Океј сега,сите сме се жалеле кога сме имале потреба,сум се жалела и овде на форум за љубовен проблем,исто и на пријатели,знаеле да ме ислушат ама и не да ми дадат корисен совет,сум ислушувала секој кој ке ми се пожали.Но како што кажавте се има своја граница. Ете имав пријател кој постојано ми се жалеше на месенџер за неговата сакана како го одбива.Иако личноста ми има многу помогнато сепак на крај претера што морав да го бришам од секаде.Самиот тој со неговите постојани кењкања ми ствараше негативно расположение.Па дај одјеби бе човеку,разбирам дека сакаш да си олесниш на душата но секојдневно ?НЕ!
Не сакам да се жалам,се чуствувам бескорисно,макар што некогаш секако дека сум се пожалила а потоа ми било многу грдо на душата,во принцип никој не жалам но секому се трудам да помогнам колку можам,а никогаш не дозволувам некој да ме жали негледам ништо добро во сето тоа
треба да знаеш дека ако навистина имаш некаков проблем треба да се пожалиш(на одредени луѓе, не на кој ќе стигнеш), но ако се жалиш за без потреба тогаш еден ден сето тоа за =што се жалиш ќе те стигне. една девојка од кај мене, за да те придобие како другарка ќе ти каже се и сешто, да си речеш леле греота и да ја жалиш повеќе отколку мртов. јас не трпам така. и кога ќе видам дека на некој ништо не му е а се жали,а ниту ми е пријателка ниту роднина секогаш го прекинувам со муабет дека не сум расположена да се полнам со негативна енергија, и дека не сме толку блиски за да ми кажува такви работи. (на културен начин, и пак не навредувам). ама ако дојде преку глава...тогаш....ќе има за што да кука и да се жали
Ги сожалувам оние што цело време се жалат само за да добијат внимание или кревање на самодовербата (убава- вели грда сум, слаба вели -дебела сум), за мене тие се очајни, додека ако некој има потреба да си каже што го мачи, е за сослушување сум достапна во секое време и многу сакам да помогнам, да дадам совет на некој што му треба.
Мојата др постојано се жали за тоа како нема дечко,дека треба да си фати и така натаму ејј чекај и јас и уште 100 дев. што ги познавам немаат дечковци па што треба сега сите да се жалиме, да им речеме на мајките да ни купат што треба да правиме едноставно не ги разбирам лугето
Дури и самата се фали значи цело ЕБАНО време не само пред мене пред сите као у стил па јас секогаш сум убава или најубави очи имам се знае , ОЧАЈНО е најгласна од сите и НИКОГАШ не ме слушала што сум сакала да кажам ЕБАВЕ НАРОДОТ ЕБАВЕ
Има потреба некој да и ја зголемува самодовербата, па си ја фалсификува со тоа што сама си го кажува оа што сака да го слушне, но бидејќи е од неа мора цело време да го нагласува. Јас во таков случај би ставила сол на рана т.е. ќе и кажувам в лице дека не е толку убава, дека само она го мисли тоа, дека веќе сите слушнале не мора да биде досадна и сл.
Ме нервираат оние кои постојано се жалат а всушност се занесуваат и сакаат да ги подигаме! Не да ме нервираат, ме полудуваат.... но што да се прави мора и нив некој да ги трпи, но ако ми здосади, не ги ни ставам на ум и им велам: КАКО ШТО ЌЕ КАЖЕШ! И пукнува од лутина, но као среќна се прави!
На кого нешто не му фали? На сите нешто им фали....ама сум забележала највеќе се жалат оние незаситенитените. Што се им е малку, ... работава е дај му прст ќе ти побара цела рака. Многу ме нервираат да, ама си преќутувам. Или ако ми налета муабетот па некако и ќе им дадам дознание и дека не е работава до толку за лелекање.
Не само што ме нервираат луѓе што само се жалат и жалат,што мислат дека само нив им е мачно,дека само тие имаат проблеми туку и неможам да ги разберам воопшто што сакаат да постигнат со тоа,а и истовремено ги сожалувам бидејки очигледно си имаат психички проблем.
Лелеее значи го мразам тоа..... и јас имам една другарка што постојано се жали не и била убава бојата на косата, имала дебели нозе, немала убави очи. плава е и сама си кажува дека плавите девојки се убави, слаба е многу има зелени очи .. сака само да ја тешиме. Јас имам кафеава коса и кафеави очи и и реков: што сакаш да кажеш сега. Дека девојките со кафеави коси не се убави или што? И таа неее ама мојата плава боја не е убава.. абе ајде не ја ни слушам и не ја убдувам во спротивното само се насмевнувам и цело друштво веке ја знае што сака никој не кажува нешто... и таа сама не знае што збори
Имам такви во животот многу и се на нив им е лошо и се кај нив е најлошо како кај тебе и кај сите да е се најдобро ..на сите во животот не ни оде се како подмачкано ..али не кукаме... ...
Оваа особина на жалење ја имаат искомплексирани и незрели личности кои не знаат што сакаат и што да прават со себе, се со цел да го завртат вниманието кон сопствената самобендисаност.Жалењето прераснува до степен на патетичност кога не се толку интересни за слушање.Нивните проблеми се од "уникатна природа" на денешницава,бидејќи немаат доволно аргументи за полемизирање доколку се наоѓаат меѓу толпа луѓе.Имаат низок степен на интелигенција и сутуацијата во која не можат да се вклопат ја насочуваат кон себе со раноразни перипетии.
Колку се само согласувам. Имам една другарка, која буквално има совршен живот, дечко, богати родители кои со се ја задоволуваат, другарки, дури и многу убава облека. Ги има сите вредности на животот и материјални и духовни и на крај таа дојде да ми се жале за животот. Епа што да кажам јас што имам само третина од тие работи, а никогаш не се жалам? Еј луѓе, жалење 24/7, секогаш нешто и фали. Не знае таа како е навистина да ти недостасува некоја вредност на животот, особено љубов (зборувам во секаков облик).
Без претеруванје ја отварам темава за да видам некој зборови со кој ке Мозам да си ја зголемам самодовербата и оптимистички мисли а гледам само критики за лугето кој се жалат додека ме одите во нечиј обувки не осудувајте тоа е како болест некоја психичка навика и јас една од тие и барам начин да го отргнам тоа но не бива никако не можам да свртам нечие внимание ниту да имам поголема городст па наоѓам утеха во тоа кога ќе се пожалам и почнам да плакар пред другарките тогаш само обрнуваат внимание тешко е даа живееш со такви чувства многу
Да се жалиш и да те теши некој близок повремено кога имаш некој сериозен проблем е во ред, ама да се жали некој постојано само за да добие внимание не е во ред. Сите си имаме проблеми и нема ден некој човек да нема потреба да се пожали, ама ете за тоа не планирам да ги смарам другите. Некогаш ќе кажам некогаш си молчам и така. А да смарам некого секојдневно дека ме боли глава, дали сум или не сум убава, дали сум дебела или слаба дали некој ме погледнал или не тоа малку себично ми делува.