И мене ми се допаѓа тој аспект од нашата култура, ама идење на свадба - се слави со младите, идење на именден - го славиш тој кој има именден (иако дискутабилно ми е дали треба ова да се слави ), а на оваа прослава, личноста што можеби и најмногу треба да се слави, нема да е присутна, а ни детето. И мене ми доаѓа као ај дојдите да пиеме, да се најадеме, прво гости да послужиме, па тогаш да се грижиме за детето. Мое видување.
Во некои делови од Македонија, мајката на родилката е таа што слави само со жени, бабино го викаат. Како бејби шауер ама откако ќе се роди бебе. Иначе нема зошто лутење што таткото прославува, нормално откако се' ќе е во ред со жена му. А јас тотално сакам прав бејби шауер, после нека си слават
Јас го поврзувам славењето со мекици, заборавам дека не е секаде адет, @kristina.k ме поправи. Барем јас кај што сум била на мекици, се' било ок и културно, јадеш, пиеш, се веселиш, 2-3 часа во кафана е тоа и толку. Има луѓе дома си прават. Убава работа е, треба да се одбележи, ни јас не мислам дека е ок пијанчење и татково на себе да не може 3 дена да си дојде, ама тоа е до луѓето, не до прославата.
Сфаќам феминизам. И јас сум феминистка ама оти да правиме притисок за нешто такво ? Шта речи.. Мене не ми беше до славење после породување. Ама повод е голем. Сестра ми еден ден ако роди детенце на покрив ќе се качам. Искрено Ви кажувам, ќе соберам јас друштво и ќе славам до сабајле. Не оти не ја почитувам, нема никаква врска со почит, знам како е тешко после породување ами од радост бе ! Деца и внуци не се раѓаат секој ден за да се стегаме кога ќе се случи. Исто и нашите мажи па татковци станале, ги личи да прослават и почастат.
Си , затоа што си запознаена што се случува во здравството . Се кладам дека ако мм беше во сала др немаше да ми седне на стомак. Или да ми рече ,, што мислеше кога го раѓаш е убаво како кога го правиш хахаха" Психолог ?! Не дојде ни докторот да види жива дали сум не па психолог.
Катастрофа .. слична е ситуацијата скоро секаде. Јатрвата ми се породи во Систина. Другарка во Ремедика. Многу поубаво поминаа од мене и си добија прекрасни совети. Јас ем со трауми ем немав поим што да правам. Ги прашував колку АД треба да пие детево, ми викаа не треба АД треба цицка, ама чим не даваш цицка прашај на друго место. Кажував дека имам болки, ми викаа дека ќе ми помине, кажував дека не можам да се движам, во фаца ми се смееја, ее царувањето завршило. Психолог викаа откако видеа дека сум за никаде и постојано расплакана. Ама тоа ебати психологот ми се дереше и ме караше, за убаво сум дошла во болница, не сум била смртно болна така да се понашам.
Не разбирам. Се убедуваме чии чувства се побитни и релевантни. За вас не е голема работа. За мене е. Мене не ми се допаѓа да се слави нештото ако јас не сум присутна. Вас ви се допаѓа. Традицијата со мекици е отпочната од многу одамна, каде мајката била присутна. Одењето по кафани е модифицирана традиција.
Во државна болница, не би давала детали за каде и која болница. Многу членки таму ќе се пораѓаат. Мислам не е фер..
Како што рече @elenaklasik јас би се навредила ако не прослават. Да се опијат бре. Ту јас што нема да можам иначе би се напраила патос. А да не слават мене стварно ми бе навредило и загрижило.
И мојот. Не сакаше да слави без нас. Одлучивме да си направиме една мала прослава месецов, после 40 дена од раѓање на малава. Со најблиските ќе си прославиме, кога се породив им најавивме дека така се имаме договорено меѓу нас. Таман и сите ќе ги соберам одеднаш да ја видат.
Еве јас сум тазе породена и искрено ни К од кафана не ми е дојдено, или па да сум меѓу луѓе да тепам муабети,да славам и сл. Значи на тазе родилка не и е тој филмот. Иако имав убав пораѓај, лесно и сум скроз подвижна дури и за весеље, јас само сакам да сум со бебчето, кое во овие моменти е 100% зависно од мене. Пробувам да направиме ред за доење, новороденче е и сака да спие, сака близина и се пропратно што доаѓа. Сопруг е 100% посветен, тука е со нас, на првиот пораѓај беше и со мене на бокс. Овој пат не, но тоа беше договор меѓу нас. Али беше со најблиските излезен и си прослави раѓање на ќерка му. Тоа не го прави ниту неодговорен или непосветен татко. Тие 3,4 саати што сакал од срце и мерак да почасти за мене се нормални. Кога се родите внук ми и јас бев среќна, частев, ма на разглас ми идеше од среќа да кажувам и пеам. Сепак кој како се осеќа, затоа chill girls
Како тие мислења те погодија тебе? Нема правило никакво за тоа како да се чувствуваш пред и после пораѓај. Ме нервираат коментари од типот, јас бременоста ја поминав на нога, јас се породив брзо и лесно, јас се справувам мошне умешно. Не треба никој да се чувствува како ова да е натпревар кој е поиздржлив, кој повеќе може и кои чувства можат да се потиснат. Јас не викам дека е во ред сите да се чувствуваат лошо и себично после пораѓајот. Но, сметам дека имам целосно право, барем за оваа работа да бидам максимално себична. И не треба тоа да се гледа низ призма на потсмев, особено од личности кои ни приближно не се до искусување на овие моменти. Ми беше и мене сеедно кога не бев бремена, дали некој во кафана ќе иде и дали ќе се пијанчи. Сега не ми е, си сакам мажот да е посветен цело време на мене, затоа што знам дека цело внимание на бебето ќе биде посветено. И јас сум личност и не сакам мајчинството да ме направи да се ставам секогаш во позадина. Ако тоа ме прави лоша, егоистична, нека биде. Тоа е мое мислење и нема да го променам.
Таква е природата, ние да раѓаме, да сме растргнати и сечени како што кажуваш.Не се очекува од нас,туку тоа е нормално и природно кај сите жени што раѓаат, па и кај животните. Мора да поминеме низ период да се опоравиме. Јас тоа така го гледам, а не да барам сожалување дека мене ме боли раната. Да ок, боли и ни треба помош физички и психички и мажите мора да се со нас во тие моменти. Ама тоа нема врска со радоста и прославата за новото бебче Да се мења муж ми со мене и да легне на бокс или царски ете не може, и да сака.
Не ме погоди ништо. Ме интересира само зошто така. Единствен маж кој го знам што на никој начин не прослави раѓање на дете беше маж што немаше со кого да прослави, ниту другари ниту роднини. Нема никаде потсмев. И јас родив, и се чувствував лошо, ама не бев себична, можеби сакав и јас да сум на прославата, ама реално не можев да бидам. И не се напнав толку околу тоа. Славеле за мене и бебето, можеби и за нивните нови улоги, супер, нека се радуваат. Ме занима од каде доаѓа себичноста. Што ќе постигнеш ако не дозволиш да прослават ? Додека сме во болница нема ни посети, а камо ли престој на маж во соба со уште 10 други жени. Не те тера никој да смениш мислење, убаво велиш, да биде со тебе во тој период. Никој не спомна со месеци дека ќе слави. Една вечер се слави, баш таа вечер нема како да ја помине со тебе и бебето, ќе бидете заедно и ќе се грижите за бебето заедно откако ќе излезете од болница.