Маж ми ако реши да слави, нема да го спречам. Дека ќе сакам и ќе ми биде пријатно, не и нема. Ниту бебето ќе има меморија од прославата и ќе биде присутно, ниту јас ќе можам да бидам дел од истата. И оттука излегува, за кого се прави?! За првиот роденден подобро би направила нешто приближно на свадба (карикирам) затоа што ќе бидеме присутни цела фамилија, него една прослава за сите освен за мене и бебето. Но, ја разбирам и еуфоријата на мекиците, само како што напишав, традицијата зад нив е скроз променета и како таква не ја почитувам. Сум била на прослави кај подалечни роднини и пријатели, кај поблиски сум одела по дома, на мајката да и правам друштво.
Во други ситуации се мрштите и мрчите во темите ако мажот поминува време со други од фамилија и пријатели, а во ваква не ви пречи.А, бе, ај... Тогаш не треба да мрчите ич кога 2 саати седи да пие кафе со тато и мама и бато и дада или 5 саати со пријатели. Луѓе на кои си им битна не слават без тебе. Те чекаат да си ок за да славите заедно.Штом те исклучуваат значи за нив си само корисен предмет или алат, не човек на кој му се потребни љубов, грижа и внимание.Во случајов машина за раѓање деца/внуци. Посебно безобразно е жената да се исклучи од прослава која следи по нејзиното ризикување на сопствениот живот за да донесе на свет друг живот.
Рили??? Абе од кој Марс сте паднати? Како се споредува секојдневно дремење со мама, тато, дада и било кој друг со славење на рожба која е еднаш, два, три пати во животот??? Ау колку сте исклученииии... Мојот не славеше. За еден празник после искористи прилика кога беа сите со мажи, жени и деца и почасти. Бевме и јас и детето. И не се почувствував ништо посебно битно дека бев таму. Немам став дека треба или не треба стриктно да се слави со или без мене. Само нека има причини за славење во животот.
Ок те сфаќам до некаде. Впорчем бев присутна на прослава по породувањето(крштевката) подобро да не отидев. Кај депресивна, дебела, ниту алкохол помирисав, ниту нешто уживав, едвај чекав да си одам. На прослава за раѓање дете на вујко ми поубаво си поминав. И сите прослави такви не дека бебето ќе памти ама ќе имаат убави спомени сите за раскажување што било како било. Што знам кога јас сум се родила биле частени сите присутни во кафичот, татко ми и дедо ми пееле, се радувале. Иако не бев таму и нели бебе сум била и не памтам, убаво ми е кога ќе чујам. Мајка ми не била присутна, во болница била со мене. Ја имав прашано, рече сеедно и било, она па славела за децата на тетките, славевме и кај вујко ми. Нормално на поинаков начин ама додека беа во болница се славеше, после се помагаше околу бебиња. Сакам да кажам, на мајките не дека не им е местото на прослава, туку најчесто не им се слави. Ако си присутна на прославата прашање е само колку ќе уживаш.
Мене ми е прекејф кога гледам мажот како слави со најблиски другари и они се веселат за бебето. Зарем има нешто повесело од бебе. Се пораѓаш, се е во ред, во болница си и нема посети. Што ќе ти направи разлика ако седи дома, а не излезе на пијачка. Освен - јас се мачев, нема што тој да ужива - не гледам друг разлог да ми смета. Божем тој ми е крив што сум се мачела.
@nextredstyle извини, ама ти малку помеша твои чувства спрема мт ако слави , со сите други глупи потези на одредени мажи. Мм правеше мекици и за двете. После 3 дена од пораѓај. Да договори каде, да можат да дојдат и моите бидејќи се од друг град. Еве за син ми. Недела вечер мекици. По правило Вторник сабајле не пуштаат, бидејќи Понеделник неработен беше. Сите среќни, се спремаат за мекици. 19.50 ч се слушам со мм, доаѓаат првите гости, се гушкаат , мерак за новороденчето. 20.10 ч доаѓа докторката и ми соопштува неубави вести за син ми , кои не ми ги кажаа до тогаш. Одма му се јавив на мм. Ми рече одма доаѓам. Реков не. Во моментов ни ја што сум тука ни ти во ходник нема да можеме да смениме ништо . Вика цела вечер ми беше претешко. Во моментов кога му ги кажав вестите бил пред кафана и доаѓал еден пријател. Вика ја идам среќен, мт со солзи во очи и збори со тебе. Ни беше многу тешко. Фала му на Господ, детето ми е живо и здраво, Јас само си викав , требаше покасно да му кажам . Он дојде ноќта во 12ч во ходник. Рече морал да ме види и гушне. Се слушавме и пишувавмемна секои пола саат, иако со гости. Ама ете и со тој проблем, јас ни најмалку не мислам дека не требало да слави. Тие 3-4 саати ќе бил дома и пак ќе се слушавме исто. Секој си прави како сака. Ама не може да гу навредуваме мажите што славеле дека не не почитувале. Мм иако му се спие, и ден денес станува ноќе за децата. Тоа е почитта. Не 3те саати во кафана со најмилите додека јас сум во болница. @CameliaMiller и во мој крај се слави бабино После 40 дена се прави, само жени дали дома дали во кафана , оди и мајката со детето. Малку повеќе мака е за мајката и детето, ама ете уште мислам го има адетот.
Вајлд, на Гак имаше посети во ходник само. Ти едвај стануваш, одиш со влошка меѓу нозе, се гледаш со мт за 10 минути и се враќаш да си легнеш и да бидеш до бебето. Во апартмани е друго. Во приватните е друго.
Ти едвај стануваш, тој оди да слави во кафана. Ти цел ден чистиш, тој оди во кафана. Ти цел ден деца гледаш, тој оди во кафана. Има време за славење, кога ќе се двајцата родители во можност. *Мене ми е непочит. Вие ќе си одлучите за вас.
Не оди мм во кафани ни кога сум болна ни кога сум сама дома. Кажав, во болница немаше шанси да влезе во собата, иако се породив пред пандемија. Кога си дојдов дома јас пак се видов со истите луѓе што славеше. Ич не беше вау дека тогаш не сум била таму
Не реков дека твојот оди, туку споредвам за илустрација. Зошто па да не е мекиците прослава, на која се присутни двајцата родители? Оти е само за мажот?
И да има посети навечер нема седење или спиење таму. За првото се породив во приватна па пак имаше одредени саати дозволена посета од таткото. Сега за неколку дена ќе се пораѓам пак во истата болница, нема никакви посети поради короната. Значи пак не генерализирајте дека сите мажи одат да се испијанат и дека тоа е редовна практика. Одат да прослават за раѓање на дете со најблиски. Јас не сакам да одам со неговото машко друштво, колеги, брат, братучед итн. и да сум во можност. Заедно можиме секако фамилијарно да си прославиме ко ќе сум во можност.
Не мора да се пијани. Славење, е славење. Ти си онеспособена, тој слави со другари? Исто како да сум болна од нешто и лежам дома, а тој оди на славење. И пак ќе прашам, зошто е ова адет, само за татковците? Оти нема адет за двајцата родители да слават?
Оти пандемија е или треба да одмориш, нема мажот да спие цела вечер со тебе. Да де, јас се мачев и тој нека се мачи. Ако не да му го дадеме и него да го роди. А за другите две не знам зошто ги имаш пишано воопшто, може некој да слави во кафана и пак да гледа деца прописно и да чисти исто колку жена му што има врска тоа со темава?
@WildMk оти жените раѓаат, тоа е природата. Не ми смета да слави, мило ми е да е се во ред и да има за што да се слави. Ако сум јас онеспособена треба и тој да е? Доволно е што цела бременост дома се прави и што после знам дека ќе имам најголема помош, и со бебето и со првото.
Не е исто затоа што бременоста во најголем случаи не е болест. Славењето не е додека ти лежиш дома, туку во болница. Првиот ден бе другарки.
Пандемијата е овие 3 години. И ако има пандемија и нема посети, тогаш ни славење не е паметно, оти на детето ќе му го донесиш вирусот.
Природата е ние да раѓаме, не е природата мажите да слават кога сме во болки. Тоа дете само не се напрај. Колку е негово, толку е и мое.
Аха... Така беше. Се' е во ред - секогаш. Жени умираат, бебиња умираат (скраја да е), тој ќе славел. Вие како сакате, за мене е непочит.