кај мене тоа нема или исто или Чао!.. знам слуЧај каде сто таа дома сди седи и седи а тој се пијани надвор до сабајле имат ли таквите мозок си се прасувам или не? кутрата девокја жал ми е за неа али немам сто... искрено едно е кога сте верени а друго е да сте во бра,зарем убаво е да таа го ЧЕка по цела нок сама дома а он да сета и пие со другари,додека она преку ден му пегла му Чисти му прави јадјне а навеЧер е сама.. ма матер му негов,нека иде у пм... девојки никако такво несто да сте дозвололе! ако има љубов нека има и заедниЧко на се а не да сте роборт...
Ова ми е најдеспотската, најзатуцаната и најгрда карактеристика на нашиве мажи. На жената местото и' е дома, а демек ја сум уште дечко и не ми е. Ако сакаш шетање и жена ти нека шета бе. И таа нека не се врти дома, а за домашните работи, најмете си помошничка и “гледајте“ си се само под чаршафите...Ама, ќе рече некој бракот нема на ништо да личи... а личи ли кога жената се третира како домашна помошничка преку ден и роб на фантазиите на мажот навечер? Па никој не се родил за да му робува на некого...ако ти се шета, изведи си ја и жената... (значи зборам за ситуации кога мажот не се врти дома, или излегува до ниедно време, а жената мора да слугува, нормално повремен едночасовен пиво-муабет со другарите 2 до 3 пати во неделата или евентуаааално после работа не е строго забранет. Во такви случаи, подобро нека биде тоа надвор, барем ќе имаме помалку садови за миење и помалку смирисан стан на цигари, пиво и сл. )
Треба да има рамноправност помеѓу жената и мажот. Ако тој искача, зошто да не може и таа. Што е жената па помалку од мажот, па да седи дома?!!? ептен се нервирам кога ќе чујам некој таков кометар, као на жената местото и е дома
-ако нема деца- не толерирам, ако мисли дека ме зел за да му чувам куќа дома се излажал. Демек, јас црнец сум? Не сакам и јас да излезам? Ако зборуваме само за машко друштво во кафана океј, ама диско каде има илјадници ороспии кои само чекат да растурат брак, хаха мало сутра. Ич и нека не се враќа. -ако има деца- до 1 година, 1,5 година зависно е ептен од мајката па не би ни ми требало излегување, бидејки би гледала сето слободно време да го преспијам. Тие филмови дека му е напорно и му треба време да се излади малку со излегување, не би запалило кај мене, исто како во првиот случај, кафе со другари/само другари во кафана не правам проблем. Диско, и ноќно излегување во кафичи не доаѓа во предвид. Сума сумарум кога ќе сака да излегува на диско, излегуваме заедно. Ако не му одговара, ич не требало ни да ме зема. Ако не му се изиграени играчките... не знам што да кажам мене ми е многу глупо и долно кога ке видам некој оженет во диско/кафичи во 3-4 часот сабајле пијан, се понаша како тинејџер... Токму затоа секогаш гледав колку-толку поголем од мене да ми биде дечкото за сериозна врска. Сепак, сеуште не сум запливала во тие води, и не знам како ке биде, ако може да ми се погоди да седи со мене дома и да гледа филмови на топло, супер.
Е сега на тоа не гледам на толку страшно,и кога бевме дечко и девјка имаше моменти кога јас сама сум излегувала тој не бил во Македонија,а сигурно и тој таму излегувал,имам доверба во него знам дека не се пијанчи до тој степен да се глупира зошто и кога ми беше дечко го немаше тоа кај него,сега и јас сум се поднапивала хехехе никогаш се зафркавам еве Блонд ме изобази да пијам бело винце и сега кога се збираме друшки си пијнуцкувам по една чашка за расположение,инаку не сум строга да мажот не смее да оди да шета,па можам и јас кога сакам да си излезам и да си шеткам иако имам ддетенце од година ипол така да се е до тоа како ќе си се издоговорат двајцата партнери
Да, секако. Ама темата е „ Жената-дома, а мажот на шетање...“ односно се однесува на ситуациите кога ја нема таа рамноправност...а на нашиве простори често ја нема. Посебно ме вади од кожа ваквото однесување на мажот откога жената ќе се породи. Со секоја чест на исклучоците, ама само бараат изговор да му ја здувнат, сигурни дека жената има повод да седи дома (барем додека детето не биде доволно големко за да може да го шета).
Имав таков дечко што јас си седв дома,а тој си шеткаше,ме изневеруваше и верувам дека тоа е само домашно воспитување,зошто мајка му беше жив затвореник не излегуваше од дома,а татко му по цел ден низ кафани со други жени,а таа сиротката не смееше ниту на фризер да отиде,само домашните работи и децата да си гги оправува,и така тој сакаше и мене исто да ме учи среќа што паметот ми дошол на време па се тргнав од таков човек ,па жена му сега е исто не смее никаде да мрдне или со него или е дома таа а,тој си се шетка
Е да, од мал тој имал таква семејна слика и мислел дека е нормално, а дури и да сфатил дека не било, веќе си се навикнал и му одговарало така и си продолжил...
Јасно е дека ова сеуште е Балкан и дека жената сеуште се гледа како домаќинка и дека треба да седи дома,да готви,чисти,гледа деца додека мажот шета до ни едно време.Ни под разно не го оправдувам тоа и иако сеуште не сум во брак тоа нема да го трпам од него ако прави така.Нормално е да излези со другарите на кафе,пиво на час,два или пак да оди да игра фудбал што го прави и сега дури сме во врска и не планирам тоа да му го скратам бидејќи знам дека му е задоволство,а и нормално е да си излегува со нив,сепак нема да седи само дома со мене и да се откаже од другарите и социјалниот живот.Секако дека ќе ми смета да излегува по дискотеки и тоа не го поддржувам бидејќи и јас не би го правела истото.Како и тој ,и јас би излегла сама со другарки на кафе или пак на шопинг,но да одам во кафани,ноќни клубови никогаш не би.А ,секако дека најмногу од се би ми сметало ако не излегуваме заедно,а тој сам да излегува секој ден.Е тоа веќе би ги преминало границите и би претставувало проблем,јас не би го дозволила тоа никако.Сепак си имам свое јас и да седам дома ,а тој да шета не ,ќе тепам и карам тогаш .
Да ви кажам женички еве мојава ситуација баш, мажот ми работи во дискотека како шеф добро е платен и све тоа, мене ми беше тешко да се навикнам, знаете друго беше кога бевме дечко и девојка кога искачав и јас почесто али сега откако сум во блажена состојба нормално и тој начин на живот да ми се смени, јас него многу му верувам али ете незнам едноставно некогаш ме фаќаат моменти кога ми се прават филмови во глава од тоа какви све не искачаат у град, имаме правено милиооон пати муабет и ми дава до знаење дека тоа му е работа и дека е чисто професионално таму и све мене тоа ми е јасно али ете кога јас останувам сама дома а он иде таму ми иде да му речам до кога ке трае сето тоа иако би било многу себично од моја страна затоа што сепак си ја сака работата и ја работи долго време, само се надевам дека работите ке се сменат откако ќе се роди бебчето, досега сите кавги што биле меѓу нас биле баш поради таа негова работа и испаѓа навистина дека не му верувам...
Работа му е убаво кажал , што да прави да ја остави ли работата на ова време кога работа и те како треба а нема , знам дека се јавуваат сомнежи и мене би ми се јавиле , башка бремена си ти работат хормоните , кога е помислиш на такво нешто помисли дека таа работа ви носи леб и колку мажот ти те сака и бркај ги тие мисли сега уживај си и самата пиша во блажена состојба си така и треба да ти биде не се оптеретувај со глупости .поздрав
И јас бев иста како тебе , сопругот исто така работеше во една дискотека како обезбедување ама јас тогаш бев со мало бебе , сакав до мене да е, ми недостасуваше многу а и голем процент бев љубоморна. Со тек на време сватив некои работи дека ако тој сака да направи нешто не мора да значи дека ќе направи додека е на работа , почнав да ги вртам приоритетите на кај син ми и помалку мислев на тоа каде е сега и што прави . Фала му на бога сега секоја вечер е до мене нема потреба да го мислам освен се случува да се зашета со друштво па да се врати сабајлето дома. Инаку јас не сум забранета одам и по дискотеки и на вечери си друштвото сакам ете еднаш месечно да се разонодам малку и да имам време само за мене можеби ќе звучи себично ама некогаш сакам да сум сама без сопругот и без син ми. Не се нервирај ти сега додека си бремена од кога ќе се роди бебето ако биде како моето да станува на вечер на секој саат ноќите ќе ти бидат како во транс та нема да знајш ни кога заминал ни кога се врати
нормално дека е така јас те разбирам а мислам и и другите девојки.. кога и мојот сопруг или на некој од девојките тука би работел таква работа се некогас ке поминесе низ главата тоа сто ти помина тебе но едно да си знаес ако тој до ден денс не ти дал ниедна приЧина за да нее верувас во него тогас нема за сто да се грижис,ти си го знаес мажот и ке знаес сто да мислис и не... сепак убаво е кога ти кажува дека тоа е само работа и дека нема за сто да се грижис...поз
Баш така девојки, мора да се има доверба иако денешно време ретко кој ја има 100 % али тоа е најважното оружје мислам за секој брак и врска, ако не се нема таа доверба тогаш почнуваат кавгите и веќе нема да е исто како што било на почетокот, али се разбира тоа мора да е и од двете страни
Кога бев сингл и кога излегував, постојано низ градов шетаа а и уште шетаат јас ги викам ,,женети ергени,,.Секоја вечер у град, пуштање на девојчиња и тоа полни со самодоверба.Многу поголема од single момци ...A дома женичка, дечиња ги чека...Скопје е преполно со вакви момци..Дури страв да те фати да се омажиш...И тоа си викав, леле некој ваков ако најдам, тешко мене... И во принцип ваквите типчиња се женкаришта... Кога го сретнав мојот сегашен сопруг, како дечко и девојка постојано излегувавме..И двајцата шетачи...Скоро секогаш заедно, но никогаш немало проблем и секој со своето друштво да си излезе...Со текот на времето и моето и неговото друштво станаа заедничко... Од кога почнавме да живееме заедно на почетокот воопшто не излегувавме, убаво ни беше сами дома, да си викнеме некогаш гости...желни за домичка и уморни од шетање ... И сега излагаме, најчесто во кафана со пријатели, по гости, на кафе, во кино...Нема некоја желба за излегување , дали 5 пати изразил желба од кога сме заедно , и прво друштво што му паѓа на памет да излезе во диско или кафик сум му јас...Освен нормално ако не е некој повод, со другари, со колеги од факс, каде што сметам дека не сум потребена, ниту пак одам...Секако и јас дека излегувам за такви поводи и нема потреба да доаѓа...Така да немам причина да му бранам ама воопшто...Ниту тој мене...Довербата е најбитна... Искрено некогаш и сакам да излезе и да си седам сама навечер...Од како останав бремена и тој е дома постојано...По некој петок оди да игра карти со другарите, и толку... ..Ја сакам слободата во бракот и многу е потребна...Но се во одредена граница... Неможам да прифатам маж секоја вечер по градов да шета, а дома жена и деца...И обратно...Ма да тоа обратното кај нас во Македонија многу тешко ....
За ова сум голем противник и срќа моја што не накапав на ваков брак,бидејки сум личност со фобија од многу седење дома.Секако не сум некоја пицајзла која кога сопругот ке реши да излезе ја под рака до него и кај требело и кај не требело.Секако дека тој излегува и сам,и ке остане и до сабајле и со своето друштво,но знае еднаш неделно да ме земе со него или пак нема никаков проблем да ги причува дечките кога е слободен да излезам и јас со моето друштво.Имам прилика да видам ваков брак каде што жената е цел живот дома а сопругот вечно не е тука,а кога и да реши да излезе ем и децата ги носи со неа,тоа завршува катастрофално уште не излезена и звони телефонот да се враќа дома и во последно време не ни покушува да излезе.И го мразам сопругот јас несто неверојатно од него.
Познавам вакви случаи и не ги оправдувам ама ич! Ова е само дискриминација на жената, ништо друго. Жени, не ви требаат вакви мажи. И се познава ова, уште додека сте во врска. Ако шета без вас по цели ноќи, ве испраѓа во 12 и тој продолжува, или пак ве бара од 12 до 2 по полноќ само за секс.. Понастрана. Ќе си имате мака цел живот после.
Ќе шета?Нека се прошета и до кај адвокатот успат. Со другари еднаш-два пати во месец или деловни вечери океј.Ама секој викенд да ми се рашетава лош пречек ќе добие ко што сум швркната и јас
Не знам зошто олку негативни критики и омраза кон кревките женети ,,ергени" кои често сакаат слобода надвор од бракот. Па, им сметало што шетале, бре бре. Јас сум потполно на нивна страна во ситуации кога бараат прошетки.. Голем е Вардар. Може некогаш и низ него да ги провеслате на рекреативна база, гарант ќе им се допадне. Јер развод е лајт варијанта.