1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Еутаназија - убиство од милосрдие

Дискусија во 'Психологија' започната од Belen, 26 август 2010.

  1. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Да. Разрешување од гревот (оптоварувањето) можат да дадат само засегнатите преку простување, во случајов, жртвите, а не судии, поротници, егзекутори и свештеници. Во случајов сите учесници во збиднувањето на смртната казна (почнувајќи од оние кои ја смислиле и изгласале како закон) исто така се оптоваруваат.
     
    На senza.parole и baba Rada им се допаѓа ова.
  2. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Благодарам за одговорот но јас повеќе сакав објаснување за душата и што се случува со телото поради тоа како што ти го велиш предвремено кратење.
     
  3. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Во која смисла? Телото си се распаѓа по смртта, соодветно билолошките закони. Душата продолжува да живее во отадестраното или некое време врзана за земјата зависно од нејзиниот доброволен развој.
    Натамошниот разговор препорачувам во интерес на прегледност да продолжи во посоодветна тема, на пр. Живот после смрта или во Смртна казна.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    според мене, еутаназија може да се изврши само ако болниот се согласува да му се скратат маките. Никој нема право да прекине нечиј живот, па макар и таа личност да е смртно болна. Болниот ги трпи маките, тој знае како му е, не може некој друг да одлучи дали може тој да издржи или не
     
  5. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Оправдувам и сметам дека треба да биде легална на секаде. Докторите се тие што играат Господ додека човекот страда и посакува да му се скратат маките.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.131
    Пол:
    Женски
    Ја оправдувам, и тоа како!
     
  7. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.144
    Допаѓања:
    147.394
    Пол:
    Женски
    Прва потпишувам за!
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Stargazer

    Stargazer Активен член

    Се зачлени на:
    17 август 2017
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    220
    Пол:
    Машки
    Дефинитивно да.
     
  9. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.685
    Допаѓања:
    19.059
    Пол:
    Женски
    Големо Да !
    Уште ме боли душата како дедо ми се мачеше (беше опериран од канцер на желудник во последна фаза) , ке ги тргнам на страна финансиите , тешко е кога знаеш дека е крај но душата тешко излегува ... Затоа го подржувам ова ...
     
  10. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Уф...можеби во високо развиени општества ама во ова каде др. Шкељзим од тетове или др.Мирче кој ехо снимката ја гледа однаопаку би решавале во конзилиум за такви прашања... би било плодно тло за злоупотреби и покривање на лекарски грешки, киксна др.Мирче и земјата ќе го покрие киксот, па ќе има случаи како др.Смрт оној од Англија што уби околу 500 стари пациенти за да им зема имот и наследство :party:
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  11. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Јас не би се согласила на ова за моја блиска личност, а не прифаќам ниту освен мене самата, некој друг да одлучува за мојот живот.
     
  12. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Друг одлучува за твојот живот доколку си во големи болки и не дозволуваат да ти се скратат маките. Одлуката за еутаназија ја носи само лицето на кое ќе е извршена, и тоа при свест и здрав разум.
     
  13. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Во воведот на темата се споменати коматорни состојби.

    Маките можам и самата да ги скратам, ако предвидам дека ќе дојде до тој степен.
     
  14. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Обичен човек не би дозволил сама да си ги скратиш маките, камо ли медицинско лице кое буквално се храни со тоа што си болна. Доколку би се легализирало успивањето, односно хуманото „убиство“, повеќе луѓе ќе имаат шанси да починат мирно, отколку самите да си ги одземаат животите или докторот да им го продолжува страдањето.
     
  15. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Види вака, лесно е да се филозофира за хуманост енд стаф, ама кога има човек во таква ситуација, секој различно реагира и ги проживува тие моменти. ОК е тоа со согласност на лицето да се врши еутаназија, ама ако таа личност сум јас. Секако не би била мирна со помислата додека усмртуваат мој близок, ниту пак би била мирна со помислата дека некој е согласен мене да ме успијат. Како точно ќе реагирам за првото, зависи, не можам да предвидам. За второто, уште предвреме се знае дека ќе дојде до такво нешто при тумори на мозок, метастази и слични состојби. Затоа треба редовно да се следи напредокот на болеста. Подобро ќе ја завршам работата пред да дојде до болките, отколку да ги преживувам, па да увидам дека не проаѓаат и дека ми треба еутаназија. Ако решам нешто, никој не може да ме спречи. А тешко тоа дека на лекарите им е мило додека некој се измачува.
     
  16. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.701
    Допаѓања:
    14.243
    Пол:
    Женски
    Апсолутно сум ЗА!
    Најнапред, еутаназија по дефиниција значи: “ убиство од милосрдие, кое овозможува брза и безболна смрт на личност која има неизлечлива болест и трпи неиздржливи болки.”
    Секако дека секој ден од животот е бесценет, но не и кога секој нов ден само ја зголемува агонијата во која се наоѓа болниот. Се водам од тоа дека секој заслужува достоинствено да живее, но и достоинствено да умре.
    Не сум сигурна како е ова правно регулирано во земјите во кои еутаназијата е легална и кој одлучува за неа, но оправдувам само еутаназија по сопствена волја.
     
  17. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Убиство си е убиство безразлика на ваков или онаков начин. Дефинитивно сум против. Ако толку сака болниот смрт тогаш зошто доктори да го убијат? Зошто сам не си го одземе животот? Лесно е да се каже сакам да умрам. Чуда се случуваат и се е издржливо додека не умреме.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.576
    Пол:
    Женски
    Јас не оправдувам вакво нешто, сепак е убиство... Разбирам дека човек е на мака, но не се знае во кој момент може чудо да се случи. Се согласувам со мислењето на @Vitaly освен за делот човекот сам да си го одземе животот. Не треба ни самиот да одлучи да умре, ниту друг да одлучи за него да умре. Па уште поимов милосрдие... Убиство од милосрдие... :| Како што имам напишано во други теми, има само еден кој дава живот и еден кој треба да зема живот, така да, обичен човек дефинитвно не е оној кој треба да преземе одговорност за нечија смрт, т.е. да го убие, да му го одземе животот. :shake:

    Бог дава, Бог зема.
     
    На Need for Speed, Selest и Vitaly им се допаѓа ова.
  19. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Поентата ми беше ако толку не му се живее зошто сам не се самоубие, зошто доктори да го убијат?
    Не верувам што читам хахах, вели таа одлука ја донесува личноста врз која ќе се изврши еутанзија додека тој е свесен и има здрав разум. Како може да има здрав разум човек кој од болки не знае што зборува и вели да го убијат за да му скратат маките. :?:
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.576
    Пол:
    Женски
    Точно. :) Човек може да има здрав разум само во потполно смирена состојба. Одлуките донесени при состојба на болка, агонија, бес или тага, не се тоа одлуки произлезени од здрав разум.


    Да се надоврзам на моето претходно мислење.

    Ги прочитав претходните коментари, не сите, но во тие неколку што ги прочитав видов став кога медицината нема лек, нека се изврши еутаназија. Толку ли немате верба? Толку ли не верувате во чуда? Познавам личност која беше во кома. Долго време, со години. Како времето минуваше, се повеќе се губеше надеж дека ќе се освести. Но се освести. И се опорави сосема. А беше во многу лоша состојба. Тоа опоравување не беше поради медицината туку поради нешто друго. :)
    Секогаш треба да го одбереме животот наспрема смртта. Дури и кога понекогаш состојбата изгледа тешка и безизлезна. Ние ли можеме да знаеме што ќе се случи? Човек кој сака да живее, ќе живее. А смртта не е крај. Смртта е премин.

    Ги земам денес за сведоци против вас небото и земјата:дека пред вас ставам живот и смрт,благослов и проклетство.Затоа избери го животот за да останеш жив, ти и твоето потомство.
    5.Мојсеева 30:19-20

    Оној што дава живот, не сака животот на некого да биде одземен по волја на некој друг. Казната за убиството е страшна и тешка. Еутаназијата е убиство. Зарем навистина би поддржале убиство? Поддржувањето на убиство ве става на речиси исто ниво со самите убијци.

    Тогаш Бог му рече: „Што направи? Слушај! Крвта на брат ти вика кон мене од земјата" 1.Мојсеева 4:10

    Не убивај 5.Мојсеева 17



    П.С. Се извинувам ако некој се најде навреден од коментаров или ако му засметаа спојлерите. :wasntme:
     
    На Need for Speed му/ѝ се допаѓа ова.