1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жената штотуку породена, мажот во кафана

Дискусија во 'Брак' започната од RainBow, 13 мај 2014.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Ја ставам темава во Општи бидејќи некако не ми е за во темите за Бременост, нема врска со тоа сепак, туку онака општо да си продискутираме за овој свечен чин.
    Значи, жената штотуку се породува дента, уште во болница нели, мажот вечерта во кафана со пријателите слави и се пијанчи.
    Како вашите мажи го прославиле добивањето на дете? Како гледате на ваквата ситуација?
    Дали ви било сеедно вие да сте во болница, а он си слави?
    И ова во кафана чисто онака го ставам, не мора да биде тоа местото.
     
    На senjorita-v и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  2. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Извини ако уништувам со тоа што јас како маж прв коментирам, ама самото одење во кафана и пијанчење зашто ми се родило дете, го сметам за еден од показателите на врвен примитивизам.

    Зошто се пијанчат маживе, што слават, каков успех, тоа што не го извадиле како вообичаено пред 9 месеци? Жената го носи, жената го раѓа, он слави?

    Така што, апсолутно не оправдувам. Ништо повеќе од скромно одбележување на моментот не оправдувам, особено не пронаоѓање на гнасен повод за свињосување во своето сопствено новороденче.
     
    На gjoker4e, Amona, Victorian и 26 други им се допаѓа ова.
  3. rak1

    rak1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2010
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    45
    Многу пати сум размислувала за ова иако ми е рано за тоа.. Воопшто маж со деца и жена, особено кога се уште млади и можат заедно да излегуваат ми е одвратно да го гледам во кафана како се пијанчи а жената дома се растргнува покрај децата.. а камо ли додек уште е во болница. наместо да биде покрај неа да и помага, да ја охрабрува после породувањето (кое секако не е лесно) тој "слави" со другарите. Па само тој ли е среќен што му се родило дете, зар жената не го сака бебето, зар таа е родена само за деца раѓање и чување?
     
  4. Aneto10

    Aneto10 Активен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2014
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    49
    Па мажот не оди во кафана зошто му се оди туку затоа што се радува за бебето што му се родило и не само тој цела фамилија и онака не може во болница да седи покрај неа
     
    На veren, Meckicja, Lisa_Maja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Јас знам дека скоро секој го прави тоа. Дента или наредниот ден откако ке се породи жената, мажот слави со најблиските. Значи машките членови од страната на жената и од страната на мажот , другари пријатели сите заедно прославуваат ...
    Скоро една моја пријателка се породи. Сопругот пресреќен нормално веднаш уште вечерта ги повикал најблиските роднини и пријатели, резервирал во кафана за од прилика 30 души, јадење, пиење до сабајле.
    Јас сум за тоа да се одбележи и да се почасти, но во граници на нормалата .
    Разбирам радост е тоа секако дека ќе се напие мажот, не му се раѓа дете секој ден, но утредента и понатаму секако дека и е потребен на жената и на детето да биде покрај нив.
    Некој спомна погоре жената седи дома лежи со децата, а мажот се пијанчи по кафани. Е тоа веќе друга тема.
    Јас колку што разбрав, темава е славењето на мажот веднаш по породувањето на жената и како гледаме на тоа.
     
    На Meckicja, Hipster, Anne15 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Зависи за какво славење се работи. Ако излегол со најблиските да прослави не значи дека се во некоја дупка со певаљка и се пијанчат. И такви ги има, ама на тие обично и нормалните излегувања и прослави им се такви, па така и сега.
    Не ми паднало на памет да пререкувам зошто излегол со луѓе кога јас жртвата лежам во болница.
    И не ми е јасно што велите каков успех прославува? Радост е голема, и сакаш да ја споделиш со најблиските, што е чудно?
     
    На candy.cane, Offspring, Daydream и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Женаму во болница се породила тој шета ака по кафичи како нај слободен на свет, па цела вечер ми се пушташе и ми кажуваше како му било време да фати девојка за сериозно :lol:
    После го најдов на фб (тој нема, кај жената) слика пред Систина со едното дете!! бебето и женаму.
    Очај
    Болесници секакви има.
     
    На kukla21 и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  8. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162

    Јас да сум на твое место,ќе отидам и се ќе и раскажам на жената.Којзнае на уште колку девојки им се има пуштано така,срамота.

    Можеби од една страна не е убаво,ама сепак треба жената да знае со кој си има работа и на кого му раѓа деца :fubar: :fubar:
     
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.079
    Допаѓања:
    11.220
    Па не е некако убаво да отиде и да се пијанчи по кафани. Не знам што тоа радост се покажува со пијанчење и седење по кафани. Најблиските нека му дојдат дома на скромна закуска и пијачка и сите по дома. Ако се родило бебе, и што мора да се пијанчат? Убаво кажаа погоре, жената го носи, го раѓа, а мажот ќе се расчепи од славење.

    Пред некој ден видов таков женет со дете дома и жена кажуваше како шетал по градови низ Македонија и по кафани со другар му, како гледал туѓи жени. Место да помогне дома само ќе скикта,арно пари му стигаат, ако веќе воопшто му стигаат или кафаната и другарот се поважни од жената.
     
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    Според мене, сосема е во ред, мажот да си прослави со најблиските, односно на некој начин да го одбележи денот, нема ништо лошо во тоа, но тоа да е скромно, всушност да се има некаква почит према самиот чин, но мислам дека и не е баш убаво и пријатно ако се пијанчи, прави непромислени работи.
     
  11. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Мислев да и пишам една порака на фб, ама ми беше жал за жената. Греота е, а и јас никогаш не сум се вклучувала во такви афери, подбуцнувања мешање во животот на некој.
    А и најарно беше така оти инаку многу голема ќе станеше работата од сите страни.
     
  12. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Нема смисла да се меша муабетот со жената со бебето дома мажот по кафани и гледа други жени. Сосема различно однесување од славење на среќниот татко оти му се родило дете. Другиот муабет жената го носела раѓала, и додека она одмара од пораѓајот маж и треба да гувее и он. |(
    Ако му дошло до скока до небо, нека скока, дали дома ќе пука шампањско и ке го смука од чаша два саата додека сите сезони од Вивалди иссвират во позадина, за примерно и со мерка да прослави, или ќе излезе во кафана, па лепи громе мој, па и да се напие, така од мерак, еден ден му се родило тоа дете не секој ден.

    Лошото е да излезе да се напие од мака оти му се родило женско а он сакал машко. Оти има и тоа :!:
     
    На candy.cane, Hipster, Heidi и 14 други им се допаѓа ова.
  13. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.509
    Допаѓања:
    144.213
    Ептен испомешавте прославување на таткото за раѓањето на дете, и татко кој постојано е излезен.

    Едното со другото немат врска, човек кој е стално излезен, излегувал и пред тоа, а ќе излегува и после тоа.
    А славењето нема врска.
    Според мене нормално е да си прослави таткото, па да, дете му е. И нека слави како што сака, се во граници на нормала.
    Мене ми е битно јас кога ќе си дојдам дома да биде до мене и да ми биде подршка и помош. А како прославил тој, негово си е, се разбира пак ќе кажам во граници на нормала.
    Според мене ќејф му е да ги почасти најблиските и според мене подобро е тоа да го стори надвор бидејќи дома доаѓа бебчето и треба да биде чисто и средено, а дома секако ќе се направи метеш.

    Раѓањето на дете е голема среќа,а уште по голема е ако ја споделиш со најблиските и саканите.
     
  14. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    А правење мекици и славење во кафана не спаѓа во муабетов?
    Маж ми беше со нас двете секоја вечер додека бевме во болница и многу ми помагаше така да си славевме заедно ;)
     
  15. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    За се нешто да се мрчело . :^)

    Јас скоро бев кај еден другар на частање во кафана , беа и родителите , пријатели , роднини и баш убаво беше... Зошто да не прослави , жена му спиеше во болница така да не гледам ништо страшно во тоа ,туку напротив многу убав настан која се слави со најблиските .

    Кога ќе се подзамислам дедовците беа највесели таткото нешто збунет беше . :D

    Мене ми е сосема во ред , се родило дете не е мала работа ....
     
    На Heidi, WORRIED.BT, imelda и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Ајдее, дури и за ова имало поделени мислења. Чудно. Искрено, чудно ми е. :^)

    Па дете се родило, нормално дека ќе си слави човекот. Јас па искрено ако маж ми здравје понатака не прослави како што знаеме со најблиските ќе мислам нешто не е ок. Најискрено. Па нека се испијанчи ако треба, чудо големо. Јас ако знам дека е примерен човек, човек кој секогаш бил до мене, кој ќе биде одличен татко, па што ако еднаш му се случи да се напие, и тоа на денот на раѓањето на нашето дете. Па и јас да можам и јас ќе пијам. Поголема радост од тоа не знам дали воопшто има.

    И што е со муабетот, "жената во болница е"? Па каде да биде, или дома да се породи? Таа не е во болница заради некоја болест Бог да чува, дете родила, не е болна. Дај боже само се' да си е како што треба, па нормално дека ќе биде во болница.

    Мислам, ми немаат смисла муабетиве. Глупост тешка. Мора да се правиме со сила нешто што не сме. Секој нека си прослави така како што му сака срцето и душата во моментот. Ако му се скока од радост, нека скока, ако сака да се направи дрво, нека се направи. Ама баш се' оправдувам во тие моменти. Да видите ние дома како прославивме кога стрина ми се породи. Цел алкохол се испи дома што беше. Посебно па што тие две мали гремлинчиња ги чекавме долги години. Имам комшии кои кога им се роди првата внука, прославија во дворот во мирна атмосфера, со најблиските луѓе и виолини од страна. И знаевме дека така ќе биде, зашто луѓето си се такви. Имам па едни други што тапани и зурли викнаа и два дена се слушаше музика од кај нив. Ама ако, мене не ме нервира ништо од тоа. Убаво е. :) Се слави нов живот.

    Тоа искрено ми е многу поголема причина за славење и повеќе оправдувам пиење и радување отколку правење фешти од свадба или па моминска вечер. Кога прават циркузи од свадбите прва сум да превртувам очи и сум рекла дека јас свадба не правам, извештачено ми е некако и многу шаблонски, ама кога ќе видам дека се слави за новороденче, ништо не ми е примитивно, ништо не ми е селско, ништо не ми е клише, ништо не ме нервира. Знам дека луѓето искрено од срце се радуваат. Па уште кога ќе ги видам бабите, дедовците како се радуваат, срце да ти се исполни.

    А тоа што таткото ќе отишол во кафана и ќе пиел нема ама баш никаква поврзаност со неговиот карактер и гледање по други жени или неговата улога како татко. Ама баш никаква поврзаност нема. Ако некој еднаш со причина отиде во кафана не значи дека секогаш прави така. Зошто тогаш дечковците "си ги пуштате" сами да излегуваат во кафани?

    И ако вие чекате да видите дали маж ви ќе отиде во кафана или не за раѓањето на вашето дете па за да процените каква личност е, не знам што да ви кажам, супер за вас. Штознам, јас мислам дека треба партнерот уште од претходно да се знае, а не да го проценувам по тоа дали отишол да прослави или не и како прославил, дали испил една чаша или цело шише.
     
    На candy.cane, marince87, Heidi и 8 други им се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Хммм, баш за тоа ја отворив темата, за дискусија. Нормално дека ќе има поделени мислења, сите сме си различни и различно си гледаме на работите.
    А зошто да се правиме со сила нешто што не сме? Баш мене ако ми смета, а се правам дека сум океј, тогаш се правам нешто што не сум, нели?
    Мое мислење е дека е сосема безвезално да се фрлаат толку пари во кафана со штотуку донесено бебе на свет. Се родило бебето, он отишол во кафана и фрлил над 10 000 денари. И зошто? И мора ли да биде баш тоа вечерта? И не е можно само дома со најблиските да се одбележи денот?
    Како да ви кажам, како е мајката, па во болки е, со царски рез се породила, ама не е битно, битно он ќе оди да слави. Не можам, мене никако во глава ова не ми влегува. И да сакам да го слушнам, да не можам да го добијам зашто не се слуша телефонот од музиката.
    Да бидам искрена ова ми се мислењата сега, не сум се породила, не знам како би ми било, може баш ќе ме боли он што ќе прави тогаш, ама ете, целата ситуација мене некако нефер ми делува.
    И му реков, јас вака не сакам, не сакам и да трошиш толку пари што секако ќе ни требаат.
    И тоа ме интересираше, дали сите вака слават, и како слават, какви се посебно чувствата на мајките за тој период.
     
    На senjorita-v, Amona, Kaetana и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Ама тука проблемот е само за парите ли? Па некои луѓе можат да фрлат 10 000 за во кафана. Јас зборам за воопшто славењето и пиењето. Не мора да биде пиење во кафана и виски, може и дома да се пие со Битолско од 2 литра. Јас ве сфаќам дека воопшто радувањето и славењето ве нервира. Као "јас во болница, а они ќе ми слават, е нема." Е јас вака ве сфаќам. Имала болки, епа ќе има, тоа е. Природа. Ајде ако жената имала болки, па да се облечеме сите во црно и да ја жалиме. Сите ќе поминеме еден ден низ тоа, дај Боже. Јас па од мајки што сум слушала, на сите им било мерак што се слави и никој не рекол ништо за тоа зошто таткото се напил или каде отишле или зошто. Плус, славењето во повеќето случаеви секогаш било со договор од претходно. Нормално дека се знае дека се очекува бебе. И двајцата партнери се договараат каде ќе се прослави. Како е поекономично. Сигурно таткото нема да отиде во Париз да слави ако знае дека толку пари немаат. Некако не ве сфаќам.
     
    На senjorita-v, candy.cane, Heidi и 9 други им се допаѓа ова.
  19. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.647
    Зошто славењето се поистоветува со пиење во кафана?Ако сака нека скока до таван,ама пиење не е начин да се прославува нешто така одговорно како што е родителство.
    Баш во тие моменти би очекувала од маж ми да е присебен,прибран и одморен.За било што.
    Да се подготви и тој и домот за новиот член,а и разумно да се трошат парите,а не во кафана,без разлика на средствата што ги имаме.

    Освен тоа претпоставувам дека ќе сака да го гледа бебето во наредните денови,така што непотребно мешање со луѓе во кафана,театар,кино(било која затворена просторија) е само ставање на бебето во ризик од вируси и бактерии што може да му се пренесат директно или индиректно.
     
    На Tanjamm и babyblond им се допаѓа ова.
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Не знам, ама за мене славење без алкохол не е славење :D Не сум пијаница, ама секојпат кога ќе се појави некој повод за славење прво за шишето се фаќам. Не значи дека многу ќе испијам, обично после втората чашка се чувствувам препиено и тоа е крај, ама така, непотполно ми е славење без чашка алкохол.
     
    На senjorita-v, virtuozo и imelda им се допаѓа ова.