Не видов дали има ваква тема па ајде да ги видиме нашите најмили во мешињата која има слика нека постира. Ете ја мојата бебушка која доаѓа на свет во Февруари и сакаме Нина да се вика
Не е иста темата, таа е за првата слика, тука можеме од секој преглед да ставаме. Инаку нема што слика да ставам, секаде е завртено со газето или е матно не се гледа ништо.
Секогаш е многу активен кога и да го гледаме, па многу тешко да се направи слика, ама овие се последните кај што успеа докторката најубаво да го сликне, иако не се гледа баш најдобро. Се надевам на следниов преглед многу поубаво ќе го видам.
Леле и јас уште не можам да го видам, 29 недела стигнав. Се крие. Што ви се убави сликите, лепете на фрижидер да си гледате бебуш
Еве ја мојата принцезичка, уште 4 дена треба да се породам со Господ напред, едвај чекам да ја земам во раце иако ми е страв од пораѓајот..
Јас фацичето на бебуш не го видов се додека не се породив..па толку инат бре само к**ето ни го покажуваше..како демек видете што имам