Тоа што си родила не значи дека светот треба околу тебе да се врти и сите да ти се тресат како пред кралица, да не сфатиш погрешно и за мене важи ова и за сите. И онака во тој момент треба да се во мир и тишина и мајката и бебето, не гледам причина зошто другите да не прослават... Себично е да бидеме искрени. Славењето трае 3-4 часа, после тоа пак е со тебе дома. Ама човек што сака да прави драми секад ќе најде нешто..
Малку ја преценуваш честотата на вакви случки сакам да кажам, не е многу веројатно ова што го збориш.
Каква драма жено, одам да се пораѓам. Милион компликации можат да излезат. Драма бе. Не одам испит да полагам. И нема ништо лошо да се обрне внимание на жената после пораѓање. Или битно е само бебето и мажот да им е добро?
Lol Дај бе не трескајте глупости. Ако не па и за роденден не мора да викаме други гости, само ние родителите, што има други да доаѓат Збореме ако е се во ред,така? Ако не е во ред, нормално не е во ред славењето
Само нека е се во ред, па ако сака и 3 дена нека слави. Секако не може за мене да се породи За првото се славеше кај свекрва ми, и од моја и негова страна роднини, заедничко друштво, најблиски. Воопшто не ми беше криво, напротив ми беше мило што се толку среќни сите.
Јас единствена ли сум шо се лутев со мм не прослави со друштво Навистина криво ми е Сите другари за своите жени и бебиња частеа,славеа само мојот дома си остана коа родив. @Alexandrite побогу сите слават коа ке се роди бебето и среди мајката аман.Не додека си во сала @nextredstyle не си сериозна се надевам
Бре бре бре, демек после тоа кога ќе излезеш од болница нема да добиеш внимание од него, нема да прославите. Ја како што знам се прославува откако ќе се роди бебето а не на сред раѓање у кафана да оди. Баш тоа внимание ти фали од тие 3-4 часа што ќе оди да прослави со другари? А и гарантирам дека би ти се јавил едно 10 пати минимум. Еве и други погоре кажуваа.
Некст ок. Може некој го доживува тоа така. Како непочит. Мене не ми е ни приближно до тоа. Повеќе би ме навредило ако не се израдуваат на приновата во склад со онаа традиција која е прифатена кај нас. Секоја култура различни нешта ги смета за пристојни и непристојни. Некои се потемпераментни и поекспресивни во изразувањето на емоциите ако се гледаат во целина, како група. Има и разни поединци, некои се поголеми весељаци, подруштвени, некои се поповлечени и повоздржани. Сите си ги знаеме какви ни се мажите и каква забава сакаат. Сме си ги одбрале какви што се. Не гледам зошто би требало да се забавува на некој поинаков начин, па баш за оваа прослава? Затоа што јас не сум на неа? Зошто да може да лумпува на прослави кај што сум јас присутна, ама не може кај што не сум? Па не сум полицаец во врската! Ниту го гледам него како некој кој е толку зависен од мене. Нормално е дека никој не сака тепачки и кршење, тоа се веќе екстреми. Ако нема некој самоконтрола кога пие што прави, тоа е веќе друг проблем. И сигурно нема на мекиците на децата да му е првпат да прави такво нешто...
Јас кога ќе раѓам сакам со мажот со мене да биде, по можност цел чин. Преубави ми се фотографиите од пород, кога семејството од 2 станува 3, или + членови. Тоа кај нас не е баш изводливо, немаме birth centar, болници се. Ова е баш поопуштена атмосфера да речам. И многу би сакала нечиј таков настан да фотографирам. За мене тие први, raw емоции се се'. И се надевам дека ќе имам прилика да го доживеам истото. Ќе славиме после заедно, ама стварно би сакала тогаш да е со мене.
Луѓе не збореме за на сред пораѓај, збореме за отпосле кога се ќе биде добро. На никоја нема да и падне круната ако мажот ЗАЕДНО СО НАЈБЛИСКИТЕ го прослави раѓањето на заедничкото дете. Е што има некои принцези центар света е друго. Верувам дека ниедна од нас не останала неиспочитувана од мажот што славел
Ооох да можев ко родив јас ќе се испијанчев од среќа. И што ќе слави со мене кога јас у болница бев. Многу замарање ми е ова некако, дали славел дали не славел. Па и на него му се родило дете, шо ако сум го јас родила. После дома ќе си биде со мене и бебето првите денови пак, баш првиот и да сака не може
Да бе, јас очекував дека ќе собере барем најблиските другари. Знам дека е одговорен и ќе среди додека си дојдам ама барем на пијачка бре. Овој цела вечер враќал на пораки и украсувал наредниот ден Па и до работа си отиде на кратко, ајде таму почасти барем
Немам круна. Ама, ќе се разочарам од него и од другите оти не ме почитуваат. Раѓањето е болен и емотивен чин.И по раѓањето, жената се осеќа ранливо, исплашено и возбудено. Мажот треба првите неколку дена да е само покрај неа и детето.Со неа да прослави, не без неа.
мојот машини пушташе,кадата и релаксаторот ги местел,усисивал,пазарувал ,балони на ѕид лепел @nextredstyle збори во твое име,не во име на сите жени.Не сме сите емотивни до толку де.Ниту ранливо се осеќав ниту исплашено.И да простиш ама болниците кај нас не даваат таткото да седи во болница повеќе од два часа.Ај малце спуштете се на земја.Мн филмови амерички гледате.
Не реков дека се нема случено да се степаат или нешто слично ама е реално ретко. На секоја прослава може да се случи, не може секоја прослава да ја откажеме.
Како ќе биде кога не дозволуваат во болницата. Не можеш да знаеш како се осеќа жената после пораѓај. Јас бев среќна и возбудена. Не бев ни ранлива ни исплашена. Ама тоа зависи од жената. А што ти се други криви еве не знам. Тогаш ни мекици нема потреба правење