Ни јас не сум родила уште, а веќе сум истрауматизирана Шала на страна, мислам дека целиот процес на раѓање кај нас не е како што треба, од фактот дека жената ја одвојуваш од сите најблиски, до делот кај што се третира како да е болна. Раѓањето не треба да е толкав стрес колку што на (повеќето) нас ни е. Едно е трема, возбуда, ние во Македонија (со право!) се плашиме. Многу светлосни години касниме зад светот како треба да изгледа родилиште, каков однос треба да се има со мајката (на колку од вас ви дојде психолог?). Се' ме нервира во нашето здравство, ама односот кон бременоста и раѓањето најмногу.
Второ нема да има. Јас не му забранив. Него, не му ни текна да слави. Умо во нас му беше. Како шо и треба да е.
Мене ќе ми е криво да не прослават заедно блиските. Се раѓа бебето, двајцата се во ред, поминува ден два, ете на третиот ден можат да се соберат. Ако не слават, јас ќе се навредам. Зошто да не слават? Демек некое по ред им е да речеме внуче и ајде ќе поминеме без прослава, или па замисли прво да е и да не слават, или па второ во семејството... Која и да е ситуација, мене ќе ми е неубаво да не го обележат настанот, како да не му се радуваат. Како ноншалантно однесување. И дома најблиските да се собрани, или па во ресторан/кафана, ми личи да се сподели радоста. И зошто таков радосен момент да биде обележан со пијанење или скраја кршење и нереди? Навистина натаму ви оди умот... Пак мажите ако ви се без граница, имате право да се плашите. Инаку, целиот настан со таков повод треба да помине мило радосно отмено и примерно.
На свадба кај колега било во ред да оди без жена му. Прослава по повод роЏење на неговото дете било непочитување на сопругата. Во ред ми е ако некои мажи , од било кои причини ќе си останат дома и еве нема да 'слават' со друштво . Ама па тој што слави да велиме дека не си ја сака и почитува жената ... Пффф
И јас сум за да се прослави. Во болница бев далеку од сите нив ама ми се стопли срцето кога видов колку луѓе слават. И кај моите дома и сопругот со другарите. Едноставно сакале да ја споделат радоста. Кај моите славеле и пријатели и роднини и на сестра ми цело друштво било собрано иако не сум многу блиска со тие девојки. Ми праќаа и фотографии, донеле мечиња и подароци за бебе. Маж ми не можеше да присуствува на породување. Не дозволуваат и не беше планирано. И добро што толку драма да бил до мене. Мене бебе не ми дадоа. 10 жени во соба, што бара маж ми таму ? И што ако седи дома солидарност да ми покаже ? Ма нека слави додека не се вратам, после секако имавме обврски, зеде одмор од работа за да биде со нас. Што ќе постигнеше ако не славеше оти јас сум била во болница. Немав најсреќен пораѓај, бев под стрес, бев истрауматизирана од целиот персонал и условите во болница, ама ништо не беше возможно да го промени тоа. И ако славел и ако не славел пак така ќе се чувствував.
Првиот пат беше цели 6 дена со нас на клиника. Кога си дојдовме дома, по некој ден ги собра другарите на пијачка во бар. Ништо помпезно. Додуша повеќе беше како повод да се соберат и видат. Сега, за вториов пат, си “прославиле” со ќерка ми уште истата вечер. Со лименка пиво за него и чоколадно млеко за неа. Со песнички кокомелон на лап топ, дувале балони и пукале конфети. Тие ми се едни од најомилените видеа. Тоа што месец дена подоцна сеуште собирам конфети низ дома е друга работа. Секогаш сум за тоа дека животот треба да се слави. А јас и тој, секако секојдневно низ сите мали и големи работи ги славиме нашите деца. Немаше да ми е проблем ниту да имаше можност за журка и без мене. Секако ние во секое време може повторно да собереме друштво ако било до тоа. Дај боже само прилики и причини за славење да има. Ама разбирам и трудници и тазе мајки што не сакаат. Хаос од емоции и урнебес хормони се тоа. И имаат апсолутно право да се нерационални и себични и тие желби да им се исполнети.
Не сме исти. На некои би ни значела емотивна поддршка и почит од маж.Ако не ги пружа тие, не треба да биде сопруг.
Е да Ако Не те почитува не треба да ти е маж . И ден и ноќ дома да ти седи џабе е. Емотивна поддршка и почит се дава и покажува на ехехеееј начини
Ама како би ми покажал он емотивна поддршка и почит со тоа што ќе седи дома сам? Отпосле ако една недела не се прибере, тоа е непочитување, а не ако си прослави за раѓањето на бебе
Да, на куп начини.За мене ова би било еден од нив. Како мајка на вашето дете.Не го правел сам. Не треба да слави сам и со други кога сопругата не е до него. Ако може да ги поминува деновите во болница.И да е сам дома, нека е.Таман да увиди дали нешто фали или се расипало. Може на камера да се гледа и разговара со сопругата.Така ќе ѝ ја намали паниката и ќе ѝ го избрка стравот.
А како да прослави со жената? Кога ќе се вратат од болница, таа со болки и рана, млеко надоаѓа, бебе кое плаче ден и ноќ, мислиш дека би била званична атмосферата за т.н. славење? Или ќе го остават бебето на дадилка, а тие во кафана? Прославувањето со блиските на соодветен начин е одбележување еден преубав животен миг. Начинот на прослава, дали ќе биде одмерен, присебен, со чашка две, со по некоја песна и мекици, или со кршење ко шо рече претходно (не знам како ти текна тоа, можда имаш примери ), со пијанење до даска, со триста глупости, е сосема крајност и лудост. Тоа е до луѓето какви се.
Да, во право си. Не го правел сам, ама жената е физички спречена во тој момент, во тој ден да прославува. А верувај има жени и со месеци што се спречени. И која поддршка ја имам јас отпосле значи збориме, кога ќе се породам, се ќе помине како што треба. Сите живи, здрави и зашо да не прослави? Нема да бидам исклучена затоа што се слави раѓањето и на моето дете
Нов живот се слави има ли нешто поубаво од тоа? Секој на свој начин и секој има различен начин на славење, ако за некој е кафана за друг е не знам една лименка пиво. Никој не вика дека тоа треба да се прави додека жената раѓа затоа шо секој маж треба да присуствува на раѓањето на свето дете. Има ли поголема поддршка од него за време на пораѓај? Многу е лош насловот на темава.
Значи има од славење, до славење, од маж, до маж. Да се затвори дома дур не дојдам јас не ми иде. Јас сум била во болница. Па ок, жена сум, јас родив. Можда да можеше он ќе родеше ама не може, јебига. Сигурно нема да го терам да не мрдне дур не си дојдам дома. Од друга страна па, другар еден кога се породи жена му, првата вечер шљокаше со другарите, втората шљокаше на мекици со сите...а да и си се допишуваше со швалерката цело време тие 2 два дена дур беше жена му во болница. Така да, зависи од мажот и зависи од славењето.
Како е бе исклучена? Ок, во болница е, таа го раѓа, и таа е славена во тој миг за донесување на нов живот. Кога да се осеќа спремна? Кога ќе стартува депресијата со триста нијанси и до ништо не ќе ѝ е дојдено? Многу се повлекува остра линија, или - или муабет, реално не е така. Има нијанси, состојби, промени. Ко којзнае каква непочит е ако таткото прослави културно на пијачка со друштво со роднини итн. Тие три до пет дена родилката мора да е во болница со бебе, доколку е сѐ во ред, толку. Првиот ден мажот секако ако е салам маж ќе ѝ биде при рака, ќе ѝ потпомага за што треба и колку треба. Доколку е сѐ во убав ред со мајката и бебето, мажот не гледам причина зошто не би си ги почестил најблиските. Јас навистина би била навредена, ако блиски мои го заобиколат настанот како ништо да не се случило. Веројатно не си толку строга, па да ти пречи и роднини од прва линија да си се почестат. Значи Верувај, кога жена ќе се врати дома, до ништо нема да ѝ е дојдено. Барем на голем дел од нив. Што било - поминало. Допрва собири со луѓе, па и со најблиски, може да ја иритирираат. А за славење меѓу двајцата родители, ќе си го слават бебето секој ден.
Леле ептен навлегувате во темава. Секој повод за славење е убаво нешто, едно од малкуте нешта кои ги сакам во нашата традиција е тоа што се слави сѐ и сешто. Така да што знам, непотребно ми е наоѓање замерки за убави поводи. Никако не можам да поврзам почит со ова, едноставно се слави нов живот, па нормално е мајката да е со бебето а другите да го прослават настанот. Не го гледам тоа како исклученост на жената.