Јас му се наљутив. За раѓањето на детето на најдобриот другар се направи дупе пијан, а за ќерка му ни голтка не се напил (после случката со тоа пијанство реши веќе да не пие).
Да, уште во болница ќе му биде пример на бебето Па нормално дека мажот ќе сака да си прослави, ама мислам дека ја претера со описов... не знам случај во кој дошло до екстремно опивање, повраќање и кршење. Еве, мм културно си прослави и за двајцата, дома правевме мекици, немаше пијанчење. На сите прослави за раѓање на бебе на кои сум била, небитно дали било дома или во ресторан, било културно и пристојно, немало никакво пијанчење и повраќање, камоли кршење. Нормално е мажот да сака да прослави за добивањето принова, што ќе види дека се е во ред со жената и детето. Мислам дека нема жена на која тоа би и пречело, дури напротив, би се запрашала што не е во ред со човек кој не сака да прослави.
Па нека слави, за славење е работата, не секој ден ти се раѓа дете. Мајката лежи во болница, епа тоа е родила па лежи, што сега ајде и мажот да легне до неа и да се солидаризира. Глупости. Јас на мм му организирав се, прослава, каде да нарача мекици, список на луѓе, сакам да си помине прекрасно на мекици. Само да е се во ред и нека пие нека се опие, ако може и мене една чаша да ми донесе . А тој што крши, крши и за арно и за лошо, за стриптизерки не верувам дека некој на мекици би викнал.
Очекувано е да се очука. Мојов у Дежа ву на Селаков коа се породив јас ... Дупе пијани сите 15 другари. П.С. И он да се породеше јас ќе се начукав хаха така да опростено
Кога ми се роди „внука“ работев кај Ферус, паркет му редев ...На сред работа.. ми звони телефонот (ПРВ-дознавам)... наеднаш ме закачи јака еуфорија.. и баткава ме прашува „ШО Е РАБОТАТА“ му кажав.. второто прашање му беше СЕ Е ВО РЕД? .. викам да ! Ми вика фрлај алатите.. му се јави на ПРИЈАТЕЛЧИЊАТА.. се начукавме сите по коли се организиравме.. се јавив каде што требаше, се собравме, и правец на болница СО СЕ МУЗИКА! За да биде еуфоријата уште поголема.. тогаш во тие моменти се имаа породено 10 тина жени.. и имаше нормално присутни од „НИВНАТА ФАМИЛИЈА“ .. паа не ни дозволија внатре во болница МУЗИКА .. затоа пред болница надвор беше АТМОСВЕРА.. да не речам се собравме се насе преку 50-60 души, и од тука, УЗУРПИРАВМЕ едно ресторанче сите на куп! Па да речам, толку спонтана ОРГАНИЗАЦИЈА испадна, што дента се вртеа слики по „ПОРТАЛИ“ .. Е сеа можам да замислам како би било, кога дента ке разберам дека сум татко !
Сите некако за раѓање на прво дете ми зборите. Има семејства каде брачната двојка живее далеку од нивните родители (или баба и дедо не сакаат да помагаат) и плус имаат дома уште едно или повеќе дечиња кои треба да вечераат, да се избањаат и да се легнат за да се разбудат рано за во училиште следниот ден. Зарем не е доволно што мама ја нема па уште тато да плати бебиситерка за да оди во кафана да слави?
Леле колку е сељачко ова со музика во болница и играње надвор, па и 50-60 души. Циганска работа. Во болница има луѓе кои се лечат од секакви болести, има и тешки случаеви, а некој со музика внатре или под прозор ќе труби. Не е тоа кафана, има каде да се прослави новороденче.
Се работи за „приватна болница“ ... во која нема други пациенти освем „родилки“ заборавив да кажам дека дури и дел од „персоналот“ се придружи на т,н спонтана забава пред болницата
Бре, бре како го кажа ова. Па нормално дека ќе прослави и да го фати пијанка, па што, не кршел дома, сешто. И кај го има тоа мажот во болница да го чува детето? Па ај нека легне до родилката и нека се гушкаат во болнички кревет. Жената родила, не е болна, боже сачувај. Еве во државна болница кај нас не пуштаат никако на посета.
Можеби тоа те зачудува но во повеќето цивилизирани земји таткото си има посебен кревет во индивидуалната соба и не е таму за да се гали со жена му туку да и помогне бидејќи бебињата не спијат цела ноќ а мајката, во зависност од тоа како поминал пораѓајот, може да биде многу уморна и да и е тешко да станува поради раната.
Би си го „ИЗБРКАЛА МАЖОТ“ ?! Кој СЛАВИ И СЕ РАДУВА.. дека ЖЕНАМУ Е СОСЕМА ВО РЕД... како И ДЕТЕТО Е СОСЕМА ВО РЕД?!
Даа..Може да иде да слави во кафана една недела ако сака, ама во болница да ми доаѓа со музика посељачко не постои.
„СеЉачкото“ настана одкако не видоја „ДРУГИТЕ“ татковци.. дедовци. чичковци............... ФАЛААА значи сепак сите сме биле СЕЉАЦИ вклучувајки и еден министер
Е тоа дека министер бил со вас баш ќе ми го промени мислењето. Како прво тука има родилки, и такви сцени не се потребни.
Зошто да не се прослави дека сум станал татко ? Зошто да не се прослави дека мојата сопруга после раѓањето е здрава и жива ? Зошто да не се прослави дека новороденчето кое што е плод на љубов помеѓу мене и мојата сопруга дише и е здраво и живо ? Зошто да не се прослави дека сме оставиле потомство ? Зошто да не прославам со најблиските неколку другари и фамилијата тоа што конечно сум сватил зошто постојам на овој свет ?
Мачке..... збориме за ситуација, сосема спонтана, која ги воздигна и ги расположи РОДИЛКИТЕ.. и оние кој беа пред породување!
e дееее...ако има да плати за частење зар нема за бебиситерка? Од тие што ќе ги чести зар ни еден нема жена, зар нема ни една пријателка таму кај што е на некој саат да го почува детето пријателите не се само за на маса, нели? аха има овде и кревет и соба посебна и послуга 24/7 ... во соба не смее да влези не пак таму да седи цело време
@MkdBoy, можеш да ми кажеш која е таа приватна болница каде лежат само здрави родилки? Зошто другарка ми кога доживеа спонтан и мораше на чистење беше исто хоспитализирана во приватна болница. Не се согласуваш дека прилично грда ситуација е додека некоја жена плаче поради загубата на детето, пијани мајмуни оро да и вијат под прозор, со зурли и тапани?