Кога се работи за блиски луѓе .. тешко е да ги убиеш , но подеднакво е тешко да ги гледаш како се мачат и страдаат од болка .. И јас сум за , со строго утврдени мерки за тоа во која ситуација треба да се изврши еутаназија . Кога се работи за луѓе во кома .. зависи колку време се во таква состојба . Над 15 години , можеби да . Под не би се осудила ...
За. Похумано е да му ги скратиш маките на некој отколку да го оставиш да се мачи до крајот на животот само затоа што не сакаш да го пуштиш. А спас нема. Истото е и за нашите крзнени пријателчиња.
Да ја има таа опција со две раце ќе потпишам да му ги скратам маките на татко ми. Дури и да знам дека има некој на црно ова што го изведува, ќе ги дадам сите пари што ги имам само да не го гледам како страда веќе.. Дали тука, дали на Косово или на друго место, небитно .. Боли премногу.. Вие што викате дека сте против.. Врска си немате од животот. Јас самата ќе му го дадам миксот за да си умре. Нема никого на душа да земам да се жртвува за мене.. Не сте свесни каква е болката кога го гледате како се мачи пред вас.. Кога гледате како едвај диши..како исфрла шлајмови долги по 2 метри помешани со крв.. Кога гледате како ни името веќе не ви го памти .. Кога гледате како не може да стане ни до вц да оди.. Кога гледате како денес само две варени јајца има изедено и 230 мл течност... Кога гледате како од човек од 120кг на него има само коски, кожа и асцит од некои си 25 литри..т.е стомак тежок 25 литри ... Кога гледате дека некои денови спие 23 часа и 45минути... а оние 15 минути ги користи за 2 пати да ги измоча оние 230мл течност.. и тоа едвај.. Кога гледате како човекот пред очи за 2 месеци се стопил и мизерува во болки .. Кога некого сакате повеќе од самиот себе а не можете ништо да направите за него...знаете дека ракот, помешан со цирозата секој ден го турка поблизу до оние 2 метри под земја.. Ни на најголемиот дишман не му го посакувам ова.. Само вие што сте поборници за ваков ебан живот.. не дај боже да дојдете до ова дереџе..ова како моево. Како го гледам татко ми како умира а не можам да му помогнам. Ќе посакате никогаш да не сте се ни родиле... Животов е една голема нула..ние сме само трошка во морето
Жал ми е навистина Слично преживувам, само за голема среќа нема болки мајка ми. Јас и за себе би била за еутаназија. Среќа па живеам во земја каде е легална и луге ја користат.
На темава имав поделено мислење, но во последно време повеќе сум наклонета кон за. Ако состојбата е безнадежна, според мене ова е многу похуман и подостоинствен начин за да се заврши животот.
@Dust буквално и ние последниве месеци минуваме низ истото со баба ми, гледаш како личноста ти се лизга од раце секоја ден, се мачи буквално секоја ден, постепено го губи разумот а не можеш да и помогнеш, премногу боли. Да се надоврзам на темата, искрено не знам јас како би постапила во оваа ситуација сум премногу емотивна личност за да одземам на некој живот, а од друга страна сум свесна дека ситуацијата е неизбежна и дека личноста само се измачува, доколку се работи за блиска личност не би можела да и го направам тоа никогаш и кога би знаела дека нема излез, никогаш не би можела, бидејќи сум борец до крај и таков пораз со тешко срце ќе го прифатам, но ако личноста веќе премногу се измачува мислам дека е подобро да и се скратат маките на овој начин. Премногу дискутабилна тема има многу да се пишува, но за мене е многу пожално да гледаш како таа личност страда секоја ден и се моли што побрзо да заврши таа агонија.
Ок, денес морав да одлучам. Не е човек, ама нема врска, душа ме боли. Цело време под стрес, еден проблем ќе се реши, друг излегува. И нема што, од почеток требаше, ама пуста желба дека ќе оздрави и никако не прифаќав.. Се насекирав и...