леле лукс потполно се согласувам со ова со сликите на фејсбук значи како ми одат на нерви тие луѓеее-ништо неможе повеќе да ме изнервира ќе стават слика и ќе напишат во опис "леле колку сум грдааа,кажете" и ќе почнат со коментари другите лелее срцее најубоо,ти грдаа ќе те отепам најубо едно од такт ме вадат овие луѓее
Леле навистина, како ме нервираат такви луѓе! За се само се жалат, де ова - де она. Многу се нервирам со некои што викаат " леле колку сум дебела, леле колкава сум" ' а коска и кожа се, а што е најтрагично свесни се за тоа и пак кукаат. Или, како што погоре кажавте, за пари се жалат, а имаат доста за да можат да живеат нормално и да си го дозволат тоа што го сакаат ( викаат немаме пари, а купуваат лап топ, микробранови, незнам какви апарати што се прилично скапи, одат по одмори, на викенди ваму-таму), или пак за сликите - не знам што му е финтата, сакаат некој да му речи "Ех, немаш појма колку си уба" или " Ај ти се молам-ти грда и слично
Браво за темата Unfaithfull! Значи,јас како и секоја шкорпија,мразам некој кога ми се жали постојанооооо! Цело време кога ми квичи на глава,де ова не било погодено,де она не било погодено.. Де многу сум дебела,а она уствари тоа го вели за да и кажеме дека уопште не е дебела... Тие луѓе,органски не можам да ги поднесам! Па ако немате кој да ве слуша по дома,па што сум јас должна.. Сега,да,понекогаш ќе си кажиш,тешко ми е ..не знам што..Али постојано?! Премногу патите од комплекси!
se soglasuvam so siiite i mrazam takvi licnosti ama za zal se poke takvi licnosti postojat za zal , porano ko da nemalo do tolku , a sega mi se cini oti sekoj e ljubomoren i saka da mu nasteti na drugiot lugeto se pazat, nikoj ne se fali si kukat poarno i se plasat da se pofalat(osven nekoj so se nepopravlivi falabadzii ) oti mu e strav nekoj da ne gi turni podolu od ljubomora....jas ovaa rabota taka ja svakam. a za toa od tip debela sum pa ajde kazi mi sega deka sum slaba toa se narcisi za niv veke nemam zbor sakat samo da mu ja krevas cenata
Прво .. Едно Огромно БРАВО за темава ! Начи едноставно не можам да ги поднесам лугето кој постојано се жалат .. леле види каква сум грда дебела никаква никој не ме сака немам срека во животот така вака ајј Иначе јас сум навикната на постојано жалење од некој .. таква ми е околината на секој чекор можеш да најдеш некој што ке се жали А нешто што највеке ме нервира е кога некоја - костур од 20 кила ке каже дека е дебела а некој 100 пати по дебела од нејзе ке каже не си бе дебела види јас каква сум а ова вика не не ти си баш добра види ме бе мене браат каква свиња сум ајј Уствари тие сакаат ни да ги убедуваме дека се слаби витки убави и што уште не .. ама не може .. отсега која некоја ке ми се жачи дека е дебела или сл ке и кажам да бе види каква свиња си мора да ослабеш барем 20 кила .. па да им ги затнам муцките !
се согласувам со многу размислувања и би додала дека сите оние кои се жалат цело време се инфериорни,и самите себа не се почитуваат па што останало за другите.жално е што животот им поминува во жалење,нема смисла а зошто не прифатат се како што си е и да предстанат да се жалат веќе еднаш.секогаш ги сослушувам проблемите ама кога ќе ми прекисне веќе се ставам на игнор и од едно уво влегува а од друго излегува
Таквите се секојдневие! Буквално ме ,,дават,, со своите проблеми, измислени и доплнително отежнати проблеми за кои навидум нема решение! И знам дека се испонашувам како крајно нечувствителна,ама знам да ги прекинам тие жалења! Досадно ми е да слушам како некој цимоли и безвезе одиграва улога на жртва! Имам пријателка која секој мубает го почнваше со ,,се нервирам, па како не им е жал за мене,, Најпрвин ја сослушував,после почнав да ја прекинувам и да и велам дека ме полни со негативна енергија...знам дека очекуваше да ја сослушам барем,ама не можам да глумам загриженост и сочувство кога знам дека проблемот за кој се жали е далеку од сериозен! Дури мислам дека и самите луѓе кои се жалат се свесни дека не е се така трагично и тмурно,ама ете одбрале на таков начин да си ги прераскажат секојдневите случувања!
Жалењето и кукањето не се добра особина кај човекот. Како и да е, секој се жали, некој помалку, некој повеќе, некој премногу... Жалењето кај некои луѓе служи само за да си ја ублажат болката, споделувајќи ги на некој начин проблемите и нервозите со другите. Тие сакаат да искажат колку им е тешко, обидувајќи се товарот да го споделат, за да им биде на некој начин полесен. Други се жалат за да предизвикаат сожалување кај луѓето. Тие луѓе сакаат да бидат сожалувани, а со самото тоа мислат дека оние кои ги сожалуваат ќе им помогнат. Оние кои изгледаат како да не се жалат, тие се оние кои не сакаат да ги сожалуваат, а најчесто тие сакаат сами да поминат низ тешкотијата и сами да го решат проблемот. Мене лично ме нервираат оние од вториот тип - луѓе кои се жалат за да ги сожалуваат. Тие постојано цилмолат за нешто, се’ нешто им смета, се нив им се случува... Јас гледам што помалку да се жалам и да ги искажувам јавно своите проблеми, зашто најмногу од се’ што мразам е некој да ме сожалува. Тоа ич не го сакам...
Сличните луѓе за мене се SLABI ! Ако не можеш нешто да промениш, едноставно прифати го тоа ! Ако мислиш дека има некој начин, стесни заби и бори се до крај <3
Имам другар што постојано ми се жалеше, значи на секое гледање, слушање ми се жалеше за се и сешто, и не дека стварно беше тешка работава па да се пожали туку си имаше потреба од тоа, од песимистички мисли и пред се потреба да го сожалуваат. Јас пак сум тотално спротивна не сакам да се жалам и некој да ми пренесува толку негативна енергија. Знам да ислуша ама ова беше претерано. И затоа и покрај тоа што премногу го ценев како другар овие работи ме отргнаа од него.
значи разбирам да имаш потреба да се пожалиш, секој има и нормално е... дури постојат периоди кога почесто имаш што да се пожалиш на некој што те разбира, ама се си има граница, значи ете кажав имав другар кој постојано имаше потреба да се жали а тоа не е нормално, тоа е потреба од сожалување од другите, невозможно е за се што ти се случува да имаш потреба да се жалиш и ништо да не чини
Има многу луѓе на кои постојано нешто им фали и постојано се жалат. На почетокот ги слушам и пробувам да им помогнам, но боже мој, кога не сфаќа после 100 пати трубење на истото кревам раце, само се правам дека слушам а тој/таа нека прави што сака. Колку и да сакам да помогнам, губам живци. Па и јас имам проблеми и не можам нон стоп се истото да го зборувам и да тешам некој кој нема храброст да прифати дека животот не е совршен и понекогаш ќе има и тешки периоди. Има и такви кои постојано се жалат, најчесто женските на надворешниот изглед, само за "извлечат" комплименти. Да почнеш да ја разубедуваш дека не е грда, не е дебела итн. Тоа им е најверојатно некоја сатисфакција, со тоа си ги лечат комплексите..што знам
Разбирам дека секој има потреба да се пожали понекогаш, да ги сподели проблемите со друг за да му биде полесно. Нормално е! Сите го правиме тоа понекогаш. Но не ги оправдувам оние кои се жалат постојано. Мислат дека само нивните проблеми постојат, сакаат да ги сожалуваат и да привлекуваат внимание. Ги преувеличуваат проблемите, цело време нешто на нив им се случува и нивните проблеми се нерешливи. Прво ги слушам и ги советувам, но ако претераат-веќе не!
Значи немам проблем со тоаа некој да ми се жали и ке се обидам да му помогнам но таа личност мора да има и своја граница да зне и да се насмее и да има позитивни гледишта
Кога некој ми се жали, пробувам да му помогнам, ама кога ептен напиња не го ни сушам. Он збори, јас со слушалици на уши Се зезам Нормално дека сите се жалат, па така и јас , ама не многу, по малце
Подалеку од нив! Ме полнат со негативна енергија. Ти битно ке го загубиш времето, а они ке се жалат, жалат и жалат како животот нефер се однесува кон нив и ти тука изнесуваш лепеза од совети.За на крај тие да се издуваат, а ти да останеш загрижен, ама нема послушување и заблагодарување. Тоа ме иритира. Augh I hate that people! Гревови се, болни и би можела да речам паметни. Затоа што знаат да си ја исфрлат исфустрираноста и ке си отидат со мирна глава.
Аааа на вакви јас му го најдов лекот, органски не поднесувам вакви идиоти. Некој ако стварно има мака секогаш сум тука, и од срце помагам, советувам, ама насетив ли лигушење одма си применувам тактика. И ке почнат "леле колку сум здебелена, ко свиња" и јас си реплицирам мртва сериозна, со фаца како да ми е грев "да стварно колку си здебелена ич не ти стои вака, и лицето ко торта ти е напраено, дебелка си искрено да ти кажам", или "леле колку сум грда" и си реплицирам "стварно некако чудна си периодов, ко на неубаво сменета". И за се така си кажувам, за испити кога ке кука некој ништо не напишав, за пари, за мажи, за облека за се! за што и да спомнат 10 пати полошо од тие што го кажале им враќам. Дури и се трудам да поверуваат во тоа што си кажале, зошто заслужуваат. Тие очекуваат спротивно нешто да им се каже, и да се ситат кокошки едни, и одма мамара, се сменува тема. Ух како мразам вакви створења, се изнервирав само од пишување
ги има еден куп и искрено не се замарам не ги регистрирам...се согласувам со другите постови сите имаме период кога сакаме да се пожалиме ама па стално не бива..а мрзам и од типот на ваквите луге на пример седиме друштво се смееме и само ке видиш некоја кути се издишува праи некои фаци само за да ја прашаш еј што ти е што се нервираш а уствари везе нема него само за да привлече внимание...