto sam da se grizi za sebesi da se dvizi nisto da napravi sam i sl so na nekoj nacin e teret i za sebe i za drugite,na tie luge im e mnogu mnogu tesko..bog da ne cuva samo,najgolema maka e toa.ama da se najdam vo pozicija jas da odlucuvam za necij zivot,neznam sto bi donela odluka.sepak toa ne e taka ednostavno,da doneses odluka da skratis zivot na najbliskiot iako znaes deka toa e najdobro za nego i neizbezno.skraja da e od nas samo.
     
  15. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.100
    Допаѓања:
    9.343
    Ја оправдувам во случаи каде што се трпат огромни болки, каде што неможе да се помогне, а е на прагот на умирање. СЕКАКО, со согласност на самиот човек. И во случај кога човекот е во кома, нема шанси да се разбуди, односно мозокот му е мртов, само срцето чука. Во тој случај, би го подарила срцето, има толку луѓе што им треба здраво срце, а тој истиот човек кој е во кома, не му е потребен односно нема шанси да преживее. Па и подобро да има еутаназија, отколку сам да се убие човекот.

    Не ја оправдувам во случаи каде што има шанси за преживување, каде што не се трпат болки, каде што се во кома, но има шанси да се разбудат. Не е човечки тоа, немаш ти право да му судиш колку да живее. Можеби ќе се разбуди, па ќе си го продолжи со животот како ништо да не било. А и да е болен од рак, сида, и слични болести на кои нема лек, и би се умрело за неколку месеци, денови, недели, сепак, би било убаво да си продолжи со животот колку што може повеќе.

    Како и да е, да се легализира, НО само во ЕКСТРЕМИ случаи.
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.851
    Меч со две острици.

    Од една страна добро е во однос на се што досега набројавте (да се скратам маките и на болната особа и на нејзините блиски).
    Од друга страна, лоша е злоупотребата на евтаназијата од ниски побуди (па првенствено би добила облик на убиство од користољубие, отколку од милосрдие), заради тргнување од патот на болната особа, оставање на наследство, итн.

    Би кажала дека сум за, доколку е комплетно медицински утврдено дека спас нема, а состојбата е со константни болки за лицето, а и повлекува огромни болнички трошоци за семејството. Бидејќи во евтаназија може да се вклучи и случај на здрав нервен систем, но трајно неправилно функционирање на органите, тука посочувам на согласност од болното лице.
    Братучеда ми носеше бебе, здраво и право, кое по грешка на лекарите остана без кислород во мозочето при породувањето. Следствено, по милиони испитувања се докажа дека ке остане со трајни мозочни деформации, кои знаете, се одразуваат на целиот организам и понатамошен живот на плодот. Уште веднаш лекарите предложија да се исклучи од апарати, за да не се мачи детето цел живот, а со него и неговите родители. Не се согласија... Бебето умре после неколку дена.
    Тука што да се каже? Што би било подобро? Да се мачи цело семејство цел живот или подобро без него?
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    711
    Многу ми е темава непријатна за дискусија, ама ќе напишам што мислам.
    Најпрво една случка која беше пред многу години - на наши роднини, па нивни најдобри пријатели - и жената и мажот доктори(жената професор на медицински факултет, а тој доктор специјалист на Хематологија). Дома имаат син прекрасен, единец...Мажот дознава дека е болен од канцер на меките ткива и тоа канцерот пуштил метастази во цревата, црниот дроб и се ширел накај срцето и белите дробови...Кога започнува состојбата да му се влошува и гледа нема да се спаси - врши самоубиство со пиштол! Значи ова беше пред многу години и јас бев многу мала и бледо се сеќавам на тие луѓе..Сега не ни знам што е со синот и мајката... Иначе не дај Боже јас да би се нашла во некоја ситуација, да бидам тежок инвалид од сообраќајка или пак да имам некоја неизлечива болест - сама ќе си ги скратам маките...Ќе се спасам и себе и моите најблиски...Нема да чекам ниту еутаназија, а ниту пак спонатана смрт...Непријатно е многу сето ова....... :x :x :x
     
  18. NoAvatar

    NoAvatar Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Еутаназијата е постапка (не би рекла убиство) која е последниот избор на еден човек.
    Замислете ја мајката до болничкиот кревет на 19 годишната ќерка, секоја ноќ со недели ја слушаше како практично вреска од болки, рацете и се модрици од стискање ... девојчето беше практично во делириум од болки, морфиумот ја успиваше само на неколку часа, мајката тогаш одеше дома и повторно назад на клиника.
    Канцер на мозокот раширен од лимфните жлезди, бели дробови ... нема можност за оперативен зафат, каде попрво да ја отворат... Девојчето секоја ноќ ја молеше мајката за помош, криците беа неиздржливи за тугинци, а како и беше на таа мајка. После 2 недели девојчето западна во длабока кома и на крајот почина.
    Во овој случај еутаназија ќе беше милосрдие, ќе беше спас од болките но, никој немаше храброст. Како да се откажете од борбата за живот на некој близок и тоа толку млад.
     
  19. snegulka21

    snegulka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    88
    Мерлинка...во примерот што го наведе според мене најдобро е да се свирне по еден куршум на лекарите кои ја направиле грешката!
    Инаку јас сум ЗА еутаназија во случај кога нема др. излез и нема никаква надеж за болниот,во спротивно верувам во кажаното "Чуда се случуваат постојано"!
     
  20. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    4.507
    Допаѓања:
    51.630
    Пол:
    Женски
    Сум за! Кога веќе нема спас за таа личност зошто да се одолговлекува смртта и да се загрозуваат и другите животи на здравите личности. Еве и мој пример зошто сум за. Татко ми пред 19, веќе 20 години добива излив на мозок, во болница околу половина година. Од едно одделение го праќале на друго, од таму на трето итн и на ниту еден одел не сакале да го задржат, бил тежок случај. Многу пати го оставале по ходници со денови. Тогаш мајка ми фатила врски и го сместиле во болница преку некој си јак доктор. Татко ми никако не функционирал, цела фамилија била постојано покрај него, а најмногу мајка ми. Дома јас 3 години и сестра ми 1 година со баба ми која едвај одеше, инвалид и таа со штаки. Сестра ми се разболува ја остават во болница, а мајка ми каде попрво кај татко ми кој умира т.е е жив мртовец или со сестра ми дете кое допрва треба да расте. Некои доктори ги убедувале дека нема да преживее,а некои ги убедувале да го носат во Германија на операција. После долга борба за живот или смрт цела фамилија попуштена со здравјето одлучуваат да го носат во Германија, дедо ми решава да продаде се, само да се спаси татко ми. Угриновски ги убедувал да не го носат зошто ќе умре по пат, но не дедо ми решил. Татко ми умира ден пред да се продаде куќата. Сакав да кажам тој немало шанси да се спаси, сите се разболеле, сестра ми завршила во болница среќа нема последици, ќе сме останеле без ништо, а тој секако ќе умрел. Често и велам на мајка ми зошто не го исклучиле порано, зошто се мачеле кога немало спас, зошто кога знаеле дека ќе умре?
    Исто внук од братучед, уште додека била бремена снаава и кажуваат дека детето нема да биде нормално. Ја убедува докториве да абортира таа не сакаше. Го роди, а тоа сиротот има 3 и пол години, нит јаде, нит збори, едвај оди, не разбира ништо, видот му е слаб, внатрешните органи му се многу мали итн. Сега се кае зошто го роди.
    Јас често им велам на моите ако некогаш Не дај Боже ми се случи нешто и не се знае дали ќе останам жива ,а сум веќе накај мртвите да не размислуваат.