1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Еутаназија - убиство од милосрдие

Дискусија во 'Психологија' започната од Belen, 26 август 2010.

  1. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Уффф... дискутабилна тема БЕЗ СОМНЕЖ!!!

    Неможам да се одлучам дали ја оправдувам, ама дефинитивно не сум ПРОТИВ, не знам зависи од многу околности.

    Само се прашувам кој човек би имал милост да ја изврши еутаназијата? :^)
     
  2. mence91

    mence91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    11
    Некој велат НЕ некој велат ДА. Но јас која што сум имала многу блиска личност во животот,која што умирала во страшни болки без да се има ниту една трошка надеж за подобрување на ситуацијата, секако дека велам ДА.
     
  3. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Дискутабилно прашање од поглед на нештата дека кога станува збор за блиска личност, некој кој ви е драг, вие секако сакате тој да е тука, на овој свет и да биде покрај вас. Макар врзан за триста апарати, макар тоа што не ве слуша, ниту гледа и одвај дише.
    Од друга страна пак, сметам уште потешко е кога истата таа личност живее, ако може да се каже дека живее живот кој е при самиот крај, и ќе заврши болно, со маки уште поголеми од тие кои моментално ги претрпува.

    Тежок е изборот, дали да бидете себични и да го оставите тука уште малку, со вас или пак да му ги скратите маките и отиде на место, каде болката ќе ја снема и нема да се чувствува воопшто.
     
  4. LadyEj

    LadyEj Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    128
    Оправдувам, меѓутоа многу е рано во нашево земјиче да се легализира зошто ќе се злоупотребува. Инаку оправдувам во случај кога личноста е ментално свесна, значи со здрав разум (тука се исклучува можноста некој во депресија да побара да биде еутанизиран), потоа во вегетативна состојба која трае повеќе од 6 месеци (со претходно потпишан документ, како што постои во некои земји.. луѓето си потпишуваат дека доколку некогаш се најдат во таква ситуација, би сакале да им се исклучат апаратите), во случај каде некоја личност се среќава со многу големи неиздржливи болки, во последен статудим од рак на пример. Едноставно, во моменти кога животот престанува да биде живот! Жив си, меѓутоа не си состојба да ги прегрнеш најблиските, те боли нивниот допир. Не можеш да отидеш во тоалет, да си свариш кафе.. не можеш ништо всушност! Ти се деформира цело тело и слични работи на ова. Покрај твојот живот, уништени се животите и на твоите најблиски. Доколку се знае дека ќе починеш за 2 недели, во огромни болки, подобро е сега за да им оставиш простор и на твоите да те запамтат подобро, а и себеси да си овозможиш достоинствена смрт. И секако, тука се спомнува и правото на избор што го поседува секој човек.
    Сепак е тешко изводливо, темава подложи на големи дебати. Како контра аргумент најпрво се зема тоа што човековото право на живот е најприоритетното нешто, не може да се споредува со ниедно друго право. Потоа има случаеви кога дури и по 2-3-4 па и повеќе години во кома личноста се буди, можеби е една во милион, процентуално 0,00000000001% има шанси да се разбуди некој, меѓутоа кога е во прашање човечки живот штом шансата е поголема од 0, сепак постои! :!: И + лесно е да се зборува од оваа положба, но доколку се најдам во ситуација каде што некој од моја блиска околина треба да се соочи со ова, можеби поинаку ќе размислувам..

    Добра тема, во секој случај. :clap:
     
  5. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Навистина е тешка темава за дискусија. :x Не дај Боже да дојде некој во ваква ситуација, изборот никако не би бил лесен.
    Јас до некаде ја оправдувам еутаназијата, значи САМО ако медицината веќе неможе никако да помогне, ако смртта е сигурна и неизбежна. Во тој случај страдањето ќе биде залудно, ужасно тешко и за болниот и за неговите блиски.
    Од друга страна, некој ја спомна можноста за преживување, која секако ја има. Постојат случаи за кои се мислело дека се безнадежни, но луѓето за среќа преживуваат, се извлекуваат.
     
  6. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Тема на која имам дискутирано со часови. Јас сум против еутаназија иако сум свесна дека некогаш е подобриот начин и дека некогаш претставува добро. Ми смета фактот што повредените животни се еутанизираат без големо размислување, за разлика од луѓето. Тоа многу ми смета. На пример куче го повредило ’рбетот, останало инвалид и се еутанизира. Дали тоа значи дека и луѓето во количка треба да се еутанизираат? Ако е за едните добро и хумано, зошто не е за другите? Темава е премногу сложена, а и не може секој да го работи тоа. Едноставно да преземеш судбина во свои раце можеби е преголема работа, во моментот изгледа дека е ок, со добра цел, но верувајте на тие луѓе порано или подоцна тоа премногу им се одразува на психа.
     
  7. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.940
    Допаѓања:
    10.073
    Многу пати сум размислувала и дебатирала на темава. Некогаш едноставно тие болки се толку неиздржливи и стануваат се полоши во текот на времето, а нема апче што може да ги спречи ниту пак лек за болеста. Луѓето веќе не се при себе и немаат ама баш никаков квалитет на живот. Стигаат до случаи и сами да се самоубијат со последните сили. За случај на кома мислам дека е најтешко да се одлучи пошто сите се надеваат дека сепак има барем малку надеж. Во овој случај има и опција за дарување на органи, за којашто сум апсолутно за. Тешки моменти се, но не треба да се размислува себично за тоа како би се чувствувале ние, туку да му се помогне на тој што е болен. На крај краева за тоа одлучува тим на лекари, а не само поединци. Верувам дека има голем број на лекари што би извршиле еутаназија доколку законски е дозволено, поради тоа што некогаш има такви случаи што едноставно не можеш да останеш рамнодушен.

    За крај постои една реченица до која што се држам - Секој заслужува достоен живот, но и достојна смрт!
     
    На Oxymoron му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Да, ако болниот умира во агонија. Плус, не е само да си жив, треба и да живееш, џабе живот ако само вегетираш.
     
  9. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Од секогаш ми било тешко да се одлучам дали сум за или против.

    Доколку би била доктор и од мене самиот пациент побара вакво нешто мислам дека би го направила тоа, иако тешко би се одлучила да пресечам, да пресудам за нечиј живот. Но, ако знам дека нема спас, пациентот е во агонија од болки, морфиум не помага, не помага ништо и прашање на време е кога ќе настапи смрт, а пациентот свесно ме моли, тогаш да. Се сеќавам имаше ваков случај во „Вовед во анатомија“ и сосема го оправдав.

    Ако се работи за мој близок и од мене се бара да им дадам знак на докторите, не знам баш дали би ја имала таа храброст и покрај тоа што би била свесна за се. За овај случај не ни сакам да размислувам.

    Ако сум јас во прашање и ако сама си побарам тогаш сакам желбата да ми биди исполнета. И со две раце потпишувам за донирање органи, иако многу луѓе со кои сум разговарала се грозат од оваа постапка, но тоа веќе е друга тема.
     
  10. mihaela.barbi

    mihaela.barbi Нов член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    138
    Дефинитивно не оправдувам Еутаназија, бидејки кој е тој што ке процени дека некој треба да се еутаназира, бидејки оние кои што треба да удлучуваат за себе не ретко се во без сознание а и да се при свест, тешко дека некој во таква ситуација правилно би расудувал дали е подобро ова или она. Јас мислам се додека човек дише има надеж и вреди да се живее секој ден ма колку и да е тој тежок, и никој нема право да одлуува за ничии живот ма да колку и да се неговите намери добронамерни.
     
  11. LadyEj

    LadyEj Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    128
    Зборуваме за случај каде што веќе НЕМА надеж.. човекот дише, жив е, ама не живее! Тука е разликата, неговиот живот престанал да биде живот. Пример, се наоѓа во последен стадиум од рак, морфиум не помага, не знае каде се наоѓа од болки, знае дека ќе умре за една недела. Каде е тука надежта? И да, никој нема право да одлучи за туѓ живот.. во прашање е доброволност, 100% согласност од личноста :!:
     
  12. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.648
    Еутаназија е медицинска помош при умирањето т.е медицинска помош при самоубиство! Причини има повеќе : сериозно неизлечлива болест, понижувачки животни услови, или мислење дека кога доаѓа смртта би била болна!
    Приврзаниците на еутаназијата мислат дека во таквите примери мора да биде одобрено да докторот ни помогне да умреме спокојно и достоинствено! Оние пак што се противат на тоа мислат дека никој нема право да одлучува на прашањето за животот или смртта на една особа! Тука се конфронтираат ЕТИЧНОТО, ПРАВНОТО И РЕЛИГИСКОТО ПРАШАЊЕ!
    Значи тоа е една од најголемите етични дилеми денеска не само во здравството, туку и во надворешниот свет! Да или не? Тоа е индивидуално!
     
  13. Marija0505

    Marija0505 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2012
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    3
    Како би можел да знаеш како ке реагираш се додека не се најдеш во ваква тешка положба,јас мислам дека колку пати и да размислувам неможам да кажам дали сум За или сум ПРОТИВ.....мн ќе зависи од околностите.Меѓутоа тргнувајќи од мојот став дека сите луѓе треба да ги памтиме по добро,да им помагаме во најтешките моменти и првенствено секој човек не заслужува само да живее туку и да има услови за живот.......не ми можела да се замислам некој близок мој да умира од болки,да го гледам без боја на лицето и да ме проколнува да му ги олеснам маките да му помогнам а јас само да го гледам тажно и да кревам раменици.Никој не вика дека нема да ми биде тешко што ке изгубам некоја толку драга особа,меѓутоа ќе знам дека сум и помогнала и во последен момент ,сум била до крај со неа ,сум направила се за неа......и доаѓа крајот на секое човечко патување,нема веќе лек,нема веќе што да се направи......дали мене ми менува тоа што 2 месеца или 2 недели ке го гледам некој подолго,а како ќе го гледам ......без животно,без трошка искра,насмевка,а да на него /нејзе тоа многу и мењава,уште 2 недели,месеци агонија,измачување се многу.....Затоа би кажала лесно е да се каже од овој аспект,меѓутоа оди соочи се со ова.....Јас лично би сакала да заминам достоинствено,и да им останам во најубаво сеќавање на моите најблиски...насмеана,весела позитивна,и дефинитвно одобрувам трансплантација на моите органи,затоа што којзнае колку човечки животи чекаат да бидат спасени,и не ми била мирна таму негде горе знаејќи дека нешто од мене можело да спаси нечиј живот а не е така.
     
  14. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Jас на тв гледав еден болен човек, абе инвалид, со болки, плачеше,молеше да го успијат, ама одбиена му беше молбата.
    после некој ден почина.
    Jас сум 3A, зашто некои да страдаат во тешки болки, кога знаат дека нема да завршат...
    Aко човекот сам сака, нека биде успиен, а не да живее мизерен живот.
    и сметајте ме каква сакате, ама јас да родам вакво дете

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
    Jас ќе барам да биде успиено,колку и да ми е тешко, нема да дозволам да живее мизерен живот вакво, особено кога ќе порасне! Tргам од себе, да сум била ваква, и да ме оставеле моите жива, ќе ги колнев!
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  15. lana8

    lana8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    180
    Верувале или не, бранев ваква тема по етика.
    Беше многу тешко со околност на професорката, и на учениците откако ја сфатија темата.
    Имаше различни ставови, дискусии, примери. Но сите заклучивме се додека (не дај Бог) се најдеме во таква ситуација, ние да пресудиме, не можеме да зборуваме на оваа тема.
    Но од ова гледиште јас сум ЗА, но во неколку случаеви:
    Кога човекот е тешко болен, нема лек, има јаки болки, смртта ја гледа, но е жив.
    Кога јас би имала дете со тежок хендикеп (една од работите што ми предизвикува солзи и сожалуавње)
    никогаш не би можела да го изгледам, јас би западнала во тешки депресии, зошто моето дете да страда, тоа не е за ништо криво, а камо ли тоа да раста во ваква сурова околина, особено во нашата трула држава. Не би поднела како се мачи и тоа и јас па затоа најдобар избор би било еутаназија.
    Сега се ежам дури пишам за оваа тема, а камо ли да се најдам во таква ситуација.
    Верувајте тешко е да се збори за оваа тема, а не да се брани пред цел амфи...
    Страшно. Од една страна го спасуваш од маките, од друга одземаш живот. Каков таков- еден е животот.
     
  16. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Јас го подржувам ова! Мислам дека сепак тоа не се смета за убиство, бидејки само смртта доаѓа некое време порано и не е болно, а како што се спомена ако се здравби органите може некој живот да се спаси! :) Затоа јас мислам дека тоа не е убиство и го одобрувам! :|
     
  17. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.387
    Допаѓања:
    5.846
    зборовите на хипократовата заклетва: нема никому и да ме моли да му дадам смртоносен отров туку ќе мму дадам корисен совет -тоа би било вистински хуманизам

    Таа не е решение за тешко болните луѓе и се смета за кривично дело...но е правилен избор за нив доколку се покрај нив најблиските...зошто да се мачат во болки кога им се гледа крајот..
    .но секое чудо за 3 дена-ретко
    Ќе си го убиеш детето??? :^)
    ете и јас ја бранев оваа тема во амфи.
    за болен пред смрт да се согласувам..но за случај со хендикеп или слично нема шанси..
    црквите велат друго...бог ни дал живот но и смрт како дар....а не ние сме ја измислиле медицината и оп јаде не те бидува нема чудо да се деси за 1 ден ќе те средиме...а каде се заклетвите на лекарите...точно дека е дозволено во некои држави...но..
     
  18. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    339
    Ја видов темава и се мислев дали да ја отворам или не. ЕУТАНАЗИЈА многу грдо звучи, со професорот по етика долго дискитиравме на таа тема ни кажуваше најразлични примери и на крај не дојдовме до никаков заклучок од една страна сакаш да му ги скратиш маките на болниот неможеш да го гледаш како страда а од друга страна од каде ти е правото свесно да одземеш човечки живот јас искрено како иден лекар незнам како би постапила доколку некогаш во мојата кариера се најдам во таква ситуација премногу дискутабилно прашање
     
  19. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.387
    Допаѓања:
    5.846
    точно само не знам дали кај нас е дозволена со закон-мислам не беше.... во одредени држави Е дозволено тоа...
     
  20. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    339
    не не кај нас не е дозволено