Доколку стриктно се придржувате кон наведениот план на исхрана за седум дена можете да истопите цели 5 кг План на диетата Прв ден Појадок: една чаша вода со сок од лимон, 200 – 300 г свежо овошје, во 11 часот – 2 тврдо варени јајца Ручек: чај од магдонос, 2 тврдо варени јајца, 2 домати и една малечка краставица Вечера: 3 тврдо варени јајца и чај од магдонос Втор ден: Појадок: една чаша вода со лимон или чај од магдонос, 2 чаши јогурт, во 11 часот се земаат 2 лажички мед Ручек: 2 чаши јогурт, салата од цвекло или моркови со сечкан свеж магдонос Вечера: 2 чаши јогурт и чај од магдонос Трет ден Појадок: една чаша вода, чај од магдонос со сок од лимон, во 11 часот се зема една кришка леб со 1 лажичка мед Ручек: 2 варени пилешки кремвишли, 2 домати, салата од магдонос Вечера: 2 варени пилешки кремвишли, чај од магдонос, ½ краставица Четврти ден: Појадок: сок од 1 лимон, 1 јаболка, во 11 часот – 1 лажичка мед Ручек: чај од магдонос, 2 чаши млеко, 50 г варен ориз со моркови, 1 домата Вечера: 1 чаша млеко, корнфлекс или една лажица варена пченица со 1 лажичка мед Петти ден: Појадок: чаша вода со сок од лимон, 2 варени компири Ручек: 2 варени компири, салата од зелка со шака свеж сечкан магдонос Вечера: 2 варени компири, 1 домата Шести ден: Појадок: 2 портокали, во 11 часот 1 лажичка мед Ручек: 2 цитрони или парче лубеница (во зависност од годишното време) Вечера: 300 г праски или сезонско овошје Cедми ден: Појадок: минерална вода или ½ лубеница Ручек: 2 варени компири Вечера: минерална вода или чај од магдонос
Хм диетава би ја пробала но многу јајца има во неа а тие се баш калорични инаку да диетава е со јо-јо ефект ама сега ми требаат набрзина да скинам 5 килограми ... Дали ја имаш држено диетава и дали навистина е ефикасна ?
Пиј повеќе вода, свежо цедени сокови и smoothie. Избегнувај да јадеш леб и млечни производи умерено. Ова не важи само за вегетаријанци... Гледам некои слабеат со месо, јајца, демек протеини... не. Најдобар ефект се добива со внесување на што повеќе течности.
Јас се извишив и не бев многу дебел после тоа, но намалив со јадењето и ослабев уште толку. На пример ако јадеш три јајца за доручек, ќе јадеш две и слично. Лебот ко што кажав ќе го исфрлиш од исхрана и ќе почнеш да јадеш црн, а уште подобро и Тонус леб. Месо многу малку, сувомеснато ич. Ќе јадеш повеќе зеленчук и овошје. Исто така газирано не пиј, а ни алкохол. Грицки и такви други работи кои мислиш дека се штетни одбегнувај. Пиј многу вода, а ако имаш блендер или соковник, пиј и доста сокови, или smoothie. Друго не знам што да ти кажам.
Ti blagodaram ke probam pa ke pisam haha. Dali znaete leblebija dali debelee zasto mnogy sakam gricki mesto gricki toa da jadam
Mojata dieta se pokaza mnogu efektna. Za 21 den gi oslabev sakanite 2 kg, a dietata ke ja narecam "sam doma". Koga si sam si jades kako treba, nema vo frizider nisto sto ne bi trebalo vo ishranata, nema nekoj koj te potiknuva da strbnes nesto nekvalitetno.... E sega koga ke dojdat da vidime sto ke stane? Ili ke treba sekoj treti mesec negde da gi isprakam.
https://forum.femina.mk/threads/Морална-Поддршка-за-сите-што-сакаат-да-ослабат.3607/unread твојата ;диета; можеш д аја ставиш во оваа тема оваа тема тука каде што се наоѓаме сега е стрикно за тој режим пишан погоре
Што мислите за диетата со лимон секој ден се пие лимон еве ја диетата ДИЕТА СО ЛИМОН Прв ден Пијте вода со лимон на празен стомак. Наутро, испијте чаша вода со лимон (околу две лажици лимонов сок). Направете го истото половина час пред оброк. Јадете само здрава храна. Втор ден Следете ги упатствата од првиот ден. Пијте вода 30 минути пред појадок, ручек и вечера. Пијте 2 до 3 литри минерална вода, во која сте исцедиле 6 лимона. Трети ден Повторете го претходниот режим, но овој ден пијте вода за време на ручекот. Продолжете да пиете вода во текот на целиот ден. Четврти и петти ден Овие денови следете го режимот на исхрана од третиот ден. Најважно е да не заборавите да испиете топла лимонада на празен стомак секое утро. Шести ден Само две шолји вода со лимон. Една чаша наутро на празен стомак и една чаша со ручек или вечера. Пијте обична вода во текот на денот. Седми ден Чашата топла лимонада треба да ви остане навика. Тоа не само што ќе ја намали вашата тежина, туку и ќе ви го зајакне имунолошкиот систем. Не заборавајте да пиете многу обична вода во текот на денот за да го прочистите телото од токсини.
Оваа диета трае 7 дена и се губат околу 10 килограми не сум ја пробала но планирам да ја држам оваа диета дали вие ја имате пробано и дали навистина се слабее 10 килограми
Се разбира дека е. Треба само лимонада да пиеш и пак нема да успееш. Има многу теми за диети на форумов. Разгледај.
Диета без свинско, телешко и јагнешко, без благо, без грицки, без сол, без алкохол, без печено и скара, без пржено,без сувомеснати, без преработена храна, без кашкавал и путер и со намалување на порција за 1/3. Се намалуваат 30 кг за 2 години се снижува шеќер, холестерол, триглицериди, крвен притисок. Се намалува ризикот од кардиоваскуларни болести, дијабетес, карциноми, психички и хормонални болести и многу други болести. Се тера доживотно...според сзо е. И делува пробано. Само требаат јаки живци.