Маж ми не се испијани, уморен беше човекот, следниот ден мекици со блиските, сосема расположен и весел без да се дрвоса.
Мене би ми било океј. Ако е се во ред со жената и детето, нека прослави. Само да не биди зрзечко славење со пиење без граница, качвање по маси, кршење чаши и такви ми ти сељачки дешавки. Иначе нека пие нека слави зошто да не. Баш е тоа повод за славење. Секако ова ако јас не паничам нешто како шо си знам, па да го натерам да дреми до мене цела ноќ
Ако е се во ред, нормално е да продлави. Тој си знае како му е нај убаво, мојов по кафани не оди, така да некое пивце ќе се дрмне....да не углавува само да одмори, зошто после ќе се жали кога ќе си дојдеме од болница
Мм нема да појди вкафана ама сите роднини пријатели и најблиски сигурно ќе ги собери дома ии забава до сабајле познавајќи го жива музика ќе викни обавезноо и нема спијање ( нормално здраво право без комликации) само шо забавава ќе почни од ко ќе го избркаат од болница оти нема да можи да се истај од таму
Нормално е да се израдува, да почасти и да се провесели. Но со усул и без претерување. Ако некој навистина треба да прослави, тоа е мајката затоа што таа ја има најголемата улога во ситуацијата. Блазе си им на мажите, друг ќе им го износи, друг ќе им го роди а тие само на готово ќе си прослават што си станале родители.
Мојот мм славеше дури по месец откако се роди малата. Дури јас го убедував и порано да го собери друштвото додека сум на болница затоа што тогаш е еуфоријата Дента кога се породив вечерта во домашна атмосфера прославија само со моето семејство и неговото. Потоа кога ме пуштија дома не сакаше да оди да ги почести сакаше да е дома да ми помага. Кога се стабилизиравме дури тогаш го собра друштвото во кафана и почести.
Кога се породив првиот пат ММ со уште неколку другари си отишле во кафана, си мезнале по нешто, па и пивнале малку више. Се провеселиле и после секој по дома. Убаво чувство на среќа, радост и љубов. Сега гледам пак почнува да се спрема за славење, ќе одиме ваму-ќе одиме таму со другарите, бара некое фино местенце. Не ми пречи вооошто, еднаш или двапати се такви моменти во животот
Си прослави со другарите и блиски во кафана за двете дечиња,но фино и културно без пијанчење.. Таков си е човекот.. Весел, отворен.. И месец дена после како среќаваше луѓе си ги честеше . Тоа е Ќе ги прашаше докторите дали е во ред и наредниот ден славеше.. Најинтересен ми беше кога пред да се породам со првото, го гледам седи задуман и пишува нешто налик список.. Му велам, не ќе одиш ти да раѓаш, од кај знаеш што треба да се земе за во болница, мислејќи прави список за потребни работи за мене.. А тој сериозен само ми вели: си правам список за другариве, да не заборавам некој во гужвата тогаш
Па дали сте нормални вие случајно да најдов темата како го оправдувате тоа вие да лежете безпомошни во лебарки а тој во кафана до него стиптизети која брука нели се чуствувате како помалку да вредите?
Во кафана не, туку дома во двор со жива музика, со другари, роднини, на денот кога се породив. Па и Пастрмалијадата беше тогаш па сабота и недела таму беа со другарите. Три дена се славеше. Ми праќаа видеа, слики. Воопшто не ми беше криво што јас лежев во болница а тој се веселеше.
1.твојот со стриптизети ли беше? 2.Зошто безпомошна бе?Па не си инвалид,дете си родила.Јас супер се осеќав после пораѓај,за 3-4 часа на нога бев. 3.Има и такви шо се пораѓаат у приватни клиники без лебарки
Ne za mekici, vo disko Ne e bitno sekoj si ima svoj stav i svoe glediste na rabotite vo Germanija tatkoto lezi so bebeto vo bolnica i go cuva Ne, jas sum uste singl ama sakam da kazam deka ne go toa odobruvam..
Според мене е крајно примитивно. Јас би сакала да биде до мене, со мене , да го делиме најсреќниот ден.
Ја читам темава и се чудам. Сите сте се распишувале дека не треба да оди да се пијанчи во кафани додека жената лежи во болница. Прво, совесен маж кој ја почитува и цени жена си, сигурно нема да отиде во кафана веднаш после пораѓај, додека жената лежи на бокс. Има породување, ама има и нареден ден и ден после тоа. Второ, славење не е исто што и пијанчење. Во кафана се оди ако имаш пари и од практични причини. Таман си средил се за бебето, нема потреба дома еден куп гости да дојдат. Денес голем дел од младите живеат сами, па кај ке биде славењето или мекиците? Кај младите, а за неколку дена ќе дојде леунка со бебе или гостите одделно кај свекор/свекрва - баба/дедо? Ако можеш да си дозволиш даски и скари во кафана - супер, дома чисто, среќен си и сакаш да почестиш. Ептен нормално ми е тоа. Еве ја прва плата кога зедов ги честев сите, банално е да збориме дека нема потреба да честиш, а родител си станал. Ако некому не му се слави, пеки, ама не објаснувајте дека славењето е некаква дивљачка или девијантна појава. Па баш додека жената е во болница, идеално е мажот да прослави, кога бебето ке дојде дома, е тогаш на жената ке и е потребно поголемо внимание и помош. Трето, смешен е муабетот: "жената ке има неконтролирани емоции, ке и треба некој да ја нишка да заспие, ке треба некој да и рече: те боли, ама ке помине..." Океј е, ако баш во тоа славење мажот не се јави на телефон, а леунката сака сок од јагода, имаат и другите телефон, мајка, татко, брат/сестра, свекрва/свекор, па и тетки и стрини. Некој од сите овие луѓе ке се јави и ке ги поврзе. Драматизирање - за ништо. Како само мажот да е на овој свет, и он и само он знае како да и удоволи на жена си. И да испие некоја чашка повеќе, тука се мајка ми, а верувам и неговата мајка, кои станале баби, а впрочем и знаат што и е потребно на една леунка. Некој ден ја ке му родам дете на човек во кој имам целосна доверба, човек кој низ годините докажал и покажал дека ме сака, цени и почитува. Нема да му замерам за некоја чашка повеќе, а нема ни да престанам да го сакам. П.С. Сама ке се нокаутирам, ке родам па ке се вратам да кажам како е. Вака - не знам!
Во делот за славење на мажите многу грешиш, никој дома пријателите не ги собира, туку одат по кафани и се прават камења пијани, а наш менталитет, еднаш се раѓа дете пари се наоѓаат. Во западна Македонија имаат традиција меѓусебно да ги кинат кошулите.... пијана работа
Еуфоријата е најголема првите денови. Многу нормално ми е да сака мажот да прослави штом ќе ја дознае веста дека станал татко, отколку да седи дома и да и дава морална подршка на жена му додека е во болница. Јас се породив среда вечерта, а тој четвртокот си ги собра другарите во кафеана, си пиеле културно, се веселеле, ми праќаше слики... Мене ниту за момент не ми падна криво што јас лежам, а тој слави, напротив ми беше многу мило. Јас си уживав со бебуш, а верувам нему му беше повеќе тешко што не можеше да биде со нас во тие мигови.
Маж кој пие гајба пиво на слава, ке испие и гајба пиво кога ке стане татко. Со дечко ми некогаш знаеме да испиеме флаша вино, не повеќе од тоа, а пијанки кога сме биле тинејџери не се важат. Знам јас дека можам да се потпрам на дечко ми, тој можеби само една чаша вино ке испие, знаејќи колку голем ситничар и паничар е. Тој ке слави, ама со мислите ке е кај мене и детето негово. Пак ке кажам, ако по некоја случајност испие неколку чаши вино, нема да му земам за зло. Ја не би си дозволила да стапам во брак и да родам дете на личност која се води по тоа "еднаш се раѓа дете пари се наоѓаат". Муабет за такви работи се прави на време, исто како што се диксутира за тоа каде ке живеат по свадбата. Не сум знаела - не пали кај мене.
Што има лошо да си прослави таткото? Колку што му фаќа џебот - толку, ама во ред е да прослави. И 24 саата да му е дозволен пристап кај жена му шо дека ќе седи таму, да не ќе осеќа помалце болка таа ако е таму тој.
Стварно сте чудни Епа кога неможе таткото да раѓа ќе си слави Не прави злодело се радува на дете , најблагословениот момент во животот. Маж ми дома. Само чаша ракија испил. Го карав зашто толку малку