Жената-дома, а мажот на шетање...

Discussion in 'Брак' started by girl.23, Jan 25, 2012.

  1. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Joined:
    Jun 21, 2025
    Messages:
    1,442
    Likes Received:
    5,890
    Gender:
    Male
    Ако некој е во брак не значи дека треба постојано да се заедно, секој заслужува да помине време со пријателите или сам со себе.
    Ама ова треба да важи и за двајцата не може мажот постојано да шета, а тоа да и го ограничи на сопругата со изговор дека има деца. Тие деца се заеднички и треба заедно да ги чуваат.
    Нормално дека и секој човек е различен доколку едниот не му се шета и подобро му е дома, не треба да се лути на другиот ако има потреба од истото.

    Воопшто не ми се допаѓа реченицата "Жена е за дома", а добар дел од семејствата функционираат вака.. И не треба да се нормализира ова, затоа што не е нормално.. Секоја жена како и мажот има право на избор и право да има живот и надвор од дома, надвор од обврските околу домот и децата!
    А зошто се смета дека жената е за дома не знам ми нема логика, единствена приказна која што ја имам слушнато зад ова е дека "жената ако е дома не изневерува". И е многу глупо ова, оној кој го има смислено се плаши да не биде изневерен, затоа што тој изневерува кога е сам надвор, луѓето најмногу се плашат некој да не им го направи истото што тие го прават.. Инаку жена што сака да ти е верена и на другиот крај на светот од дома да е ќе ти остане верена, таа што не сака дома во подрум ќе ти затвори друг и нема биде верна, истово и за маж важи..

    Така што жената не е за дома, а мажот само да шета, двајцата имаат подеднакво право и двајцата подеднакво треба да се грижат за домот.. Точно дека не може се 50/50 да биде, ама не може цел товар околу домот да падне на жената..