Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жалење

Дискусија во 'Психологија' започната од Unfaithful18, 16 јуни 2010.

  1. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Понекогаш се жалам, и тоа само на најблиските, на семејството, најчесто на мајка ми.
    Ми се жалат и на мене, за било што и да е, подготвена сум да ислушам и да помогнам.
    Но, константно жалење, не трпам. Секој имал тешки моменти, ама тие не траат засекогаш, моменти се.
     
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.196
    Пол:
    Женски
    Не ме нервираат таквите луѓе но ми предизвикуваат некое не баш убаво чувство. Треба да ги тешам цело време, затоа што се упорни со таквите мисли, што знае да биде напорно. :D
     
  3. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.144
    Допаѓања:
    50.520
    Пол:
    Женски
    Понекогаш знам да се пожалам на најблиските, на сестра ми и дечко ми.
    Но кога ептен нешто ме изнервирало или разочарало, не практикувам многу да се жалам бидејќи не сум таква личност, а и не сакам некој се да го замарам со моите проблеми.
    Ми се жалат и на мене доколку можам помагам, но премногу жалење не трпам.
     
  4. Feminka192

    Feminka192 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2017
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    2.567
    Пол:
    Женски
    Избегнувам ваков тип на луѓе. Ми делуваат негативно и ми расипуваат расположение.
     
  5. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    7.813
    Пол:
    Женски
    Јас единствено се жалам на форумов, онака барем маките си ги кажува и полесно ми е. А, пред луѓе не се жалам, немам таква навика, пошто знам дека пола од луѓето не ги интересираат, а другата половина само ќе се потсмева. Така да накривија капата што викаат старите и терај.
     
  6. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Не сум личност која има тенденција да се жали за своите проблеми. Напротив, ја користам мојата енергија да го постигнам сето она кое го сакам.

    Инаку, од секогаш постоеле и ќе постојат вакви луѓе - тоа е факт, но не им обрнувам никакво внимание и воопшто не ги слушам.
    Имам свои проблеми и желби и се фокусирам само на нив.
     
    На hermosa и blonde_supergirl им се допаѓа ова.