Се е до карактерот и до тоа како бил воспитуван. Јас никогаш не би дозволила јас да седам дома, да чувам деца, да перам, да чистам, а тој да шета и да се пијанчи секоја вечер. Не дај Боже да имам таков маж. Јас се угледувам на моите родители. Тие уште кога бевме мали со сестра ми, секој викенд не носеа на вечера во еден ресторант во градот и тоа беше како традиција кај нас. И до ден денес моите родители излегуваат низ градот за рака, иако веќе не се млади. Тоа го ценам и сакам и јас да имам таков живот. Мислам дека вината за тоа е и кај мажот и кај жената. Прво жената е виновна затоа што дозволила и се помирила со тоа тој да шета, а таа дома да се грижи за куќата и за децата. Второ мажот е виновен затоа што никогаш не си го ставил прстот на главата и не размислил што прави. Овде во мојот град има многу такви случаеви и искрено ги жалам тие жени. Се надевам дека нема да ме снајде и мене таква судбина.
Оваа "традиција" потекнува од пештерско доба, кога жената била немоќна за лов, за борба и сл. Била кадарна да раѓа и чува и деца, да готви и чисти. Затоа и била нон-стоп во пештерата. Но денес се други времиња, модерни меѓутоа оваа навика си останала, особено во делот чување деца готвење и чистење. Сега и жената е способна исто колку и мажот, може да заработи пари, а економската ситуација доведе до таа врамнотеженост. Гледано од денешен аспект, морам да признаам дека познавам пар кој вака "функционира". За мене е во ред да излезе понекогаш, да се види со друштвото, да се "излифтира". Но секој ден така, никако не би дозволила. Јас да чувам деца а тој да скита, ахам јаране биче и то. Со мојов парнер имаме отворен и либерален однос, се дешава да излеземе, не многу често, но се дешава. Не сакам да е постојано со мене, а и што уопште би правел кога би дошол на пр.на лејдис најт? Ништо, ќе ни скрши филм. И за неговите излегувања имам ист став, едноставно не е природно во секој момент да сме заедно. Но сепак зборам за повремени излегувања. А не за секојдневни, да ми се погодел таков маж, ма ќе го врзував за спална со лисици, не за да го сексам туку да го научам на ред.
Вчера случајно го добив овој меил од другарка... Mlada žena koja se tek udala je jednog vrelog ljetnjeg dana došla u posjetu svojoj majci. Sjela je u fotelju i dok je pila ledeni čaj, pričale su o životu, o braku, o odgovornostima i obvezama zrelih ljudi. Majka je zamišljeno promućkala kockice leda u svojoj čaši i onda je jasno pogledala svoju kćerku. ''Nemoj zaboraviti svoje prijateljice", rekla je dok su listići čaja polako padali na dno čaše. "One će ti biti sve važnije, kako budeš starila. Koliko god budeš voljela svog muža, koliko god budeš voljela svoju djecu, one će ti biti potrebne. Sjeti se povremeno izaći negdje s njima, da se i dalje družiš sa njima. I zapamti da tvoje prijateljice nisu samo prijateljice, one su i tvoje sestre, tvoje kćeri i ostali tvoji rođaci. Biti će ti potrebne druge žene! Ženama su uvjek potrebne druge žene!" "Kakav blesav savjet ", pomislila je mlada žena. "Zar se nisam upravo udala? Zar nisam upravo zakoračila u svijet parova? Za ime Boga, ja sam udana žena, odrasla! Nisam neka šiparica kojoj su potrebne prijateljice! Moj muž i moja obitelj će biti sve što mi je potrebno da moj život dobije pravi smisao." Ali, ipak je poslušala svoju majku i nastavila održavati kontakte sa svojim prijateljicama. Kako su godine prolazile jedna za drugom, ona je polako počela uviđati da je njena majka, ustvari, točno znala što govori. Kako vrijeme i priroda donose promjene i misterije u životu svake žene, prijateljice joj ostaju najveći oslonac. Nakon 40-ak godina života u ovom svijetu, evo što je naučila: Vrijeme prolazi. Život se događa. Distanca razdvaja. Djeca odrastaju. Ljubav blijedi. Srca se slamaju. Poslovi dođu i prođu. Karijere se završavaju. Roditelji umiru. Kolege zaborave usluge. Muškarci imaju svoj svijet. Ali, prijateljice ostaju uz tebe, koliko god vremena i milja bile daleko od tebe. Prijateljica nikad nije toliko daleko, da ne može biti uz tebe, kada ti je potrebna. Dok budeš morala ići tim usamljenim putem koji se zove život i kad budeš morala ići sama, tvoje prijateljice će biti tu, pored puta, navijajući za tebe, moleći se za tebe, trudeći se oko tebe, intervenirajuci u tvoje ime i čekajući te na kraju puta širom raširenih ruku. Pokad će one čak i prekršiti pravila zbog tebe. Moje prijateljice su blagoslovile moj život! Svijet ne bi bio isti bez njih, ja ne bih bila ja. Kad smo započele ovu avanturu zvanu ženskost, nismo imale pojma o nevjerojatnim radostima i tugama koje su nas čekale na tom putu. Niti smo znale koliko ćemo biti potrebne jedna drugoj. I svakog dana smo si sve potrebnije! Овој совет е и те како корисен.
Колку што прочитав, овде се зборува за крајности, кога жената постојано седи дома, а мажот шета како да е дечко... Тоа тешко некоја жена доброволно да прифати. Е сега, има коментари од типот „сама таков го земала, што не гледала“ итн итн... Претпоставувам дека тие девојчиња не се мажени . Јас бев во врска со маж ми две години пред да се земеме, од тоа имаше куси периоди кога дури и живеевме заедно, сосема добро се познававме, а сепак, кога официјално стапивме во брак требаше време да сфати дека има обврски и дека не е веќе синче на мама и тато, туку сопруг (и подоцна татко). Во врска функционирањето беше поинаку, во брак поинаку. А за шетањето... ретко излегуваме секој сам со друштво, ама не сум од оние жени кои би правеле сцени, затоа што и јас сакам (ретко, ама сакам) да излезам сама со друштво. И кога сме излегувале друштво од работа ми се случувало да се приберам „ниедно време“ , дури и од кај другарка на кафе се имам враќано многу доцна на пр (колку да појаснам, прво си го средував и го заспивав детето, значи излегував после 10 навечер, па затоа и така се враќав). Не одобрувам секојдневно или често шетање сам(сама) по кафани или каде било, ама секој од нас, или еве да зборувам во свое име, конкретно јас имам потреба за време поминато со мое друштво, со наши муабети.
да многу мажи да не претерам ама некои си 90% излегуваат во филмот (Ожењен сам а као момак живим ), но мислам дека жената трпи во името на децата затоа што таа ја прифатила улогата на грижата околу децата. Или пак станува збор за жени кои не гледаат некој посебен квалитет кај себе и мислат дек тка е исправно ине се спротивставуваат. Никогаш не би прифатила да му ги перам кошулите, гаќите а тој да оди и да шета а со мене да биде за Нова Година, Божиќ и празници за да се покаже во светло на фамилијарен човек. Па за се има ДОСТА. седнуваш разговараш и му објаснуваш дека ти смета. Ако продолжи, развод и продолжуваш понатаму, па после тоа ОФИЦИЈАЛНО нека биде слободен. Секој има кризи во бракот но тоа се решава со разговор. Е сега тука играат фактор и девојките кои станаа премногу ефтини па заедно шетање кока-кола и нозете високо горе-ОЛЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ.
ех за ваквите мажи порано бабите на своуте внуки им велеја : - керко кога ке подостарит ке му паднит газот ( .....) и ке си легнит на брашното !,, Е за така извини ама кога ке подостарит тогаш и за мене ке бидит стар ! Немојте премногу да им дозволувате не дека сум била љубоморна НИКОГАШ!!! ама имат начин и тактики како да се поприберат дома ,,златни обврски,, дуплирајте му ги обврските околу децата !
ја да ви кажам искрено кај мене подолг период веке е обратно-мажот дома а жената на шетање дека со дечко ми сме у различни градови,ја со другарките си излегувам за викенд еднаш обавезно,а некогаш и двапати неделно,мада поретко,а на дечко ми пак не му се излегува и си седи дома, не ми брани и не љубомори.сега нормално и јас не правам глупости нели,да го изневерувам и слично не,излегувам чисто ради разонода,да разменам малце,да се видиме со другарките да поџускаме малце..шо да му праам ко он си е домашар и не е по излегувањето,нека си седи дома.. е сега кога ке се земеме тогаш ке видиме шо како ке биде..
Баш таков братучед имам. Влезен е во филм дека има жена и деца, а дека е прав младич и секогаш ќе останел млад. Нему гордост му е да ака секој ден, секој викенд навечер и да оди на сите случувања низ град. Тој секаде бил. Обожава да оди на студентски забави и да се дружи со студентки. Само за празници е дома со жената (колку да се покаже). Жената потекнува од сиромашно семејство (во куќата од мајка и` се теснат две снаи), па така си молчи и едноставно вика: Што да му правам, таков е, му се шета.... Не знам како го толерира.
Ахм, да. ќе седам јас дома. Не бре, заедно има да си шетаме по кафаните, па кога ќе имаме дете, ќе си пиеме дома двајцата. Не, озбилно. Не можам да ги разберам таквите жени. Може на некое ниво и на нив им одговара да се ака мажот, они на раат да си бидат по дома.
абе видете што е така така е....како сакате кажете на жена и не и личи премногу да шета...па ај сеа ке се стаписам со мажот ми по кафани и кафики
Врска, брак, што и да е кога веќе решил да ти биде сопруг/дечко тогаш нека биде со тебе. Не се изналудуваа, изнашетаа, и да се изразам лошо претпоставувате уште што можам да кажам за мажите од таков вид. Не е фер некои што така се понашаат, на некој начин ги понужуваат нивните партнерки. Што и да кажам таа е отварајте очи дечко се мења, за маж е малце по сложено(и по скапо) да се смене, да не дојде до тоа. И јас моментално се нервирам оти животот ми стана жива монотија но за среќа уште ми е дечко, па може да се смене на полесен и по нeболен начин позз до сите и среќно
Повеќе ти се допаѓа да дремеш дома, а маж ти да шета по кафани? Хммм....мошне редок и егзотичен примерок од женскиот свет.
A дали на една дама и прилега да шета по кафани со својот маж....нормално дека тој ќе излчегува многу повеќе затоа што е маж што и да речете така е...нормално доаѓа ред да излеземе заедно на некое убаво место..
Да не му е криво на женскиот род што се' уште кон жената се гледа примарно како машина за раѓање деца, перачка, чистачка и готвачка. Додека има вакви размислувања, самите нема да мрднеме од правилата воспоставени уште од пештерата. Ќе излегувал повеќе затоа што е маж? Тоа ли е аргументот? Не, ќе излегуваме подеднакво и ќе излегуваме поголем дел од времето ЗАЕДНО. А ако тебе ти одговара на едно од негови десет излегувања да те земе некаде, прифати си и уживај, немој другите да ги убедуваш како е правилно и нормално. Да се наежи човек просто.
Овде употребувам еден исто толку важен аргумент како твојот дека е маж, кој се вика МИСЛИ СИ. Мисли си дека ако е маж има предности. Мисли си дека на жена не и личи да излегува. Мисли си дека е убаво да скита семеен човек, со фамилија, додека децата и жената му седат упрпани дома. Мисли си дека така треба да биде, жената уплашена дома, го чека и ѕирка зад пердето, каде е главата на фамилијата да се врати. Хо, хо, мажов, оф мори мајко. Мисли си дека така одиме напред со општествово, да да, одиме напред само наназад ги мрдаме нозете. Мисли си ти, само мисли си. Спојлер А јас се си мислам дека ова е Сања Лазања.
Имаш нешто против моето мислење??? Ок ако го имаш...мое мислење си е тоа...не мора на вас да ви одговоара...