Ве нервираат ли луѓето што постојано се жалат, кукаат над себе и својата судбина, како тие се кутри и немаат среќа, а всушност не им фали ништо. Се жалат постојано како никој не ги сака, не се убави, немаат пари, постојано се болни и ги боли нешто. Многу ме нервираат ваквите луѓе. Со нив муабетот секогаш од тоа се состои, тие се жалат и сакаат да ги тешиме и да ги убедуваме во спротивното... Најмногу ме иритира кога свесни се дека не е точно тоа што го зборат, а упорно сакаат да им ласкаме и да им го креваме егото. Постојано се незадоволни од животот, се прават жртви, и постојано бараат рамо за плачење. Имам две такви другарки. Едната навистина е многу убава а постојано кука како не била убава, како била грозно облечена блабла а целта и е една и единствена, да и го кажуваш спротивното а таа да ужива.Другата пак е слаба, најслаба а постојано е жали колку е дебела, па види ми го мевот, каква крава сум и сл. И секако нашата улога е да ја убедуваме во спротивното... Еднаш ми прекисна и ја прекинав, и реков „ Добро ти ако си крава јас слон треба да сум!? “ пошто навистина сум едно 10 кила повеќе од неа. Најсмешно е што таквите луѓе додека глумат депресија се потценуваат самите себеси.
еј такви ги има 1000 мислам толку знаат да идат на живци колкуони се вакви или онакви. ме мрзи веќе да ги тешам а се здрави прави и супер. а тоа што сакаат секогаш да ги фалиш да бидат во центарот на вниманието. е тоа е стварно болно. незнам толку ми пука филм и после 10 пат залење и тешење го кажувам секогаг спротивното -на прашање еј дебела сум- и викам ај оди ослаби види се -е ништо не научив ќе паднам а положила со 10, пред секој испит сум го слушала тоа и веќе ти пука и викам што се појавуваш и така ќе паднеш мислам некој луже навистина знаат да претерааат со самосожалувањето и барањето тешење од другите
уффф како се нервирам од вакви луѓе кои за жал се дел од моето секојдневие најпрво ќе почнам од баба ми, и таа е таква само вика нема пари... се нема.... ллелелее како ќе биде оваа година... ајдееее вади пасош по брза постапка и заминува во странство потоа пак иста песна................ ајдеее машина нова за садови, за алишта.... абе само ја гледам и се смеам. имам една другарка која е слаба колку мене са само вика дебела сум... на диета треба да сум... несреќна сум... друга пак - неееее, ништо не научив... лелеее како ќе биде ќе паднам знам јас... не ме прашувај подобро на полагање и онака ништо незз оп... сочна 8ца ......... П А Т Е Т И Ч Н О !! .................................... ИСКРЕНО, и не баш многу им посветувам внимание на ваквите личности, ама понекогаш ме вадат од такт и ми го пукаат филмот па на крај краева, што ми е мене гајле дали ти имаш или немаш, дали си дебела или слаба, убава или грда... твој проблем бе! па и не бара совет, како, што... туку едноставно деноноќно кукаат и да ги жалиш и да седиш со нив.... а ако тебе ти треба утеха и помош ама тоа е, никој не те прашува, а ти не си таква да кукаш само и да живееш со тоа
некогаш и мислам дека тоа го прават намерно за лугето повеке да ги жалат,повеке да се друзат со ними секогаш кога ке сум во друштво на такви луге се жалат и ги одбегнувам,ме прават да се чуствувам како јас да сум крива за тоа што ними не им е се по кејф,тие мислат на сите љуге им е се супер колку повеке се жалат и кукаат толку љугето повеке ги одбегнуваат пример некој ке рече:не сакам да сум во нејзино друштво секогаш кука,или многу е негативна и секогаш кога ке излезам со неа,ми го расипува раположението како што се гледаме себеси,така не гледаат и другите луге
Офффффффф ваквите се со лопата да ги ринеш Јас имам една другарка која има големи гради-доволно големи и постојано сака да и кажуваме како и биле големи па како очите и се убави,а нешто што најмногу ме нервира е кога ќе рече леле што убаво ти и јас сакам некој да ме сака како тебе твојот дечко па згора на се и љубоморна е
Значи сите си имаме по некој ВАКОВ Едноставно НЕ ГИ РЕГИСТРИРАМ повеќе ваквите луѓе. Се што знаат е да се жалат и да шират негативна енергија и сивило. Не ми е проблем да им плеснам во фаца дека токму тоа е она што го прават.
^Хипи... искрено, имат една личност која е незаменлива во ова жалење. Ме сфаќаш сигурно. Имав ваква пријателка. Таа навистина имаше проблеми во животот за која едноставно не беше крива. НО - своите проблеми им го кажуваше на СИТЕ, познати и непознати. И на крај ќе им речеше - за ова на никого, а то веќе цела гимназија знае. Никој од нас не можеше да и помогнит, освен слушајќи ги нејзините проблеми.... кои сосема го оптеретуваа нашиот мозок... сепак секој си имат додатни лични проблемчичи. Еден школски ден седнавме на кафе и по ред и изнакажав дека не можам да и бидам личен советник и слушател, бидејќи тоа немаше крај. Морав да бидам директна и да и објаснам дека тоа го мислат и многу други. Морав и успеав. Сега сме пак пријателки ама со ограничен муабет - мирна ми е главата.
Уште на почеток ГОЛЕМО за темава и да искористам прилика да и кажам браво и на Анфејтфул бидејќи отвара прекрасни теми. :y: Вакви личности за жал од секогаш постоеле,постојат и ќе постојат.Не се задоволни од тоа што го имаат и бараат преку леб погача,а сигурна сум во тоа дека имаат и повеќе од потребното за да бидат среќни и да уживаат во животот максимално. Мразам кога ќе слушнам дека никој не ги сакал,сите ги користеле и сл. бидејќи како прво имаат семејство кое ги сака,цени и почитува,а за користење кој што сеел - тоа и ќе жнее или како правеле така и ќе им прават.Само никако не можам да сфатам како веќе не разбрале зошто сите ги одбегнуваат и им прават зло.Кукаат како нивните родители не сакале да им купат Roxy патики од 100 евра,а при тоа не им текнува дека на земјата постојат луже кои живеат во картонска кутија и во декември шетаат со пластични папучи и има уште милион вакви примери да не набројувам. А за тие што се спремни да искажат милион негативни зборови за себе за да добијат еден комплимент ќе кажам само дека се многу патетични и се симнале на премногу ниско ниво и кога слушам вакви коментари никогаш не давам комплименти туку само молчам и фино и убаво ја затвараат устата.
imam takva koleska udav e lugee i nema spas,sve nesto ne i cini stalno e taa umorna ,bolki ovde onde sve ja boli......otok ne vide po banalno nesto u zivot ne sum sretnala
Не обрнувам внимание на вакви луѓе. Како да не постојат. Порано ме нервираа до точка на вриење, па едно време сакав да се обидам да им помогнам. Сега сум тотално индиферентна. Ги слушам како се жалат (поголем дел беспотребно) од едно уво ми влегува, од друго ми излегува. Не можам да се решам кои ми се попатетични - тие што немаат проблеми, а постојано се жалат за нешто, си создаваат илузии дека се несреќни, вечно незадоволни суштества, или таквите што вистински имаат проблеми и не престануваат да кукаат и да заморуваат. Алооооо, сите имаме проблеми. Deal with it! Ќе го редактирам мислењево и ќе додадам дека на сите вакви под итно една групна терапија, малку да се средат. Си патат од некаков комплекс, дали на пониска вредност или од недостаток на внимание, или очајна потреба да се центар на внимание. Како и да е, болесни се, мизерни, жални.
познавам многу такви луѓе и страшно ми одат на нерви, едноставно неможам да ги смислам. а да ви кажам во последно време не се ни замарам многу со нив...
Да,многу ме нервираат вакви особи,единствено што сакаат е да добиваат комплименти и затоа се жалат цело време Имав една пријателка што е посвоена и цело време се жалеше,се занесуваше демек као нејзе никој не ја сакал,ја оставиле на улица - ШПАНСКИ СЕРИИ.Од дома ја гледаат како капка вода на дланка се и овозможуваат
Леле...колку мразам кога некој се жалиии...има се иде на апсолвентска, па на одмор со нејзините, па со друштво, па секој викенд по кафани, секој ден на кафиња, па секој 2 ден гардероба....и кога ке излеземе заедно или правиме собиранка кај некој купуваме грицки сок штои да е..таа вади 20 денари велејќи немам многу се потрошиоја моите...и така секој пат. Лееле колку имам за учењеее..а не и текнува да седне да учи.... Не велам дека не сум се пожалила на нешто, на тоа дека немам пари, на тоа дека сум изгубила се во животот, ама со сите тие маки што сум ги имала мислам и дека премалце се жалам, зошто сметам дека на тој начин дополнително се мачам себе си.
Таквите ако ги слушам, ќе станам ко нив Затоа едно муте на далечинско и исто ко да ги нема нивните „маки, проблеми, непогодности, жални вести, проблеми ШТО ДА ОБЛЕЧАМ НЕМАМ НИШТО; немањето пари, ама одкако ги ставиле во банка урочени...“ Имам една тетка, мила, најмила, ама не се трпи веќе. И добро дека ќе се жалиш на сите секогаш, ќе имаш повеќе, или па некој ќе ти поверува и даде? Е нема! Едноставно нели, немам живци за да ги слушам
Така мајка ми некогаш кога ќе почне да се жали одма и викам престани никој нема да сака да се дружи со тебе!А имам таква другарка за се се жали и на сите им кажува како нема а стално си купува по нешто и ај сега објасни ми де како може тоа така
Има една на фејсук става слики и под неа ''Е не сум убава, или грда сум, ама не ме гледајте'' ми иде некогаш да и речам, па добро што си ја ставила сликата кога си грда? ама таа тоа го вика само за да добие коментари за да и го кажуваат обратното, намерно така пишува, а не дека го мисли тоа. Најгрдо што може да биде е да се самосожалуваш и да се потценуваш самиот себе. Добро , донекаде е океј да бидеш самокритичен , ама не мора да се жалиш на сите, доволно е тоа да го увидиш и да превземиш нешто околку тоа за кое што се жалиш.