Никако не славеше кога се породив. Опседнат беше со нас, идеше секој ден на посета и по цел ден се слушавме. Тоа го очекував, тоа го добив. Несмасна традиција ми е ова со славењето на мажите. Како непочит ја доживувам.
Верувај ми, попрво би ја дала оваа ,,привилегија" маж ми да ја проживува, него јас. Привилегија е ако бременоста е само клоцкање. Привилегија не е повраќање, гадење, болки, страв, стрии, и ред други дополнителни ефекти на бременоста. Јас барам, ако биолошки не може да помогне, да сочуствува барем со мене. Сочуствување не е еднакво на славење во кафана, додека јас минувам низ, за мене, најтешкиот период за кој немам искуство, само куп прашања и страв. Би му била благодарна, и да не може да дојде да ме посети, да биде со мислите кај мене. Затоа што и јас сум битна, а не со доаѓањето на бебето да престанам да постојам јас и моите чувства. На некој тоа не му претставува проблем, но мене ми е огромен. Во најдобар случај, не мора да славиме заедно, но нека почека да закрепнам, нека почека да се увери дека сум добро.
А бре! Колку жени имаат маки после пораѓај... болки од рани, неспиење, психичко трошење, мастити, чуда... И дури си ти 'отепана' во секоја смисла на зборот, тој да се прчори по кафани. Може не можел да го носи и да го роди, ама и те како може да го гледа. И него му е дете.
Ама не мора па ф Како тебе размислував и јас кога бев бремена со првото дете. Се изненадив сама себе со таквите емоции и мисли, зашто обично во бременоста си цела внесена во бебето и во своето здравје, своето тело. А не на мажот. Гледајќи го како се грижи за мене и нероденото дете, додека дремеше по три саати со мене во чекална, во еден момент успеав да се ставам во негова кожа. Си помислив како ли му е на него додека некој друг човек (јес да си му жена и се тоа, ама си некој друг) му го носи најмилото на светов. Може бев под влијание на хормони, може ми се активираше некоја мајчинска посесивност/инстинкт, ама кога си замислив како би ми било некој друг да ми го носи детето во себе и неговото здравје да зависи целосно од постапките на другиот, неговата грижа за себе и своето тело и здравје, се она што може нему да му се случи...ми се виде тешко. Без разлика значи тоа што ти е партнер, што се сакате и сл., едноставно сфатив дека немаат толку контрола како ние жените и дека мора да си го прифатат тоа. Мене ми се виде тешко и малку страшно тоа, пошто бев, барем тогаш, тип што сака да има контрола врз нештата. Некако осетив колку доверба полагаат во нас... Ми падна жал за него, најискрено. Дури и му кажав. Не ја омаловажувам нашата „работа“, невозможно е да се потцени, ама за некои работи треба да им признаеме на маживе. Бар на онаа група што нормално се грижат...
Некако глупаво ми е лутење и барање неправда околу ова. Има многу нефер работи околу бременоста и после нејзе, ама мекиците не се дефинитивно. Не слави мажот за него, се слави раѓањето на дете. Жената уморна после пораѓај секако дека не може да дојде да прославува. Мене ми е убава традиција. И не мора да биде во кафана со триста луѓе, еве ја последно бев на мекици ама како журка во двор и баш беше убаво.
Ако некад се омажам и родам, а мажот слави без мене... Повеќе нема да ми е маж. Пијанчењето на никој не му личи.Незрел потег кој може да доведе и до правење глупости. А, уште побитно... Не е во ред мажот да слави со други, а без жена му.Прво со неа треба да слави. И Првите денови местото треба да му е само до жената и детето.
Следна бременост земи нож и исечиго долу. Да види како е. Тој да се весели а ти да лежиш, кај го има тоа. Некад срам ми е што сум жена, посебични суштества нема од нас во некои ситуации......
Истото ќе пишев, не е само во кафана прославата. Некако сите што се против славење баш кафаната ја наведуваат како причина. Не сфаќам зошто се потенцира.
Не се исто, ама често идат зедно. Повеќето така слават иако тоа не е славење, туку брукање.Ретко кој слави без алкохол или со малку.
Па што ако слави со алкохол? Тоа не значи дека секој се опива, може да значи и културна седенка со најблиските. Што е лошото тука? Секако не може да е со жената во болница
Не е исто. Но, ни едно ни друго не почитувам. И јас сакам да славам, јас го родив детето, а најмалку право имам на тоа. И јас сакам мекици во кафана, со музика на уво. Но, се очекува од мене да лежам, ќутам и да се справувам како знам и умеам со ситуација која никогаш во животот не сум ја доживеала. Напротив, ќе се надоврзам на членката погоре. Себичност би било, некој да слави, а некој во болница со нозете растргнати и рани да лежи. За каква себичност од женска страна зборуваме? Нека се радуваат сите, мило ќе ми биде, но нека ги стават и моите чувства во обзир.
Твое мислење. Јас не мислам така. Мене воопшто не ми беше криво кога маж ми славеше со најблиските и за двете ќерки
Леле пресмешно Многу ми е незрело, извинете. Кога ќе научат жениве, не знам стварно, дека тие што изневеруваат ќе изневеруваат, независно од времето во денот и местото? Па и друг тип глупости се прават и на други места. Од овие причини никогаш не сум имала проблем некој да излезе понекогаш и сам, без другиот.
Не секој, де.Тие ги ставам во тоа ретко кој. Лошото е што е непочит кон жената.Она го родила детето.Она треба да биде вклучена во прославата. Јас под глупости не мислев само на изневерување, туку и мажот да направи расправија со другите и да има кршење на предмети.И после жената да се нервира ем што славеле без неа, ем што маж ѝ направил нешто лошо.
Попрво очекувам 7ца на лото да добијам, или комета да ме удри, него маж ми да ме изневери. Апсолутно нема врска никаква со довербата која ја имам према маж ми. Напишав. Чувства се во прашање. И имам право да се чувствувам навредено. Имам право да кажам дека ми пречи. Сакам да бидам центар во неговиот свет. Се останато може да почека.
Мене па мерак ми беше што мм славеше. Дојде до болницата, остави што требаше ( не дозволуваа посети ) и отиде кај моите . Вечерта се собрале над 50 души. Со алкохол до....кој колку може .Во кафана, нормално Се гледавме на камера цело време, лудило беше. Ич не ми беше криво, се радував коа го гледав колку се весели