Некој може да излезе од кома после подолг период, ама метастазиран канцер сигурно нема магично да исчезне во последен момент. Треба малку да се задржи осет за реалност. Зошто не се убивал, туку чекал докторите да го убијат ... Затоа што можеби лежи со нарушена локомоторна активност од метастази во мозокот, не може да мрдне рака да посегне по таблети, камо ли да стори нешто друго.
Дали може да ми предложите литература во која може да се најдат информации за Евтаназија? Секој предлог е добредојден Благодарам
И јас работев на ваква семинарска. Само од се горе што пиша, немав ништо пишано околу евтаназија на дете. Ја подржувам. Сакам да потпишам за себе, во старост или било која возраст ако изгубам здрава свест. Не би извршила врз пациент зашто сепак под заклетва не спаѓа да остваруваш желби на пациенти туку да ги лечиш до последно. Не би извршила ни на некој што е со излечлива болест само зашо немал пари и немал никој. Постојат домови. Мислам дека треба да постои како избор.
1 Не, апсолутно не. Не сум доктор кој има дозвола за тоа. 2 Да, ако сум се определила тоа да го работам и ако сум во земја каде е легална еутаназија. 3 Ова ми е тешко за одлука. Малолетничка од 17 беше еутаназирана во Холандија, ја имам нејзина авто биографија. Многу пати се обидела да ае самоубие. Анорексија со безуспешно лечење. На крај и родителите прифатиле. 4 Ако особа која пати неизмерно при полна свест решила да умре, а не може или не сака да се самоубие, би прифатила. 5 Да. Се замислувам себе во состојба на огромно страдање од неизлечива болест и сакам да ја иамм како опција..
Пишувам на тема „Еутаназија“. Мој личен став, многу е тешко да кажам дали ја поддржувам или не. Етички не ми е ни оправдано ни неоправдано. Одземањето живот е грев, гледањето дека некој страда е болно. Еутаназијата е кривично дело кај нас, со тоа што е привилигирано убиство и казната е поблага. Инаку доста чувствивтелна тема. Бидејќи сакам добро да го напишам текстот, многу би ми помогнало ако некој одговори на следните прашања: Замислете: Личност во своите поодминати години, која изгубила се (материјално, нема семејство), тешко е болна, живее во тешки услови, нема кој редовно да се грижи за неа. Истата од вас бара да извршите еутаназија. Дали би го направиле тоа? Доколку сте доктор, и гледате млада личност од неизлечлива болест, која веќе не сака да живее, дали би извршиле еутаназија? Дали ја оправдувате еутаназијата врз дете? Какви се вашите морални и етички ставови околу еутаназијата? 5. Дали ја поддржувате еутаназијата? Зошто?
https://www.iamexpat.nl/expat-info/...h-misreported-legal-euthanasia-worldwide-news Еве линк за Ноа. Нејзината приказна стварно е необична. Не е типичен пациент за еутаназија. Таа сакаше да умре ради депресија се самоповредуваше и беше анорексична. Ништо не и помогна а беше хоспитализирана многу пати. Чак и не и одобрија еутаназија, извини мора да се исправам. Сама се уби со тоа што престана да јади, а болницата и родителитр се сложија да не ја стават на присилна исхрана или да ја успијат па со црево да ја хранат. Јас би рикала за мое дете и не би дала па макар сево ова да е факт. Тоа е. Книгата не ја имам дочитано со нејзини мисли. Тешко е да се чита колку е упорна желбата да се умре.
Се согласувам, да заболам тешко или да останам во инвалидска количка јас би умрела така. Место да се мачам или да се самоубивам подобро да ме успијат и ај чао.
Јас сум генерално за. Нормално, условите мора да се добро прилагодени. Пример некој кој нема шанси да се излечи ама ќе живеј во огромни болки преостанатата една година. Или некој кој одлучува против терапија, а без неа пример има загарантирана смрт. Тука само се убрзува процесот, и јас сум за зошто луѓето умираат со достоинство, спремни, пред скроз да се распандат. Смртта посекако е гарантирана и ова дури го гледам како милост. Јас лично, ако се најдам во таква ситуација, сакам да ме усмртат. Еве ова го кажвам дур не сум во болки, да не биди тогаш не сум размислила оти сум во болки.
Јас сум за од исти причини кои веќе ги навела @theowndemon Подобро е човек да има избор за достоинствена смрт него ли маченичка крајна фаза од животот која сепак ќе заврши со смрт.
Едно големо ЗА ! Не би објаснувала " на широко" оти секој си има став. Ова е чуствителна тема..Би сакала кога ќе дојде времето достоинсвено да заминам од овој ебан свет..Па уште коа ќе ми текне какво здраство имаме
Јас сум за. Еве ќе кажам конкретно за мене. На пример ако сум у терминална фаза од некоја болест и ми нема спас, зошто моите да ме гледаат како се мачам? Ај што мене ќе ми биде тешко, нив ќе им биде повеќе. Поарно по кратка постапка да се заврши, секако ќе боли дали порано или подоцна.