Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жената-дома, а мажот на шетање...

Дискусија во 'Брак' започната од girl.23, 25 јануари 2012.

  1. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Твоето мислење на никој не одговара, освен на некој заостанат маж :)
     
    На srcekrsacka и Lola-M им се допаѓа ова.
  2. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.910
    Допаѓања:
    4.542
    Мислам дека турскиве серии им го хранат егото на машките и со тоа си земаат сила... Не е исклучен фактот дека менталитетот ни е за никаде...Не сакам да се повторувам ама, машко не се менува и никоја неможе да го смени. Машко се менува само ако тој сака а не зашто се потпишал во општина или дал заклетва пред Бога...
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Ситуација 1.
    Седам дома и маж ми излегува без мене.
    Ова не е како го нарекувате не знам, балканштина или не знам што, туку едноставно понекогаш така се редат коцките.
    Што да правам јас со пет-шест мажи во кафеана? И да излезат сите со жените, каде јас со бебево кое ретко се дели од мене? Зарем маж ми е виновен и треба социјалниот живот да го сведе на минимум поради мене? Понекогаш знае да претера, но сепак тоа се периоди кои ретко го фаќаат :D

    Ситуација2.
    Тој седи дома, јас шетам со бебето со другарки/пријателки со/без мали деца.
    Што да прави тој со мене кога ние само жени сме се собрале и коментираме за пелени, млека, доење, (не)спиење? :lol: Ќе коментира како убаво изгледа бебето кога смука ци*ка? Или како сум секси кога два саати го заспивам бебето, а тоа не сака да спие? :|

    Овде и во двете ситуации не се опфатени заедничките излегувања со друштва и деца (туто комплето :lol: ).

    Да дополнам само, точно е дека детето е заедничко, не е само мое или само негово, но кога јас не можам да мрднам сама, зошто па и него да го врзувам дома, мака ми е така. Кога имам потреба од него-да молам, дома ќе седиш и оро ќе играш. Не ми менува ништо ако седи дома и гледа ракомет и не смее да писне бидејќи бебето спие, или пак ако излезе и гледа со друштво.
     
    На srcekrsacka, Nine25, bittersweet и 3 други им се допаѓа ова.
  4. sanjickar

    sanjickar Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    39
    а зар на некој треба да му одговара??? :D на маж ми сигурно ќе му одговора!
     
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    ^ Нека ви е со среќа.
    Ајде сега... bug off.
     
  6. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Кога јас ќе излезам во кафана, без разлика дали со маж ми или со одбрано друштво, ќе се однесувам како што атмосферата налага дека е прифатливо. Сигурно нема да тргнам во кафана натокмена и со манири како небаре одам на вечера во мичелин ресторан. Во кафана ќе пијам и јас како и сите околу мене, ако има жива музика ќе плескам и јас раце, ќе пеам, па ако ми е ќеф и ќе ставам два прста во уста и ќе свирнам! Во кафана сме, и специјален поздрав до расположено друштво!

    Кога ќе отидам на коњски трки, дама и пол, ќе облечам фустан што ќе ги покрива рамената и колената, ќе носам и шешир , ракавици, и нема да пијам туку ќе лигавам чаша шампањ два саата, која ми е повеќе аксесорис отколку пијачка, и никој нема на крај свет да претпостави дека сум јас истата таа што пред некој викенд, или месец сум била во кафана, поднапиена со цело женско/мешано друштво, па и на маса да сме играле ако до тоа ни дошло во тој момент.

    Едно е жената да знае како да се однесува според тоа каде се наоѓа, а друго е да знае според маж и(и компанија на негови истомисленици) каде и е местото.
     
    На srcekrsacka, Nine25, bittersweet и 6 други им се допаѓа ова.
  7. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.507
    Допаѓања:
    173.637

    Ти мажена си сањичкар?Го пушташ маж ти да „шета по кафани“?
    Или ова ,за женетите мажи е ок да излегуваат „по кафани“ ,додека се „туѓи“ мажи,ама кога ќе бидат „Наши“ е тогаш друго мислење ќе пишуваме.
     
  8. sanjickar

    sanjickar Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    39
    не сум мажена....ама и кога ќе се омажам ќе го пушта,..еве го пуштам и дечко ми.Која сум јас да не го пуштам?? што ми е тој мене?Роб?Моја сопственост?
     
  9. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.507
    Допаѓања:
    173.637
    Абе ,не се работи за пуштање,не е на ланец,ама како ќе поминуваат годините така и пуштањето ќе биде поголем залак за двајцата-зборувам за редовно-скоро секој викенд до утро по кафани.
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.505
    Допаѓања:
    201.487
    Пол:
    Женски
    Ајде баш да видиме дали ќе биде така, омажи се, па ќе видиш... никој не вели дека мажот ти е сопственост, ама да седиш дома затворена во четири ѕида со дете или без дете додека тој шета по кафани и си прави што сака, не е во ред. Едноставно не бива така.
     
    На srcekrsacka и blond им се допаѓа ова.
  11. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.039
    Допаѓања:
    1.092
    Пол:
    Женски
    Абе тука не станува збор за искачање повремено, па поготово како некоја феминка погоре што кажа дека сигурно нема да го држи дома ако треба да молчи додека гледа ракомет бидејќи детето спие - која е поентата да седи дома?? Ама излегување од типот на секоја вечер сум камен пијан и скитам со друштва од јутро до сутра - е немој молим ти се, во тој случај не мораш ни да се мажиш, што ќе ти е маж којшто го гледаш повремено, поготово за празници.

    И убаво се спомна погоре: се додека има сфаќања дека е нормално мажот да скита, а жената да дреме дома - ќе не гледаат како машини за раѓање, готвачки, чистачки и место да си го сместат кога ќе им се присака!
     
    На srcekrsacka, dimoska и girl.23 им се допаѓа ова.
  12. dimoska

    dimoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    47
    Сум видела секакви ситуации.Знам млад пар каде мажот станува од сабајле се мие лице и излегува и бог знае кога ке се врати а жената ко некоја машина за деца раѓање 4 имаат главата не знае кај и е а не дека нема да кој да ги чува има супер свекрва ама тој е таков испод части што би рекле србите му е да излезе со неа ,кога јас и кажувам бевме со пријатели на вечера или сме излегле негде сами кога децата се кај баба таа ми вели блазесити јас не знам што значи излегување со мажот ми.Жално но вистинито.Да споменам и мене што ми се случи.Имавме гости од австралиа млад пар и излеговме една вечер во дискотека.Кога други видоа слики на фејсбук реакцијата беше што барам јас таму па уште во мини фустанче демек срамота било значи не мажот ми што бара туку јас што барам со нив мажена сум била требало дома да седам.Ова беше реакција на некои роднини.фала богу што мажот ми не го засегаат тие работи.фала богу свесен е дека дома има жена и деца.кога е соодветно времето мислам на временските услови повеќе сака да ги шетниме децата во зоолошка во парк и слично отколку сам да излегува со другарите.е сега не велам дека и тоа не го прави ама во просек три пати годишно а и кога излегува излегува покасно кога се ќе средиме по дома кога децата ќе заспијат кога ќе види дека ништо не останало позади него а и не лумпува до не знам кога два три часа најмногу :) кога ќе му рече на тој од погоре споменатиот пример дека не излегува тој му вели сопругата ти брани ама овој мојот не реагира сам си знае јас збор не сум му рекла кога сака можи да си излезе ама ни тој збор не ми вели ако јас излезам.Видов во пишаното некој спомена беспарица па ако нема пари за шетање како има за сам а нема за да излезе со сопругата зарем поевтино е да части десет души по дискотеки отколку вечера или излегување со сопругата.а да споменам дека и ние се венчавме многу мали јас имав едвај 19 а тој 22 години.само работата кој како ке созрее некој до 15 растел потоа запрел да се развива во мозокот.не треба постојано тоа да го прави ама не треба пак и друга крајност двајцата да се како со папочна врвца врзани и тоа не го бива и тој неа и брани и таа него а заедно од караници не можат да се сложат да излезат и ова сум го видела.значи според мене златна средина и за двата.
     
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.350
    Допаѓања:
    249.512
    За ова би рекла - Кој како си ја наредил!
    Доколку мажот шета, а жената седи дома, тогаш вината е во жената. Таа така си се поставила во врската, па и во бракот.

    Јас не можам да се замислам така.
    Ние уште сега живееме заедно и ваквите работи ни се веќе решени и договорени.
    Мене не ми смета кога ќе излегува со другари да гледа утакмица, иако најчесто тоа го правиме заедно бидејќи и јас следам и фудбал и било кој друг натпревар :lol: . Не ми пречи да оди во обложовалница, или пак на кафе со некој другар и слично.
    Околу излегувањата, повеќето пати излегуваме заедно. Се случува тој да излезе сам со другарите, јас сама. И не мислам само на лејдис најт туку излегувам сама и кога во друштвото има и некое машко, колеги или другар.
    Не му пречи, исто и на мене.
    Еве сега се вработи, па почести ќе бидат собиранките со колеги и колешки.
    Јас имам доверба во него и тој во мене.
    Јас многу почесто сум излезена преку ден, речиси секој ден, тој повеќе седи дома.

    Ни кога ќе бидеме во брак не верувам дека ќе се смени нешто.
    Само што поретко ќе излегуваме сами, бидејќи не сакам тој да шета до рани зори, а јас дома да седам, или обратно. Некој пат нека излезе сам, ама враќање во пристојно време.
    Сепак понекогаш ти е потребно и сам да излезеш и да се издуваш :) .

    Значи, било да е во врска или во брак, повремени излегувања оправдувам, значи мислам за вечерни, ама оваа да премине во навика НЕ!
    Ако некој постојано сака да излегува сам, зошто тогаш е во врска или во брак?
     
  14. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    кога ќе се омажам нема да му дозволам да се разшетува до толку сеа не знам за други ама за мене тоа ми е некако -ај ти седи си дома јас ќе идам да се забавувам-
     
  15. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    666
    Мислам дека нема и што да му забрануваш, ако е доволно паметен -самиот ќе си свати, ако е човек со осет.

    Ете го старото: 4 очи отварај кога рипаш во тава.
     
    На srcekrsacka, Special.Someone и stilas7 им се допаѓа ова.
  16. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    Искрено со тој шо сум сега....многу многу не обожава да шета сам без мене...така да не излегва со другарите...и тоа многу ми се допаѓа кај него (на која нее)..А иначе ако сака некогаш да излези нема да му направам проблем доколку тоа не се случува секоја вечер е то би ме инзервирало јакоо
     
  17. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Колку време сум заедно со мојот партнер и во врска додека бевме и сега откако сме венчани, тој никогаш не изјавил желба да шета сам или со другари, каде и да оди мене секаде, ма буквално секаде ме води, не може без мене едноставно :$ :inlove: :$ така да не ми смета воопшто тоа, напротив е најпаметно :)
     
  18. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.039
    Допаѓања:
    1.092
    Пол:
    Женски

    Те носи и кога треба да оди на кафе со другарите? :^)
     
  19. barby

    barby Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2010
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    8.450
    Знам многу вакви случаеви, ама потполно сум против
    Никогаш нема да дозволам сопругот да ми шета постојано, а јас дома да бидем затворена со децата. Тоа не е љубов. Штом не сака да биде со мене значи се срами да ме однесе пред друштво, тоа е потполно понижувачки. Јас сакам да излага и со другари, мора да се дружи, ама се си има граница.
    Ако тој шета, шетам и јас :)
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Ако треба дефинитивно да, ме носи ;), но бидејќи со време е премногу кнап и нема време да оди на кафе со другарите, така да другарите доаѓаат кај него/нас во кафич на кафе и се гледаат 8)