Јас толку брзо се породив и ме пуштија некој си 36 саати ме немаше преку сила, што немаше време ни на сите да им се јави а не па у кафана. А за темава имам свое мислење пишано. За музиката пред болница... Како да се објасни на некој кој не родил(машки пол) каков е тој момент. И дека и да имаш најлесно породување, не можеш воздух да земеш а не па нешто друго. Боли на смеење, не можеш да кивнеш, не можеш да се насмевнеш. И токму првиот ден ти треба највеќе одмор. А за музики има денови. После пороѓај сд осеќаш ко телото надоле да ти го влечат. Нозе ти се тресат. Музики пред болница. Ама џабе, што знаеме ние жените што е мака.
Кога гледам за внука што си направил, несакам ни да помислам што би направил ти кога ќе станеш татко. Не ми е јасно само со кој памет во болница се одвивала фркава. И, како со партали не ве исфрлиле од таму. Зошто тоа е болница, а не кафана и не е баш пријатно жена што во моментот има болки и раѓа или ја носат во сала за царски да слуша ора и чочеци и пијани луѓе под прозор. Манири и основна култура треба за некои работи, има место и време за се. А за темава, сум за таткото да прослави, нормално цивилизирано. Дали кафана со најблиски или мекици дома да се сподели радост. Маж ми и за двете деца направи мекици со најблиските во домашна атмосвера.
Navistina be @MkdBoy , vo bolnica ne se nosi muzika , pa eve kako nekoja sto rodila da ti kazam . Koga me cekaa da se otvoram za poroduvanje , imav tolkavi bolki sto ne mozev na noze da stojam . Plus me cekaa da se otvoram od 7 navecer do 1:20 po polnokj ( ova za prvoto dete zboruvam ) , taka da , site bea krajno iscrpeni i samo cekaa da se rodi bebeto i sekako da se osiguraat deka sme vo dobra sostojba . Slavenjeto se odvivase duri 2 dena po moeto poroduvanje i toa vo domasna atmosvera , so posirok krug na familija i prijateli . Mi kazuvaa koga dojdov , deka nekoj mnogu se ispijanil pa krshele cashi i flashi , ama nemalo povrakjanja i slicni incidenti . Isto i za vtoroto beshe . Inaku kaj nas dena gi cuvaat rodilkite koi rodile po priroden pat, dodeka pak onie koi rodile so carski gi cuvaat podolgo . Jas se imam izjasneto na temava ponazad, vo red e da proslavat familijata i prijatelite , no sekako so usul .
И мене ми е сељачко музика пред болница. Неосновано би било некој тоа да го прави знаејќи дека покрај родилките има и други болни лица. Мир и тишина се главните клучеви во една болница. И јас кога би била на местото на мајкиве погоре би рекла во домашна атмосфера со најблиските. Пијанчење, кршење никако тоа е некултура.
Ќе се самоцитирам бидејќи сум голтнала бројче 3 дена ги чуваат родилките што родиле по природен пат . Инаку @buba4e89 и во кафана е ок , се додека е умерено . Се што е претеризам не чини . Е сега , на луѓе не можеш да им забраниш да пијат нели , ама затоа ќе си ги собереш дома кога знаеш дека имаш такви во кругот на поканетите
Си викам зошто некој ја отворил темава, дали сеуште постои тоа кako на времето, мајката уште у болница а роднините дома ршум направиле од славење па кога ке се врате да не знае главата кај и е. И читам коментари не ми се верува!!! Луѓе ние цивилизациски не што не одиме напред туку и назад се враќаме . Кај се видело музика пред болница ??? И шо демек ако однесеш музика пред болница повеке се радуваш од некој што ке си прослави поскромно и поцивилизирано? Тие си истите фацки што утре нивните деца мора да се НАЈ НАЈ НАЈ посебни, и не дај боже да е друго дете попаметно од неговото. Претеризам!!!
Da , i toa mnogu . Vo bolnica doagjaat lugje so kanceri , teshki soobrakjajki , a na nekoj mu teknalo da donese muzika bidejki zena mu se porodila . Nema smisla .
Дома па јас не сакам да ми валкаат каде ќе го донесеме бебе. Сум пишувала кај нас мекици прават бабите посебно, маж си слави со другари. Здравје само, дома гужви нема да има.
АЈде бе вие сте навикнати така на Балканот ја живеев 10 години во Берлин таму нема вакви глупости овде мажите праат што ке им текне и ако на тој ден изневерат ништо мн ги е гајле немат никакво сочуство енкој лежи во болница месото си го откорнал за да излезе нов живот некој ке се сељачи
Аууу, Берлин колку "напреден". Јас мислев ја користат опцијата да останат со сопругата во болница, тие вакви работи.
Читајќи ја темата, веројатно моето мислење ќе биде многу осудено, ама тоа е Кога би раѓала, би сакала маж ми да е со мене. Не мислам дека е себично; впрочем, ако веќе се гледа од аспект на себичност, зошто желбата да е покрај мене е себично, а неможноста да се воздржи и заедно после да прославиме со најблиските не е себично? Ако не прослави истиот ден сам, помалку се радува за добивањето дете? Јас не заслужувам да прославам на ист начин? Или на мене останува радоста да ја искажам преку директно влегување во мајчините обврски, од болница директно дома? Некако без врска ми е да поминам низ толкава операција и после сите да слават без мене, како бебето на болница да го даваат, а не како да сум успеала да поминам низ животозагрозувачка операција за да го донесам на овој свет. Да, сфаќам дека ниедна родилка општо не е некако посебна, се раѓаат милиони бебиња секоја година, и во потешки услови, и со компликации, некои и многу лесно поминуваат. Но, чинот на раѓање, иако не е извонреден за жената како единка во општеството, сепак е исклучително важен чекор за личниот развој, карактер на една жена, и сметам дека не треба да се минимизира како да не е ништо посебно, па затоа себично е да имаш потреба од најблиската личност (маж ти) во периодот после раѓање. Дури и да не може физички некако да помогне мажот, доволно е за психичка поддршка, дека не си сама, а не ете го исчекав детето, одам да славам со други. Сметам дека пред сѐ, треба со мене да прослави, преку интимноста на тие први моменти на мое заздравување, на гледање на бебето и општо, привикнување на фактот дека сте родители. Дали и со кој ќе прослави маж ми не ми е мерило за радост или среќа; грижата и поддршката за мене и за бебето, и во најтешките моменти ми е најголем доказ. А иако не сум искусила, мислам и дека првите моменти после пораѓај, последиците од таков животен момент се чудни, страшни за мајката, болни. Тука малце сакам да се надоврзам на нешто друго и веројатно ќе заминам оф-топик (не знам дали има ваква тема), ама: Неодамна ми излезе пост на Инстаграм за тоа како кога ќе одиш да видиш нечие бебе, пожелно е да речеш: „Доаѓам да видам како си ти и како е бебето“, а не само: „Доаѓам да видам како е бебето“. Се чини како жените во очите на другите да се губат како личности моментот кога ќе родат бебе, и се перцепирани само низ призмата на бебето, што секако влијае негативно врз психичкото здравје на жената, што е нели многу поголема тема. Во склоп на темата, затоа сметам дека присутноста на мажот непосредно по пораѓајот го ублажува тоа дека сега најважно е исклучиво само тоа дека постои бебе, а жената како и сите жени ќе помине „тивко и храбро“ низ сите постпородилни маки, кои се најголеми во првите денови после раѓањето, затоа што нејзината смисла за постоење е само да мисли на бебето.
Зошто толку не сакате мажите да ви се развеселат, па што ако сме ние во болница за убаво сме. Маж ми не славеше цело време беше околу мене ама јас не би се лутела да слави. Нека слави само дома не! Јас пред порагај чистев и дома не сакам валкање.Јас и онака не сакам валкање, за чистење ептен си имам принципи и го знае тоа тој. А тоа што сме во болница, јас за ништо на свет не би се заменила да рагаат мажите. Тешко е не велам не, ама чувството кога го рагаш е нешто преубаво. Дај Боже да имам следен порагај, ќе му кажам цела кафана да собере од ќеиф на толку маки за бебе.
Ние бевми сами во странство. Сопругот беше до мене цело време. Една недела пред пораѓај остана на одмор и двете недели после тоа беше дома. Секој момент од доаѓањето на свет на нашето дете го споделивме и поминавме заедно, што за мене беше од огромно значење. Ми беше подршка во се' тогаш кога најмногу ми требаше да биде покрај мене. Мислам дека не би се чувствувала добро да бидам макар една вечер сама (со болки, раскрварена и со бебе в раце цело време на града, во неизвесност има ли млеко, цица ли нешто, зошто плаче и сл.) додека тој со машко друштво пие, се весели и лепи пари на некоја певаљка во кафана. Според мене, кај нас родителите не можат целосно да си се посветат еден на друг во тие најинтимни, најубави и најкревки моменти поради несовесното убацување на роднините и непочитувањето на приватноста и тогаш кога е повеќе од потребно. За славење има време и прилики во секое време после тоа.. и не гледам причина зошто баш мајкаѕа би била изземена моменот на славење на тој голем и убав повод.
Убаво е да се прослави, ама мене една ситуација кај другарка воопшто некако не ми се допадна мене лично. Она сама за Скопје, да се пораѓа, цела нејзина фамилија во градот од каде што е. Дека е породена го известуваме таткото само што бебето излага од неа ( имавме блиска на тој пораѓај), во коментот кога се јавуваме он е собран со чопор друштво и фамилија слават. Не се појави еден ден да праша и да види дали нешто треба за дете и жена. Али поштено со мама дојде да ја земат од болница и да ја известат дека дома ја чекале жени за некои адети( некои 20 жени беа). Се сеќавам другаркава место да е среќна дека иде дома со бебето , она беше нервозна и едвај стоеше на нозе. Мене ова ми е неприфатливо.
Депресија ситуацијава. За греота, како имаат срце за вакви работи. Кутрата родилка истоштена, наместо поткрепа да најде, таа со 20 луѓе да се расправа. Ја прашале неа како сака? Нејзе ѝ е потребно одмор, наместен кревет, подготвен оброк, топол туш, маж заангажиран кој ќе ветува помош, поддршка, присутност. Мене никогаш така не би ми направиле, ама маж ми е погоден многу, ме става мене на прво место, после сѐ друго. Јас за сѐ прва ќе бидам прашана, а после ќе се одлучи. Кога си дојдов дома од породување, целата бев збунета, само мајка ми беше тука. Уште од врата бев некако живцирана, не знаев што со бебето, што да му правам, и уште со други да се расправам? За што? За адети, ццц. Не знам што адети прават, знам дека кога дојдовме дома ништо не правевме. Јас се избањав, бебето во релаксатор го ставив на под и се думав кога ќе се разбуди, што ќе правиме. Тоталка збунка. Мажите се криви за сѐ.
Јас кога се породив беше корона на најјјако.. Никој не пуштаа ни да стапне. Се породив во друг град. Мажот беше на работа. Додека се пораѓав му јавија, право тргна и дојде. Чекал не го пуштале, јас во шок соба, он уште чекал. Цела фамилија моја дошле да видат бебе, возеле толку километри за џабе. Никој не пуштија. Кога ме однесоа на одделение маж ми им влегол со частење и ај го пуштија неколку минутки. Јас немав видено бебе, на него му го покажале од далеку. Свекор и свекрва дома мекици правеле, ама гости не примале, ги носеле по комшии. Наредната вечер се славело до сабајле, кај моите собрано куп луѓе, маж ми дома седел, сакал да прослави, ама еден другар го претркал, ги собрал сите другари во двор, музики.. Му викале син имаш не частиш, ајде журки, пијанчење. Еден од другарите на маж ми се понашал како на него син да му се родило
Мислам дека треба да се прослави раѓањето на нов член во семејството. Нема поубав повод искрено. Работата е што има две страни приказната - таа на мајката и на сите останати. Сите други сакаат да прослават и јас ги разбирам. Еуфоријата што те обзема кога ќе ти ја кажат веста е нешто посебно. Се радуваш на приновата и на животот. Искрена радост е стварно, и природно ти иде тогаш баш да славиш. После некое време веројатно спласнува енергијата, т.е. се насочува кон бебето што доаѓа дома од болница. Така да во ред ми е на некој начин да се изживее таа емоција, и раѓањето да се одбележи, прослави ете баш тогаш. Е сега начинот е друга тема. Што е прифатливо, што не е, тоа е различно за сите. Дали некој на улица или пред болница со оркестар ќе слави или ќе наздрави само со најблиските дома...на различни луѓе може да им е различно мислењето за тоа. Како и да биде прославено тие моменти ќе се памтат за цел живот, во секој случај. И ќе се прекажуваат. За мајката со оглед на тоа дека е физички исцрпена и бебето е со неа, во тој момент мислам дека најмалку битно и славењето и дека и е до таков замор. Може да има желба за заедничка прослава подоцна и да си ја направат за да биде и таа присутна и да ја сподели радоста во поширок круг. Само не разбирам зошто би замерувала за славењето на сите останати баш во тој момент? Ако така сакаат нека слават и тогаш. Нема потреба да се осеќа исклучена. Мене лично ми беше мило што се славеше и што забавата беше весела. Кога им ги слушнав гласовите на сите распеани и музиката во позадина на телефон ми беше задоволство што се сите весели и среќни. Не се осеќав исклучена, туку напротив обратното - како да имам поддршка и безгранична љубов и јас и бебето. И признавам, бев благодарна што не бев вклучена баш тогаш во прославата, зошто бев здробена физички.