1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Еутаназија - убиство од милосрдие

Дискусија во 'Психологија' започната од Belen, 26 август 2010.

  1. Viki693

    Viki693 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Женски
    Татко ми пред да почине многу се мачеше, последните вечери молеше за да умре, срце ми се кинеше а неможеш никако да му помогниш, не му делуваше ниту терапијата....кога почина лекарите го ставија на дефибрилатор како би го оживеале....во тој миг со помешани чувства на тага..во моментот ми светна низ главата..."што и ако успеат да го оживеат, зар пак да продолжи да се мачи, неконтролирано им кажав на др. немојте оставете го човекот многу се мачеше :(" незнам што да кажам...да не си му во кожа на некој ако треба да одлучува....се надевам дека татко ми пронајде мир таму каде што замина........
     
  2. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    2.615
    Пол:
    Женски
    Во одредени случаи е најдобрата одлука која може да се донесе, за да се спречи непотребно мачење и страдање. Сочувство до тебе, според напишаното ми изгледа дека е нешто што скоро се случило и нормално е дека раната во тебе е сеуште свежа и не знаеш дали си ја донела правата одлука. Мој совет е да не се измачуваш себе си, сепак тоа била најразумната одлука која си можела да ја донесеш во моментот. Кога се работи за родител, нормално дека го сакаш најдоброто за него и неможеш да издржиш да го гледаш како се мачи....многу човечки. Кога, тогаш на сите ќе ни дојде крајот, на еден или на друг начин. Памти го онаков каков што бил, гордеј се дека бил твој татко и немој да чувствуваш вина....не си наштетувај непотребно со негативни мисли. Поздрав и се најдобро :)
     
  3. Viki693

    Viki693 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам, сепак докторите ги направија и последните напори, но неуспешно, сакав да доловам на некои дека лесно е да се коментира но тешко е да се најдеш во таква ситуација, не би му посакала никому....наеднаш сваќаш и колку животот е краток....и голем дел од него се губи на небитни работи.....
     
    На UnordinaryOne и esperansa777 им се допаѓа ова.
  4. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    Закон за еутаназија на луѓе-смрт од милост

    Како и секој нормален човек често размислувам за болестите кои ја демнат денешницата. За жал се повеќе и повеќе има разболени од смртоносни болести како рак, леукемија и сите во таквата категорија.
    За жал некои од нас се имаат и сретнато со луѓе кои боледуваат од вакви болести и сите знаеме дека крајот не е баш пристоен.
    Мое лично мислење е дека ниеден човек не заслужува таква пребавна и преболна смрт, и никој не заслужува таков да биде запаметен во очите на најсаканите!
    Во Америка во повеќе држави има Die-with-dignity опција.
    Кога веќе некој е во последна фаза на болест, и кога веќе се знае дека крајот е блиску и пред да почне полека да умира телото, можат да одлучат со комбинација на апчиња мирно и безболно да заминат.
    Иако ваквиот закон не е многу распространет, го има низ светот и доколку би можела некако да влијам дефинитивно би го вовела во уставот.

    Кое е вашето мислење?
     
  5. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Закон за еутаназија на луѓе-смрт од милост

    Никогаш, ама баш никогаш нема да се сложам со ова. Колку и да е голема маката и болката не можам да одлучам мој најблизок да го убијам. Иако маките се огромни, ама присутен е до последниот негов здив, го гледам и ќе го гледам додека душата не замине сама, како што ми се случи пред помалку од година.
     
    На eliesaab, daylight и leona83 им се допаѓа ова.
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Закон за еутаназија на луѓе-смрт од милост

    Ова веќе се прави во Мк од страна на персоналот, кога пациентот е долго време на апарати и се знае како ќе заврши, само не се кажува. Ако голем дел од органите веќе му откажале ама сеуште е пациентот свесен тогаш се смета за еутаназија.
     
    На srcence1607 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Закон за еутаназија на луѓе-смрт од милост

    За да се исклучат апаратите потребно е согласност од семејството.
     
  8. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Закон за еутаназија на луѓе-смрт од милост


    Претпоставуваш или имаш конкретно инфо?
     
  9. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Закон за еутаназија на луѓе-смрт од милост

    Овде не станува збор за исклучување на апарати. Евтаназија е сосема друго нешто. Под евтаназија се подразбира (само)убиство од “милосрдие“ кога човекот е свесен, може да мисли и сам решава да го прекине својот живот, но за тоа бара помош од лекарите. Дури и навидум здрав човек може да побара помош при самоубиство, т.е. евтаназија. Таков беше случајот со едни браќа близнаци кои биле родени слепи и глуви. Ете и сега има барање за евтаназија на една невеста од 29 години (скоро сите медиуми објавија), која боледувала од рак. Таа е и свесна и сама се движи, но нема волја за живот и сака да се самоубие.
    Според моето скромно мислење, ако самоубиството е кукавичлук, евтаназијата е кукавичлук на милијарда пати поголем. Евтаназијата е само еден вид на законски овозможено (само)убиство, но морално и етички останува ем убиство(за оние кои го убиваат болниот), ем самоубиство(за оној кој потпишал молба за евтаназија).
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Закон за еутаназија на луѓе-смрт од милост

    ^
    Па реков јас погоре дека пациентот е свесен но е на апарати. Ако се исклучат апаратите не е еутаназија?
    Ако не е законски тогаш како може согласност да се бара?
     
  11. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Закон за еутаназија на луѓе-смрт од милост

    Па не е законски нормално ако докторот го исклучил на своја рака, тоа е казниво дело исто како убиство.
     
  12. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.651
    Пол:
    Женски
    Закон за еутаназија на луѓе-смрт од милост

    Јас се сложувам со ваков закон без разлика колку е тешка таа одлука дали на самата личност која ја бара или за најблиските кои треба да одлучат за истото.Но ја поддржувам само во определени случаеви каде навистина пациентот е во длабока кома од која шансите да се разбуди се никакви со такви течки оштетувања на органите каде се гледа дека без оглед на напредокот на медицината нема шанси некогаш повторно ти ја да извршуваат нормално нивната функција во телото.Каде личноста е претворена во ништо повеке од билка и само вегетира во просторот и времето.

    Сите сме свесни за тие пациенти за кои нема иднина колку се троши на лекарства и медикаменти за да бидат одржувани во "живот".А тоа живот не е,само физичко постоење на таа личност.Многу поубаво би било тие финансиски средства и време и труд на лекарите да бидат посветени кон унапредување на медицината и лекување на оние пациенти кои можат да бидат излечени или барем може да им се даде шанса за нормален живот отколку на оние кои веке со една нога се отидени на оној свет.

    Од друга страна не поддржувам евтаназија од хир и депресија на пациентот затоа што останал глув,слеп или без една рака па смета дека нема потреба повеке како таков да битисува на овој свет.

    Евтаназијата најчесто се применува кај горенаведените пациенти како што кажав кои се паднати во длабока кома проследена со церебрална смрт каде што пациентот самостојно не е способен да се одржува во живот па тоа го прават апаратите за дишење.
     
    На poenta му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.307
    Пол:
    Женски
    Сум ЗА еутаназија и сметам дека треба да биде дозволена со закон.

    Доколку (не дај боже) би се нашла некогаш во ситуација да дознаам дека сум болна од рак кој не може да се оперира или за кој нема добри прогнози, со задоволство, свесно и сама би се сложила на еутаназија. Ги поддржувам и другите случаи кои беа споменати низ темава, како ситуации за еутаназија.

    Сметам дека е многу похумано со време да се прекине животот на тешко болен или повреден човек, отколку да се одржува во живот, трпејќи болки и маки. И да, како што некој веќе кажа - избирам квалитет пред квантитет, дури и за живот кога се работи.
     
  14. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Против. Со предвремено кратење на телесниот живот не може да се избрише оптоварувањето кое почнало да истекува од душата во телото во форма на болест. Според духовната литература на таа тема, честопати душата на еутанизираниот продолжува да страда уште потешко и подолго бидејќи нема повеќе тело во кое низ краткотијата на земските мигови и години може да ги прелее своите негативни енергии, ниту пак може како човек да земе средства за ублажување на болките. На таквата душа може да и биде потребно подолго време да го најде својот мир, отколку да и се дозволеше на природата да ја заврши својата работа за време на престојот во материјалниот свет.
     
  15. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Оф леле. :)

    Се прашувам кои се авторите на делата за душата на еутанизираниот? Некои особи кои биле еутанизирани, па се решиле да не „просветлат“ од задгробниот живот? :D

    Мислењата за тоа што се случува со душите на починатите или дали воопшто постои душата во најмала рака се шпекулации, засновани врз некои наши претстави и замисли за животот после смртта. Смешно е да се изнесуваат мислења и тврдења на ваквите теми со толкава сигурност како твојава, како да се работи за факти. Да не се задржувам повеќе на ова.

    Ја поддржувам еутаназијата и правото на секој човек да одлучи за тоа како сака да го заврши својот живот. Не гледам ништо лошо во тоа некој со терминална дијагноза или во последните стадиуми од тешка, болна и неизлечива болест својот излез да го побара во еутаназијата. Истото го мислам и за луѓето кои се во кома и „живеат“ само со помош на апарати.

    Тука се работи за основно човеково право и слобода на избор, пред се во врска со сопствениот живот, нема потреба од мешање на метафизика и квазинаука.
     
    На srcence1607 и Sanjichka007 им се допаѓа ова.
  16. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Тоа се факти и предупредувања пренесени од оние кои имаат увид во невидливите подрачја на животот. Дали ќе ги прифатиме истите и како ќе постапуваме во својот живот оставено ни е како слободен избор.
     
  17. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Факт е нешто за кое постои материјален доказ, нешто што секој може самиот да го верификува и да се увери во него. За ова ти што го пишуваш, за жал, мораме да им веруваме на збор на тие со „специјален увид“ во невидливите подрачја од животот. Значи, далеку од факт. :)

    Да не ја полниме темава со несоодветни муабети, дискусијата за ова може да ја продолжиме у некоја посоодветна тема - „Религија“, „Другата наука“ или шо да е.
     
    Последна измена: 20 јули 2015
  18. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Во ред. Тогаш и тоа што ти го напиша за еутаназијата е далеку од факт. Конечно, форумот е тука за да ги соопштуваме своите мислења. :)
     
  19. Lavina :)

    Lavina :) Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2015
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    215
    Пол:
    Женски
    Јас сум против дефинитивно.
    Колку што прочитав повеќето кои ја одобруваат еутаназијата ја одобруваат во краен случај. Па, нели на крајот постои надежта? Нели таа е последна која умира? Вечен оптимист сум и поради тоа никогаш не би завршила нечиј живот "за да му ги олеснам маките" доколку Тој не го побара тоа. А во случаи кога некој е во несвесна состојба ќе му подарам Верба,Надеж и мнооогу позитивно енергетско поле за неговата потсвест да ги апсорбира вибрациите и да се насочи кон лековит исход.
    Да, верувам во чуда. Тие се случуваат доколку силно посакуваме да се случат.

    Само што, малку пореално гледано, ЧУДО е финансиската ситуација на луѓето кои се наоѓаат пред ваков животен чин. Мислам дека токму таа им ги затупува сетилата , им ги окупира мислите со "што ќе биде во иднина и дали вреди" па, се одлучуваат еутаназијата да биде извршена.

    Некој добро се изрази пред мене- меч со две острици.
     
    На eliesaab и daylight им се допаѓа ова.
  20. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Интересно размислување, ме поттикна да ти поставам едно прашање ако знаеш се разбира, дали истото се случува и со луѓето кои поради некои злочини добиле смртна пресуда, нели и тука има предвремено кратење на телесниот живот?