1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жената штотуку породена, мажот во кафана

Дискусија во 'Брак' започната од RainBow, 13 мај 2014.

  1. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Waka-waka бактериите и инфекциите немаат ама баш никаква врска со муабетов. Нит па може до тој степен да се изолираат бебето и мајката. Ако гледаме така, значи татково не смее ни на работа да оди откако ќе се роди бебето. И таму се меша со луѓе, и таму може да фати инфекции и бактерии. Не мора во кафана да отиде па за да фати некој вирус.
     
    На senjorita-v и Skyfall им се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.711
    Допаѓања:
    150.519
    Не знам, мене не ми е вагањето проблем, она у муки,а тој слави, колку што ми е сељачки моментот да се истреска од земја, демек тој го измисли правењето деца. Со нагласок на пијанчењето до бесвестица. Тоа може само сељак да го направи,а не човек кој искрено се радува.
    Нека излезе да си почасти ако така да се чувствува,ама драматизирање и пијанчење, нема потреба,сељачки е... мислам, би се срамела од таков маж.

    Јас уствари и мекици моментот не го сфаќам, ама ај, за арно е, нека им го.

    А моментот па она со бебе дома, а тој скита, особено ми е несфатлив. И пак ќе речам, си знаеле за кого се мажеле, квичење после тоа,џабе е.
     
    На senjorita-v, Hipster и Silver.E им се допаѓа ова.
  3. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    ^
    Веројатно на повеќето таа слика ви доаѓа, пијанчење до бесвест и глупирање со другари па затоа делува сељачки, како група тинејџери да се собрале на кои им дале малку повеќе пари од дома па удри на пиење, чалам и привлекување внимание.
    Не мислиме на така, и во кафана може фино да се слави.
     
    На Daydream и imelda им се допаѓа ова.
  4. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.646
    Да,точно може и на работа да ги фати,ама ова е непотребно изложување на истите. Во ситуација кај што доаѓаат еден куп роднини што ќе сакаат да го гушнат/бацат/честитаат.

    Што знам мене одењето во кафана не ми е првата најтатковска работа на свет што се прави од среќа за новороденото бебе. Особено со толку многу нови задолженија и работи да се научат и совладаат кога ќе дојде бебето на свет.

    Освен тоа,во тие ден-два по породувањето,кога мајката е исцрпена,со хормони што лудуваат и со неможност за одлучување во не дај боже ситуации, потребен е свесен татко. И не може никој да ме убеди дека моќта за расудување или на крај краева способноста да се биде трпелив во новата ситуација кога ќе дојде бебето дома е исто кога си одморен и кога си лумпувал во кафана.
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Оти претерувате, ниеден разумен човек нема да лумпува... Веројато си ги знаете вашите партнери така да ако е нормален човек ќе прослави 2-3 саати со најблиските и тоа е тоа . И не се работи славење за таткото туку за бебето се прославува и многу често родителите на младите го организизираат.

    А тоа мајката во болница а ваму слават ми е безвезе , оти жените најчесто спијат и што да прават роднините и таткото да дремат во ходник ли ? А башка па за бактериите спомнавте па колку ги има во болница да не збориме . :D

    Не е задолжително де кој како си сака . Ама не гледам причина да се плука на славење на толку убаво нешто.
    А може и дома да се прослави ама не е практично бидејки се ствара неред а тоа е нешто што најмалку е потребно во тие моменти.
     
    На darcy, artemidis, Skyfall и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Со оглед на тоа што насловот на темата е Жената штотуку породена, мажот во кафана, ќе се задржам само на тоа. Значи ако човекот отишол во кафана не значи дека ќе се пијанчи до степен да треба да иде на токсикологија после. И зашто да не излезе да прослави? Па да може жената и она би отишла, тоа е повод за славење, ма не повод, тоа е поводиште. Ти се родило живо и здраво дете. Зарем не е среќен момент што сакаш да го споделиш со блиските? Луѓево прославуваат многу понебитни ствари, па никому ништо. А во врска со тоа дека жената штотуку се породувала дента, па лежи во болница, не гледам поврзаност. Тој па што ќе и прави нејзе? Прво и основно нема посети во повеќето од болниците кога ќе им текне на мажите, така што секако не би можел да е со неа периодот. Второ, макар и да биде присутен, и да има она болки, не може тој да и биде седатив на неа.
    Другата можна перспектива на работава е: мажот штотуку си добил детенце, а жената со нивното дете на болница. Е ај сеа?
    Значи според насловот јас сфаќам дека треба да се дискутира за прослава, а не за пијанчење на велико што дефинитивно не е оправдано и тоа не само во овој случај тука генерално земено е лоша слика на опиениот.
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.223
    Допаѓања:
    124.264
    Па искрено не знам како е после раѓање, ама според тоа што сум го слушала, обично жените сакаат среќата и задоволството што имаат најубаво бебе на свет да ја споделат со човекот кој го сакаат. Сега болниците се многу порелексирани од пред 20 години, па дозволуваат таткото да седи со мајката- барем во приватните. Жените викаат и дека не им даваат да заспијат некое време по пораѓај, и дека треба да се свесни. Дури и да не смее да е сопругот таму, супер би било да ја дружи макар и по телефон жената која со часови, неретко и денови, се мачела да роди. Може да и донесе и сок, хигиенски работи, нешто што и треба. Најмногу убави зборови за како ке го чуваат нивноте бебе.

    Обратната ситуација е ваква. Жената се мачи сама во соба, во која не може да прави ништо. Има болки во карлица и рбет, нозе ја болат, ама не смее да заспие и покрај тоа што се преморила од 24 саатното врескање и напнување. Арно ама, 3 саат по полнок е и нема никој до неа. Маж и е во кафана и се опива оти има прво дете. Му ѕвони да и донесе нешто, или барем да се пожали дека ја боли нешто. Или да му каже дека бебето ја погледнало. Ама он не крева. Нели на стол качен, пијан. Она сама, хероината на денот, која има 5 конци на најнежното место, која искрварела и не смее да заспие, која има игли во рацете и испукани капилари на главата и градите од напоните, ама нема никој со неа. Сама, осамена во најголемата среќа во животот. А нема со кој да ја сподели. Оти споделувачот на правењето бебе, е пијан.

    Мизеријо од татко, врати се кај жената што ти дала потомство, остај другарите една вечер, иди погали ја испотената коса на жена ти, излези и купи и нешто убаво, кажи и дека поубава жена нема на светот, оди дома среди го станот најубаво што можеш, да не смрди на твите повраќаници од пијанството и прдењето од месото, спреми го домот за потомокот, а потоа направи ја жената среќна. Не е прославата прослава, ако го нема херојот на денот и претходните 9 месеци, кој е причина, ниту пак ако поводот, бебето, уште не стапнало дома.
     
    На Abeja и babyblond им се допаѓа ова.
  8. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Од каде ова дека не смееат да спијат ? Сите мои другарки и роднини што се породија после пораѓај спиеја . :?:
    Не мора да се карикира со екстремности , и да се нарекува некој мизерија од татко оти ги почастил најблиските заради тоа што добил дете.
     
    На angel4e2013 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Леле Цка кои жалопојки. :D
    Прво колку жени се пораѓаат приватно па да им е дозволено на иди ми дојди ми посета кога кој сака? Хигиенски работи се носат за еден саат два. Ако ја боли жената нешто, па на право место е, затоа ги чуваат во болница после пораѓај. И додека чисти по дома човек нема да чуе телефон од правосмукалката, од центрифугата на пералната, додека тресе јорган надвор во 1 сабајле, оти нели, подобро тоа да работи отколку да пивнал негде со новите баби, чичовци и тетки.

    И славење не значи пиење до несвестици, повраќање итн, ама нема капка да се напие оти и јас не смеам и можам со него. А факт е дека секој маж ќе се направи и муле од пиење за ништо, така од узур, неколку добри пати во животот, ама таа една вечер не смее.
     
    На Heidi, danielka0507, BoaVista и 8 други им се допаѓа ова.
  10. butterfly4

    butterfly4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    528
    :rofl: :rofl: Cka каква приказна си направи,човек да помисли дека сево ова што си го напишала ти се случило тебе,па сега го опишуваш тука,како во хорор филм,ма ни таму не го имам видено ова :rofl: :rofl:

    Нормално дека смеат да спијат,самите доктори го препорачуваат тоа,е сега дали ке спиеш после таа среќа,колку и да си исцрпена,уморна барем во тој саат време додека си на бокс,пред да те префрлат во соба,зависи од самата Благословена Мајка со најскапоцениот дар(јас си се опишав тука :lol: )а потоа во соба да,нормално барем додека го донесат бебето. ;)
     
    На mimiiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  11. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    ^ Првите неколку часа после пораѓај ми имаат кажувано дека не смеат да спијат, да не искрварат многу, да не им се случи нешто, барем така ми имаат кажувано медицинските лица во мојата фамилија. И се согласувам дека друго е да касни 5 кебапчиња со најблиските и да се посвети на жена му првиот ден, а после тоа вториот ден нека слави, ништо нема да му смени. Сигурно и тој првиот ден е изморен од чекање по ходници од трчање и брзање со жената, од возбуда. Ама како и секогаш во секоја тема има некои кои си се со муават на капата и фала богу нема да си ги вреѓаат мажите. Јас само знам Здравје,Боже кога ќе имам дете, мојот сегашен дечко нема да се мрдни од болница дури не е 100% сигурен дека е се во ред со мене и со детето и ќе ми се јавува да проверува дали сум добра, се додека не ми дозволат да заспијам, па и тој ќе си легни да се одмори. Па вториот ден нема проблем сигурно, ќе прослават културно во некој ресторан со брат му,брат ми, татко ми , татко му и останати другари, пријатели,роднини мои и негови :).
     
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.223
    Допаѓања:
    124.264
    Е сите мои не спиеја. И сеа?
     
  13. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Се согласувам дека е правино првите часови после пораѓај да не спијат. И школски е така, тоа ќе ви го каже било кој студент на медицина. :!: После некој саат смеат да спијат.
     
  14. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Па муабетот е дека спијат , нели нормално доење ,да се среди се , сигрурно таткото нема да замине веднаш. И не верувам дека има нормален татко што нема да сака да се порадува на детето . Не претерувајте .. Потоа си легнуваат да спијат затоа што се преморени , и во што е проблемот ако најблиските одат да се почастат место да дремат во ходник? :?:

    Ама ја вртите водата дека таткото лета кон првата биртија за да фрла пари на певаљка и дека ни бебето ни мајката не ги погледнува. |(

    А мене ми личи на малку себично размислување во стилот јас лежам а тој во кафана . Епа тоа е жени сме ние раѓаме , а што ќе тупка дома или во ходник не е од некоја корист, нека оди да почасти.
     
    На Heidi, Lovely93, Skyfall и 6 други им се допаѓа ова.
  15. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    И ти си во право, ама секакви ги има.Тие што се породиле најубаво можат да си кажат што било како било. Ние можиме само на нагодваме.
     
    На butterfly4 и mimiiiii им се допаѓа ова.
  16. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Ајде сега почнете за келнерите во кафаната :D
     
    На Someonespecial, Gordana10, babyblond и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    1. Зошто упорно поистоветувате славење со алкохолизирање и правење џон?
    2. Зарем жените да сакаа да слават или кога ќе им одат на повојница се улави и за вреќање? Па претерувате по малку.
    3.
    Јас немам мувата на ништо, па ни на капа и ете пак имам став кој не ги вреќа мажите што сакаат да си прослават за бебенцата.
    А кој вика дека мажите што отишле во кафана се несовесни? Работава ја напраивте дека они се радуваат што жената е во болки и не може да спие, а не на бебенцето. Слудно е тоа.
    Ако е во кафана не значи дека нема да и се јави на жена му или пак како во други коментари што прочитав дека нема да и крева. Па нема да е во друга димензија таткото па да не може да се јави. Мислете дека он не сака да си ја слушне жена му а?
    Културно се слави и во кафана. Нема пишано правило дека по кафаните се збираат само пијандури.
     
    На imelda, duffi и Bridget им се допаѓа ова.
  18. butterfly4

    butterfly4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    528
    Биди жива и здрава,Господ да ти даде многу дечиња,ако сакаш нормално,породи се па пиши тука дали спиеше после врискањето,пукањето капилари односно раѓањето на бебето ок? :lol:

    И овде има многу Мајки со искуство,значи кои родиле,меѓу кои и јас,потврдувам дека е така,ама не сепак по ваше да биде,брее што чудни луѓе сме,ама ако нека ви биде,вие се' си знаете,се предавам :!:

    п.с темата е сосема друга,не е дали спие мајката или не после пораѓај и мислам коректно и фер е да не даваат мислења тие што слушнале или недослушнале,па се прават сезнајковци :x :hai:
     
  19. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    1.Најверојатно, бидејќи случајно или не случајно биле сведоци или некои им кажувале за некој таков. Можеби и оти повеќето се такви, типични балканци.
    2. Не се улави, тешки секој роденден на детето да им носеа и да беа желни да го даруваат, тоа би била голема заштеда на мајката.
    3. Прво тоа е претпоставка, никој не знај што ќе биди во иднина со мене и со дечко ми. Второ обично во било кој пост штом спомнам дека некоја си ја има мувата на капата или дека секогаш некој ќе се пронајде себе си или некој близок во некој пост одма реагира, најчесто се правда. Ниту некој ти побара да се правдаш, ниту некој ти замери за нешто, ниту ти прочитав некои од твоите претходни постови на темата. Па сега самата види дали си ја имаш или си ја немаш мувата на капата. Јас убаво си кажав мајките нека кажат, јас ако си дочекам и ако уште постои форумов и темава и јас ќе си кажам. И секој си има своја перцепција што е културно и што не е во одредена ситуација.
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Па да, најверојатно има нешто штом е изведен таков заклучок, дека таткото така го прославува раѓањето на детето.
    Порано некако се славеше само со мекици, ќе се соберат најблиските следниот ден, се даваат мекици и чао пријатно. Сега ова некако како да излезе, можеби и мене сега ептен примери ми се насобраа, па ми го фати вниманието, ама ете, мене не ми личи на ништо. Можеби на Cka примерот донекаде и беше претеран, ама па и не сосема. Имам многу пријатели, и мои и на мм што работат по кафичи и по ресторани и сум се изнаслушала секакви приказни. А и не е дека немам видено со свои очи.
    И уште не ми е јасно зошто постои потреба еден таков момент, едно влегување во нова фаза, далеку поодговорна фаза во животот да се прослави на тој начин.
    Јас и мм битно се договоривме како ќе одат работите, тоа мене ми е најважно. :)
     
    На senjorita-v и Abeja им се допаѓа ова.