Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жената-дома, а мажот на шетање...

Дискусија во 'Брак' започната од girl.23, 25 јануари 2012.

  1. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.733
    Допаѓања:
    172.795
    Пол:
    Женски
    Е добро де..ако играме така, ќе играме..
    Маж ми нека шета со другари, јас ќе шетам со другарки..
    Додека тој мисли дека сум дома, јас патот под нозе и надвор.. додуша јас знам и сама да шетам и да седнам некаде, сама на себе сум си доволна..
    Па ќе се приберам пред да се врати тој...ако мисли дека сум седела дома - нека мисли. Ако не мисли па...баш ме заболе..

    Ама јас да робувам дома а тој да скита.. јок. Не се разведувам, ниту му го вадам низ нос тоа.. Нека пати копилето :D
    Едноставно реципроцитет на скитањето ќе има..
     
    На Alishan30, muchacha_a, boomsleng и 6 други им се допаѓа ова.
  2. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.250
    Пол:
    Женски
    Најмалку дискусии и постови на тема која што е распростренета во македонија, проблем што секој втор или трет маж го носат со себе, его ли е, комплекси ли се не знам али слаба распишаност на тема која што е огромен проблем во мк, тема која за која што многу дошле до развод од блиски примери..

    Имено во мк се возев со еден таксист до подолга десринација, познаник пријател на маж ми, ми вели јас сум била строга, не знам каква сум била, они мажите односно багрите таму од луѓе - другари меѓусебно секое попладне се собирале некаде на пиво, доколку некој не отишол важел за пичка, за папучар, за пижамар?
    Сериозно?
    Сериозно со ова се тешите сите вие што не знаете да уживате со фамилија дома или некаде надвор?
    Сериозно ве заболе што ќе рекол рајко пијандурката за вас оти не сте излегле секоја вечер на пиење у некоја биртија?
    Ама сериозно?
    Така му реков.
    Замолче.
    Му велам со ова вие се као фалите дека сте мажи?
    А ова уствари не е за фалење туку за жалење или како да кажам.

    И после ќе живееле 5 души у 50 квадрати, ќе немале месо за ручек, ќе немале за одмор, ќе немале за деца...
    Сриозно?
    Кога при здрава свест и разум секоја ден трошите пиејки и јадејки надвор од дома и трошите 5 дневници

    Епа ќе немате, и ќе се разведувате.
    Мада за вас треба полошо.

    Маж за у кафана бил.
    Да да ние прости мажите паметни.

    И како бе да не биде?

    Јас не знам зошто пола од машката популација во мк мисли дека си господин ако си у кафана и ако гасиш телефон на жена и деца
    Кој ве излажа?
    Ве осакати за навек.

    Се знае што е господин, вие другите сте биртаџии во биртии!!!
     
    На Puffy2019, worrieddd, Alishan30 и 27 други им се допаѓа ова.
  3. Independiente

    Independiente Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2014
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.558
    Пол:
    Женски
    Ниту во врска ниту во брак не сум седела дома а он да шета ао другарите.. додека бев на патолошка, во кревет освен на работа што одеше другото време беше дома. Јас пак намерно ќе го пратам до продавница, ваму таму само за да излезе од дома, колку пати сум го молела да оди да прошета да пие кафе ама увек викал заедно дома ќе пиеме, па купи апарат за нес за да мислам у кафиќ сум хахаха луд е скроз. Се на се да излегол во тие месеци 5 пати. И баш од никој немам слушнато дека е папучар или било што (можда до луѓето околу нас е) знаеја низ што поминуваме може затоа не досадуваа.
    А сега откако се породив шеткаме заедно.. знае да отиде да прошета, да издува глава (по мое инсистирање) ама увек се враќа со нешто купено за ќере хахаха. Му викам абе нели кафе ќе пиеше или шеташ по бебешки продавници?
    Смешки е..татко бе душа најмила...го сакам бре...
     
    На oblace1, Aneta92, Dennings и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Sandrin4

    Sandrin4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2018
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    6.197
    Пол:
    Женски
    Фала Богу мојов ми се погоди...Воопшто неам гајле...рамноправност до максиум...има ручек-има..нема ручек -шо дал Господ...одиме заедно на кафе..па оди тој со другари, одам јас со другарки...имаме бебе од 4 месеци си го чува без проблем кога сакам да одам на фризер, на пешачење, на кафе и сл. Никигаш не ми надгорил...Живееме сами, бебето сами си го гледаме без ничија помош од прв ден...Кога ми треба одмор го играат, си гугаат.. И кога имам мн работа ме моли да оставам да одморам дека не е страшно ако не се заврши во дадениот момент... Само разбирање и слога треба за да функционир вистинско семејство...Никогаш не ме третирал како робинка нити како очајна домаќинка...
     
    На Ygritte, FallenAngell, Dennings и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.042
    Допаѓања:
    21.674
    Пол:
    Женски
    Не се согласувам со тоа во брак па и со деца да се шета сам/а.
    Мада никогаш не сме си забраниле. Сум одела на кафе, одел кај другар ама сме го планирале времето и на двајцата да ни е исполнето.
    И друштвото ни е такво, нема мои твои другари/ки. Но, излегување навечер по дискотеки, кафани и слично се десило само неколку пати кога бевме во врска.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Абе може да шетаа тој.. Ама да биде во договор со сопругата, како и нејзе и одговара.. и секако, да може и таа да излезе ако сака и кога сака.. нели, пак во договор со него.
     
    На Feminka22, Sandrin4 и Цвет88 им се допаѓа ова.
  7. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.042
    Допаѓања:
    21.674
    Пол:
    Женски
    Да, баш така. А не тој морал да шета, а кај е жената?
    Често слушам: морам да спијам, да изиграм игрица, да излезам....
    Ок иди, прај што сакаш, ама и жената да си дозволи задоволство.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  8. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Ова е кај типично македонско семејство секој 3 случај е ваков и кога жената ги изневерува и е криво и вени сечат хаха или кога ке ги остави јадните или се уличари или уништени издрогирани. Јас мислам дека жената ако е финанскиски стабилна и ако има кај да оде мажот нема да прави така а ако нема секако мажот ке си вика ке си правам што сакам нема кај да бега.
     
  9. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.733
    Допаѓања:
    172.795
    Пол:
    Женски
    Жената секогаш има кај да оди. 99% од родителите ќе ја примат назад, тие 1% се закоравени и живеат за што ќе речат комшиите..
    Ако пак мажот е домазет, секогаш може да дочека куферот да си го најде пред врата.

    Проблемот е што ретко која жена има храброст да си ги собере парталите и да замине. Детето под рака ако го има и правец кај нејзините.
    Храброст жени..храброст. Ако со муабет не си ги решите проблемите и останете во тој брак, цел живот ќе мизерувате ...
     
    На DAngel, vitamina, poenta и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Sandrin4

    Sandrin4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2018
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    6.197
    Пол:
    Женски
    Имам другарка која си го зема бебето во рака и замина пред очите на сопругот и неговите...
     
    На Ygritte, gjoker4e, Feminka22 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Кај повозрасните генерации, поголем е процентот на закоравените...
     
    На vitamina му/ѝ се допаѓа ова.
  12. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Да така е се согласувам со тебе јас незнам да сум на нивно место добивам 2 нервни слома се кршам и фрлам од стан и му оставам куфери пред врата какви жифци имате жени ова што го поднесуваат. Леле па кога видам мажи сами на одмор 40 годишни си помислувам и некогаш дека се п..
     
  13. Sandrin4

    Sandrin4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2018
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    6.197
    Пол:
    Женски
    За што ќе речат комшиите има и во помладава генерација... (facepalm)
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  14. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Не мислам дека ова е за тие што се жени 40+ млади ретко која ке го дозволи ова или ке го изневери ке и скисне или ке ја летне.
     
  15. Sandrin4

    Sandrin4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2018
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    6.197
    Пол:
    Женски
    Мое мислење е ако дома меѓу маж и жена нема задоволување и интима, дека тогаш има изневервење...бар така си мислам...незнам шо им се мота низ глава
     
  16. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.733
    Допаѓања:
    172.795
    Пол:
    Женски
    Поголем е, не велам не. Ама не се сложувам со тебе во целост.

    Татко ми другиот месец ќе прави 71год, ама секогаш ми вика - ќерко, ако не ти е убаво со партнерот, не се мачи. Вратата ти е секогаш отворена, јас само една ќерка имам и нема да дозволам да е во несреќен брак.
    Да знае дека сум во несреќен брак, сам ќе дојде да ме земе ..

    И тоа не е до годините, туку до околината во која живееле и се оформиле како луѓе и колку слободоумно размислуваат.
    Знам луѓе што на 30год размислуваат како бабите во 18век
     
    На Kija94, oblace1, Mr. Right и 8 други им се допаѓа ова.
  17. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.250
    Пол:
    Женски
    За жал многу поголем е процентот од 1 % на закоравените. Односно јас не можам да ги речам закоравени или било кој друг збор што го индетификува зборот бидејки ако навистина ти е грижа за ќерката и навистина согледаш всушност како се мачи за да преживува а не да живее секој нормален човек закоравеноста своја ќе си ја подголтне и ќе и помогне да избега од голгота

    Овие ваквите ги сметам за ненормални и неморални без човечки чуства и нодостиг на емоција љубов и поткрепа за авое чедо не за закоравеност.

    Оти ако гледаш дека пати твое чедо и му е лошо налет закоравеноста и комшиите тука се работи за дали имаш душа да си го поткрепиш чедото
     
    На oblace1, Lolipop23, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Ехее колку ги има, тоа уште во врска ако иде накај сериозно почнуваат такви забрани во завиена форма...затоа и остануваат без другар(к)и ако раскинат, а посебно за кафана или диско, башка ако има и машко друштво уште ланец да им стави дечкото фали ццц а од друга страна он може кај и кога сака да скита.
    Ајде брак ќе разберам деца, обврски и да сакаш не можеш да главиш до 5, ама во цутот на младоста јас да се затворам дома и да трпам некој кретен да ми кажува што да правам и кај да одам...немам коментар, ама сами си се криви што така си се поставиле и им дозволуваат, сеа или и двајцата имаме слобода и рамноправност или аста ла виста бејби.
     
    На WildMk и Sandrin4 им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Се согласувам со се' освен, дека во бракот нема време за шетање. Ако има желба, време се наоѓа.
     
    На Sandrin4 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    „Жената дома а мажот на работа" ви одговара
    „Жената дома а мажот на шетање" не можиТ :D
     
    На senjorita-v, Mr. Right, Sandrin4 и 1 друга личност им се допаѓа ова.