1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Еутаназија - убиство од милосрдие

Дискусија во 'Психологија' започната од Belen, 26 август 2010.

  1. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    И едната и другата опција си имаат свои предности и недостатоци.
    Токму поради тоа е комплицирано да се донесе одлука.
    Кога јас(не дај боже)би била во ситуација да одлучам,мислам(но,не сум сигурна)дека би оставила Господ да си го каже последниот збор.
    ...не сум доволно храбра за таков потег.
    Да,има безброј неизлечливи болести,во многу ситуации нема надеж,можеби еутаназијата би било крајно решение,и јас би го знаела тоа.Но...мислам дека сепак не би дозволила.
    Првото нешто што би се запрашала би било : која си ти да правиш вака?! Тоа прашање ќе биде дел од мојата совест,која ќе ме прогонува цел живот.А јас не сакам да живеам на тој начин.
    Незнам..темата е навистина дискутабилна,како што моето мислење е прифатливо за некои,така и јас ги прифаќам мислењата на приврзаниците на еутаназијата.
     
  2. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.481
    Пол:
    Женски
    Не би се осудила да му се мешам во работата на Бог, ако тој одредил некој да живее и да се мачи која сум јас да кажувам.

    Ама кога ке го слушнам зборот секогаш ми доаѓа во глава најпотресната сцена од филм. Во ‘‘Девојка од милион долари‘‘ таа постојано му раскажува на тренерот за тоа колку татко и си го сакал кучето. На крајот девојката е веќе без нозе, со мали шанси за живот и големи болки и му вика на тренерот ‘‘Ти имам ли кажано што се случи со кучето на татко ми? Беше многу старо и болно, па да не се мачи татко ми го уби‘‘. Со тоа му даде на знаење да ја убие.
     
    На Irrepleceable му/ѝ се допаѓа ова.
  3. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.831
    Пол:
    Женски
    Едниствено ако болниот се сложи да го прекине неговиот живот, само тогаш би оправдала, во спротивен случај никако. Секој заслужува да се бори до крај, зошто единствената желба на болниот е да оздрави. Понекогаш иако знае дека состојбата нема да се подобри мора да помислува на убавите мигови во животот, за да почине спокојно. :)
     
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.746
    Допаѓања:
    32.112
    Пол:
    Женски
    На мене не ми се допаѓа ова. За многу болести нема лек и таквите болни во еутаназијата го гледаат спасот. Јас не би направила такво нешто. Не знам дали тоа е дозволено кај нас.
     
  5. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.289
    Не знам.... сепак е убиство...
     
  6. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.461
    Допаѓања:
    39.664
    Пол:
    Женски
    Јас не би можела да се вмешам во Неговата воља.
    Ако Тој рекол дека некој треба да живее, ќе живее, не би можела да го направам ова на некого.
     
  7. Evertsen

    Evertsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    102
    Не оправдувам и го поддржувам македонското казнено законодавство во тој поглед, кое еутаназијата т.е убиството од благородни побуди го смета за казнено дело и за него предвидува казна затвор од 6 месеци до 5 години.
    Сметам дека се коси со неприкосновеното право на живот загарантирано со Уставот и многуте меѓународни конвенции, сметам дека се коси со медицинската етика, не го поддржувам ниту од религиозен аспект, а пред се коси со мојот морален и етички критериум.
     
  8. Aryana

    Aryana Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2013
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    70
    Не ја поддржувам од причина што сметам дека Бог треба да одлучи кога треба да заврши нечиј живот а не ние, колку да е тешко и комплицирано.
     
  9. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Да се одземе живот за да се скратат маките на животот. Па не знам. На никој не би го направила ова. Се замислувам себеси, лежам во болнички кревет се мачам и последната капка енергија ја вложувам, а шансите ми се мали и на некој му е жал да ме гледа така и му вели на докторот апаратите што ме одржуваат да ги исклучи и да умрам. А што ако би можела да живеам уште? Ако веќе се согласи болниот тоа е веќе друго 20 ама пак не би направила такво нешто. Колку е пишано толку.
     
  10. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Апсолутно поддржувам еутаназија. Разбирам дека сите вие го гледате чинот премногу романтичарски и филмски, но во реалноста постојат некои работи кои не се како на филм.

    Знам дека љубовта кон блиските со ништо не може да се купи, но по некогаш треба да се пресече конецот за оние луѓе кои вегетираат. Тоа не значи дека треба да се убијат сите кои скршиле нога, туку ретки ситуации, ситуации од кои едноставно нема излез.
     
    На srcence1607 и Ilinaaa им се допаѓа ова.
  11. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Поддржувам и оправдувам.
     
  12. anaantonia

    anaantonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    122
    ја подржувам
    станува збор веројатно за инекција која му ја ставаат ,прво му ги стопираат нервниот систем за да не осети болка ,потоа стопира срцето и готово . Но не е исто со инекциите кај смртните казни таму осеќаат големи болки
     
  13. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    За еутаназија не сум сигурна ама не ми се вервува дека се оди прво мозок па срце, по логика мислам дека би требало да е директива срце целниот орган и готово, а за смртните казни како што знам се прави со инјектирање калиум кој го стопира срцето и нема болка...така да не би ме чудело постапката да е иста и за овие првите.
     
  14. anaantonia

    anaantonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    122
    мора прво нервниот систем за да не осеќа болка колку што сум слушала нешто слично на анестезија меѓутоа со оваа буквално ти го стопираат целиот нервен систем
     
  15. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    ^ може, може. Не викам не, зашо не знам точно јас и да не лупетам неиздржани глупости :) Меѓутоа престанокот на срцева работа е моментална состојба и нема болки тогаш, ама како што кажав не ја знам точно процедурата и медикаментите за еутаназија така да не сум компетентна за тврдокорни ставови, само водејќи се од мојава логика мислам дека нема потреба од такви тракатанции, особено не во случаи на терминално болни зашто кај нив од постојаната болка прагот на болка не е ист со тој на здравите луѓе.. :?:
     
  16. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.461
    Допаѓања:
    39.664
    Пол:
    Женски
    Романтичарски и филмски бе |( :x
     
  17. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    4.536
    Противниците, пак, велат дека ниеден живот не смее да се стави под прашалник, и секој живот е вреден за живеење. Тие го поставуваат прашањето, кој е доволно комптетен да решава за нечиј живот (во случаи на кома, кога пациентот не може сам да решава)? Исто така, тие веруваат во чуда, велат дека се случуваат, а впрочем и дека медицината денес е многу напредна. Велат, убиство, па макар и од милосрдие, е убиство - одземање нечиј живот.
    ^
    Голем противник сум,никогаш нема до го сменам мислењето.
    Велат никогаш не вели никогаш,ама за ова ќе кажам и сто пати ако треба.
    Не сакам да сум во кожа на тие што донеле ваква одлука за нечии живот.
    Дали после тоа воопшто спијат и имаат нормален живот.Не верувам!
     
    На eliesaab, LittlePinky, Emotional123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Паметам еден муабет, една постара жена стално се молела да умре во сон. И Бог да ја прости, навистина така и` завршил животот. Во спиење. Пред многу години ми го раскажаа ова. Тие што го кажуваа ја познаваа женава.

    Ретко кој сака да живее во болка и агонија, ретко кој сака да се мачи и себеси и ближните со неговата мака кога веќе работата е патување во еден правец. Жално како постапка, болно (можеби не толку за телото но за душата на тој кој го прави тоа), но искрено и јас како и повеќето би се нашла затечена во ваква ситуација.

    Колку луѓе-толку состојби. Секоја болест не се манифестира кај секого 100% исто. Дури и да е ист стадиум во прашање, некој венее, а друг може со истиот стадиум, иако во големи болки да ја дочека смртта на нозе. Немам одреден став
    (значи тука ги тргам настрана моите религиски убедувања и верувањето дека патот до пеколот е поплочен со добри намери во теми кои не се за религија, затоа што не ретко бодат очи и се толкуваат како провокација),
    но дека е убиство - не може да се каже дека не е. Кога се установи дека и абортусот е убиство, што останува за ова?
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Го поддржувам и го оправдувам ваквиот чин на прекин на животот доколку тоа е слободно изразена волја на болниот.Не би го прифатила како убиство,туку како спасување од агонија(измачување).Па кој би сакал да живее со болка и страдување и згора на тоа да биде товар на блиските?
     
  20. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.998
    Поддржувам само ако болниот додека бил свесен за својата состојба изразил желба за да се стори такво нешто. Или немора да е болен, секој еден човек си има изградено став на оваа тема и сигурно го споделил со најблиските па во случај нешто изненадно да му се случи, сметам дека треба да се почитува таа одлука.
    Според мене секој е сопственик на својот живот и одлуката за тоа дали е подобро да се мачи на апарати или да умре треба да ја донесе исклучиво тој или во краен случај најблиското семејство.
    И никогаш не би ги осудувала тие луѓе затоа што на некој начин со самиот тој чин покажуваат дека ги боли состојбата на блискиот и многупати е подобро да се прекине таа агонија отколку да се претвори во нешто кое ќе трае со години и ќе се надеваат на чудо.
    Искрено, не би сакала да бидам некогаш онаа која ќе треба да одлучи за нечиј живот, но доколку знам дека тоа е неговата желба со тешко срце би го прифатила тоа. Темава е претешка, некако на ниедна страна не сум, ги сфаќам и едните и другите, но сепак ќе заклучам дека подобро лесна смрт отколку живот на конец.