Вајлд убавите моменти во животот треба да се прослават. Па и ти си можела да ја прославиш успешната операција на мт. Што се се завршило како што треба. На живо и здраво се слави и радува ,на мртво се плаче.
Јас се пораѓав со царски во сала, маж ми ме чекаше во соба. Се изгушкавме, седеше со мене, донесоа бебе, видовме, топ испаднало и после он дома. Јас искрено не сакав да слават со мене и бебињава мекици, јер прво не ми беше ни до гости, ни до ништо, сакав само да сме ние тројца заедно, за второто, четворицата. Второ, он па ја нема таа чест ко мене, да се гушка со штотуку родено бебе, сопственото дете. И стварно не гледам зошто да не собере блиски и да почасти? И како тоа изгледа да дојдат и мајката и бебето на мекици? Сериозно, како го замислувате? Со една недела бебе, јас гости ќе пречекувам, или па во кафана ќе одам И една вечер частење дури сме ние во болница, никако, ама никако не го промени да биде лош или неодговорен татко. Јас дека се пораѓав приватно, баш и често беше со мене, особено за првото. Со второто, имаше обврски околу големата. Али што и да ми затребало, доаѓаше да ми донесе, да ми прави друштво, да гледа како ги дојам. Ако правење мекици го гледате како изговор за пијанство и дивјаштво, тогаш нешто во вашата перцепција е пореметено. Или се движите во лоши кругови. Не знам друго што да кажам.
Замислете прослава за свој роденден без вас, Своја свадба без вас, Своја матура без вас Своја дипломска без вас, Итн. Сите сакаме прослави, Но ако се слави доаѓањето на бебето, не му е само на таткото ќеиф да си прослави. И мене ми е. А мене ми е уште по ќеиф со оглед дека јас сум го носела. Туку, јас само за во западна Македонија сум. Овде не се разбираме изгледа.
Баш сеа пак зборев со мм да ми објасни зошто не прославил во кафана или мекици не напраил. Цитирам: "Мене ми е небулозно да одам во кафана да се веселам додека знам дека ти лежиш на интензивна, дури те мислам колку ти е тешко, дури си во болница а ја изгубен во космосот. Луѓе има што можат и што сакаат и што им е мерак, мене лично не ми беше и тоа е тоа."
Шо се запнавте за пијанство, не ми е јасно? Самото славење го гледам како проблем. Без пиење ни капка алкохол.
Нема споредба, макар што успешно завршена операција со позитивен исход е нешто за славење. Никогаш и нема да се разбереме. Нека ве чека за прославата, ама на тазе родилка и на мало бебе не им е местото да се мешаат со луѓе.
Дипломска, матурска, роденден итн. ти ги славиш, ти си главна. Раѓање на дете слават другите затоа што не можеш да си таму во тој момент кога е најголемата радост и еуфорија. Не дека не ти е местото на прославата, туку едноставно ти имаш улога на мајка, си во болница оти на детето му требаш таму, тебе ти треба надзор и престој во болница. Но ете како замислуваш прослава со тебе и бебето ? Кога ? После 2-3 месеци ? Тогаш ќе бидеш исцрпена, ненаспана, изморена и ќе се радуваш на испиени милилитри млеко, забчиња, превртувања и движења на детето. Во тие моменти другите стануваат баби,дедовци, татковци, чичковци, тетки и секој си слави за новиот член кој го исчекувале. Од радост.
А на таткото му е местото да се меша со луѓе? Ако зборуваме за зарази, може он да ни ги донесе на нас по дома.
Мене не ми е јасно шо се запна ти дека ако прослави, значи дека ќе оди по кафани и жената кога дома ќе чисти. Како жити сѐ го поврза едното со другото? Ќе прават мекици со првиот роденден. Или за полнолетство. Уствари не знам колку време е доволно да се почека.
Поентата е дека не сме болни, а раѓаме како да сме. И аман, ако седи дома и се тресе поарно ли е? Да имаше начин во земјава да седи таткото со мајката како што е можно во посаглам свет, па ајде. Ама вака. Дури маживе треба да се навредат да ти кажам. Дете родено да си видат треба да се потепаат со персонал.
Абе како ги споредувате овие работи? Сеа збориме дека роденден на детето ќе го славиш без детето ли? И ред другите работи што ти се спомнати. Како да се разбереме кога споредувате глупости? Ќе ве чекал за прослава. Ајде прославете со Х души, ти тазе породена и бебе од ( вметни тука за колку временски период на тебе ќе ти се слави ).
Ахам, јас имам улога на мајка и толку завршувам со животот со таа улога. Таткото може и како ерген да се однесува, бидејќи не му треба на бебето.
абе тебе ти треба болнички надзор, него му треба славење. Шо не е јасно? И после ќе ги оговараат муслиманите како се делеле на мажи и жени, а истото и кај нас е.
Ни менструација кога ќе добивам еднаш месечно, нема да смее да пие пиво, крварам хелоу. Не ги претворајте радостите во анксиозности таму кај што нема реална потреба.
Не извртувај. Цела тема отворив за тоа дека не треба животот да заврши со таа улога. Ама толку да е проблем славење со другари за раѓање на дете не сфаќам. Славеа и моите дома, и тоа голема прослава, со многу веселење. И моите дома ли не ме почитуваат и не им е гајле ?