И јас сакав да бидеме заедно за време на пораѓај ...ама се породив за време на ковид криза па не смееше да ме види ... Па испаднаа компликации со ќерката инкубатори... и никој не прослави додека беше таму. Кога се врати колку за адет однесовме мекици по роднини до врата. Рековме крштевка ќе направиме поголема да надокнадиме за мекиците аха да ... се зголеми број на случаи и оп мораше да ги разделиме гостите на по двајца.... за роденден два дена пред воведоа да се затворат повторно угостителски објекти и пак дома со најблиските... Нека е здрава и жива цел живот да си слави убави работи. Тоа што немало кафана со жива музика ко се родила не и менува нишо во животот. А да слави не би ми било проблем иако мекиците во кафана со 300 дужи и музика ми е некако џабе фрлање пари ама ок кој како сака. Само не сакам да ми виси на камера
А и несфатливо ми е тоа бе да бил таму кога ќе раѓала... А го прашала дали сака? Или пошто она е женамајкакралица он е должен све да трпи и гледа? Која е потребата мислам.. Во што се претвори светов, живееме за што ќе кажат другите, за една слика еве види мажми ме гледаше како раѓам.. На моменти ми е одмилено и семејство да создавам и деца да имам во иднина кога ќе видам во какво општество живееме... Разбирам да се јави да биде сигурен дали е се во ред да купи и донесе тоа што треба, да дојде во посета доколку е дозволено ама да гледа додека раѓам? Лол.. Мене би ми било непријатно, он доколку сака нека гледа ама да го терам за да бидам центар пажња ми е ептен глупаво. И да не заборавиме дека бременоста не е болест.
Нема ништо лошо да го гледа пораѓањето и да биде до тебе да ти дава поддршка. Не е ништо страшно и нема врска со другите, не знам од кај го извади тоа. Секако сите прослави се после тоа, не во текот на раѓањето.
Слушај, само не заборавај да го прашаш и маж ти дали сака да биде присутен. Мојот рече - ми олесна што ми кажа дека не сакаш да бидам присутен. Ако ми веруваш таму во болница имав стеснето видно поле, 100% бев насочена кон пораѓајот и следењето на докторите и она што ми кажуваа да правам. Стварно ќе го ставев на игнор да беше таму.
Доколку он сака, со сила не бива. Сите знаеме дека тоа е емотивна ама за око не баш пријатна глетка. Заб да ти вадат не е а не па бебенце да вадат од таму долу. Таму треба да бидат само родилката и стручни лица. Како иде време мислам дека ќе им ставате перници со камења под маица на мажите за да изгледаат како вас додека носите бебе..
Немам маж, ама секако ќе кажам. Мислам си кажував и на бившиот, да останев трудна имавме план in motion Не знам, баш ми е сон тоа јас прво да го фотографирам од аспект на фотограф, ептен скоро невозможна мисија овде, а и да бидам дел како нели родилка.
Мојот во рана бременост кога размислувавме да се пораѓам во приватна болница ми кажа дека сакал да биде присутен. Ми беше реално сеедно мада стварно не мислам дека е баш пријатно за гледање од страна И тотално ќе го игнорирав, да. Може ќе го пцуев само
Греота мажов, стварно. Неа ѝ се шири 10см, излегува цела глава диња низ вагината, болни контракции да посакаш да умреш.. не е он должен да трпи. Боже сачувај. И мене маж ми ми рече дека ќе му биде траума ако биде присутен на пораѓај. Па му реков и мене ќе ми биде траума да раѓам. И така
Јас сакав да е присутен, и мм сакаше ама не пуштаа за царски. Чекаше пред сала и тој го гледаше бебето дури го чистат и го мерат. Сега нема да дозволат ни така, ќе си чека пред болница. Ама пак нема врска тоа со славењето. Вечерта ако е се во ред не може ни да е в болница, ни да преспие.
У Ремедика може во апартман . . . Абе многу им попуштате Бабите нека си прават мекици, тој сакам да е фокусиран на нас скроз тогаш. Има време за славење, нека се слави, ама колку повеќе деца раѓаат другаркиве, толку повеќе сфаќам дека мажите се премалце инволвирани.
какви перници, зошто мешаш непотребни работи? Нормално дека е доколку он сака, никој не го тера со сила. Збориме дека самиот чин каде мажот е до жената додека се породува е убав момент на поврзување и дури може и полесно да ѝ биде доколку тој е до нејзе како поддршка. Има такви опции во други земји, има семејства кои одлучуваат и дома да се пораѓа жената. За дали е убава глетка или не нема што да се дискутира, последно што треба да се збори за пораѓање е дали изгледа убаво, па да никој не смее да види освен докторот.
@CameliaMiller нема кај нас адет со мекици, бабите месат крофни и носат по роднини. Адетот е славењето Ако не се замара после може и јас би се лутела, ама јас за првото без мм ќе бев изгубен случај, ноќе и за доење стануваше да ми го намести па заслужува еден ден да прослави со друштво. Тоа е најбитно ко ќе е потребен дома да е инволвиран, тогаш да не ја остава сама жената.
Абе остај ти тоа.. не толку до тоа долу. Повеќе се грижев што ако нешто со потешкотии, тоа за него би било огромен стрес. А не може да помогне. Родилката пред мене со вакуум се породи, на пример. Идеше се добро, додека не тргна на лошо, па се растрчаа сите да влечат апарат и брзо да ја породат. Еве и да не гледа маж и, само паниката да ја слушнеше што се створи околу неа ќе се истрауматизираше. Јас не чуствував потреба да биде до мене, штознам. Секоја различно сака, а не можеш ни да претпоставиш како ќе се осеќаш во такви околности. Дали истото ќе го мислиш.. Мене лично и постерот со реклама што висеше на ѕидот зад докторот, и кој беше спроти боксот и морав да го гледам во оние крајните моменти од пораѓајот кога е најтешко, така ми се виде тогаш одвратен, апсурден и крајно непотребен. Жими се го мразев сосе сета симболика што стоеше зад него. Ми немаше ни практична, ни естетска, ни никаква корист од него, ама ете го тука виси над докторот и акушерките пред мене, баш таму, баш тогаш... Се чудев дека жени пцујат мажи синќир они им се криви, сега не се чудам. Јас ја кривев во себе Ева на Адам што каснала од јаболкото и ради неа сега со болки раѓаме. Сега ми е смешно и бизарно, ама тогаш така се осеќав, така ми идеше.
Ќе ја означам @bittersweet со неа баш имаме зборено на темава. Кај нив мислам дека не е како болница толку, баш може семејство да влезе, мислам дека само што се породи постарите деца одма ги пуштија бебето да го видат. Мене ми е некако ептен убаво тоа.
Мене ми е глупо ако он слави, а жената во болница. Зар не е најголемо „славење“ да ги гледаш бебето и мајката, жената твоја пред тебе? Баш пред некој ден роднини мои славеа раѓање на внуче, ама мајката и таткото на братучетка ми организирале во двор, братучетка ми со мажот мислам беше во болница, никој од нив присутен. Мене би ми сметало. Нема да раѓам, но, кога се замислувам во таква ситуација, сакам партнер кој од почит ќе сака да е до мене или да ми биде на располагање, а не зафатен со гости.
Ееејјј да знаеш само јас какви планови имав за кога ќе раѓам. Па како ќе биде покрај мене у сала, ќе ме гали и бакнува на чело , ќе плаче со мене , ова ќе прави , она... Ама... Цели 6 год одеше со мене на сите можни прегледи . И за обичен брис земање беше со мене до столот. Во бременоста исто. Не пропушти ни еден преглед ( освен оние каде одев скришно ) Кога дојде ред за раѓање го излажав дека тој ден нема шанса да ме прават царски . Му реков - дежурај си денес ...а знаев дека за саат два ќе ме пораѓаат. Дури и докторите ги замолив да не му креваат ако им звони пошто мене не може да ме добие тие 3-4 часа. Од кога се породив му го пуштија видеото од пораѓајот. Ај што не си го познал синот , и мене не познал на видеото . 2-3 минути се чудел што и како , кој е тоа на видеото , кој ли му го пратил А какви планови си имав претходно направено ехеееее
И мојот сака да слави, но не во кафана туку дома. Само незнам кој ке дојде освен неговите. Пола фамилија му е љубоморна дека земал убава жена. И не доаѓаат, не се дојдени ни за честито кога се регистриравме, ни за ништо. ( Ова не ми е јасно уште, за што се љубоморни. Не сум некоја мис света. Далеку сум од мис. ) Другата половина се странство и не се замараат. А моите друга прича.. Многу малку луге на број има што им е мило за нас. И стварно што се радуваат со нас. А за порагај не сакам да е со мене. Гарант ке го пцујам. И нема да ми е од никаква помош дека јас ке напињам не он
Се гледа дека девојчето не родило уште Не е за фотографирање , не е за да ,,превземе " нешто од бременоста . Едноставно мислам и пред да се породам а сега уште повеќе дека ќе бидеме побезбедни и јас и бебето ако имам некој свој во сала. А кој друг би бил присутен ако не таткото ? Траума , па убаво кажа на жените нели е траума или ние мораме ?
Тоа јас плачев на видеото, не па докторО Ееееее тоа да ми е животна кариера сакам, прво среќавање на родители со бебе