Епа така останало од порано. Ете за традицијата Каме што спомна, одат само жени. Мажот да се лути ли ?! А и на крај, треба да е се договор меѓу мајката и таткото
Досега само еден коментар беше заради пијанчење во кафана. Повеќето коментари беа за тоа дека и ние, оние кои сме го носеле бебето 9 месеци, кои сме го родиле, сакаме да присуствуваме на таа прослава кога ќе бидеме оспособени за тоа. Убаво пишаа претходно, за секоја прослава што се среќаваме во животот се присутни тие што слават. А најбитната прослава, доаѓањето на своето бебе на свет, ја ужива само таткото. Не дека не сакам воопшто да ја има, сакам и јас да дојдам. Да, маж ми не е крив што биологијата е таа што улогата на носење на плодот е на жената, ама и јас како жена не сум крива за истото.
Епа мене, не ми се бендисва традицијава. Ја доживувам како опресирачка. И да, јас ќе си се договорам со мојот - според моите сфаќања, вие со вашиот - според вашите сфаќања.
А да, пред пандемијава 24 ч седеа мажите на болница со женичката. Болест е едно, раѓање на дете е сосема друго, како споредуваш такви работи.
Вајлд бе, бог да чува. Ако нешто не е во ред со мајката и бебето , кој е тој лудак што ќе слави бре? Зошто мешаш баби и жаби ? Еве ти го кажав мојот пример.
Оти е ризик. Секоја бременост е ризик, секој пораѓај е ризик Не е играчка. Заборавате што се' се случува, посебно кај нас, во Македонијава. И како капак на тоа, има некои 'правилници' што ги делат мажите и жените според улогите.
И ко ќе е се' во ред, не значи дека секогаш-се' ќе биди во ред. Да не редам црни сценарија... Шо и да речите, мене не ми се бендисва. Терајте како сакате.
Не, не забораваме, ти забораваш дека 5 пати се пиша ако помине се во ред. Нема сигурно да ги собере другарите кога ќе ми пукне водењакот. А тие правилниците не знам стварно зошто ги спомнувате и кај што треба и кај што не треба. Од утре ни на фудбал нема да смее да оди ако мене ме боли главата дента, како смее тој да се забавува јас при болки
Мене не ми пречи да има секс со друга, ми пречи да слави ко ќе се породам. Себична си и и не му дозволуваш да има секс со други. Глупо е? А? Различни сме. толку е просто. п.с. маж ми не прати спорт
Абе лежам на болница. Ако ништо друго, крварам. Затоа и не ме отпуштаат веднаш. Детето има бебешка жолтица, ако не друго. билирубини кренати. Еве, неќам да слави дури е така. И сега?
Што не ќе прочитам.... оф мори мајко, и за мекиците најдовте мана. Мене не ми смета тоа славење иако кај што пораснав не беше традиција да се прават мекици, туку се оди на повојница до 40 дена со питулици. Да бидам искрена, подобро да се прослави раѓањето на бебето некаде во кафана, евентуално дома во двор, отколку да ми се редат сите знајни и незнајни до 40 дена дома, кој кога стигне, па да се рушиме сите од спремање и чистење пред и после гости, ни бебе ќе видиме, ни ништо. Ако славел без мене, непочит било Па реално, помалку ме почитува ако не прослави, сепак дете ни се родило, тој нека седи дома сам и нека чмае. Синкир 40 дена ќе слави, неколку часа се во прашање. Иначе нема посети кај нас, на ГАК немаше и пред пандемијава.
Ме збунувате сега,па сите кои ги знам славеа раѓање на нов живот Што има лошо? добро освен еден братучед ама тој е тешок интроверт,нема ни другари ни кого да викне. Не гледам ништо лошо да се прослави раѓаеето на бебето без разлика дали е мајката присутна. Па музика па споделена радост. Во западна има мекици односно бабиње да,ама тоа е друго. Бабата вика жени во кафана на мекици каде се носат подароци за бебето и мајката,на која може да е присутна и мајката и бебето.
А да славев јас откако го направија операција? Во ред беше се'. Да ги соберев другарките и да се журкав, дури тој лежи и се опоравува? Исто ми е.
Ама се е со договор. За ќерка ми си дојдовме дома, се беше ок Утредента правеше мм мекици , ние бевме веќе дома
Е де... Зато реков: Јас мислам вака, вие така. додуша, не се ни договараме за славење. Ни на крај памет не му беше да слави.
Тоа што нема секогаш да биде во ред, не значи дека не треба да се прослави кога е се во ред. Па да му е*ам матер, другарка имаше тешка бременост, друштвото се убивме од славење и среќа дека се заврши како што треба.