А ти вака, на пример речено, кога би сакала да славиш? Да те почекаат да собереш сили и кој момент би го одбрала за да ги викнеш блиските и да прославите? Каква замисла имаш сега во моментов?
Ти ме нападна мене. Тука е разликата. Мене не ми се допаѓа, а ти упорно кажуваш дека треба и зошто треба. На крајот од денот, не сум ти јас маж, ниту пак ти моја жена, уште помалку маж ми ти е маж и ти негова жена. Како ти ќе си одлучиш е твое и го почитувам тоа. Како јас ќе си одлучам, сакам, барам е мое, најмалку што можеш е да го почитуваш тоа.
Која е потребата дури си со мало бебе во болница неколку денови каде тој нема пристап и немате реално потреба од него, да му кажуваш како да се понаша? Може па мене ќе ме праша дали да слави или не.
Сега и ова е проблем? Немам секс кога имам менструација, оти болките ми ги интезивира. Да го ебам, за да не биди 'срамота'?
Не му кажав, сам не изјави желба за славење. умо му беше во нас. И го почитувам премногу, поради тоа.
Пак истото. Не ти треба "болнички надзор" зашто си болна. Под предпоставка дека се' поминало во ред. Ти треба надзор за да се осигураат дека нема компликации. И ако евентуално се појават де. Јас не сум чула некој да слави ако жена му е во опасност или бебево во инкубатор пример. Тоа е веќе не само непочит, туку да се позамислиш. Ама кога е се' во ред, дали дента или за 1 недела или за 1 месец... убаво е.
Не те нападнав. Ме заинтересира твојот став. Го почитувам иако не го разбирам. Не го фатив маж ти за шија и да му велам да слави да не те слуша. Не те разубедувам ни тебе, туку прашувам зошто? И како замислуваш прослава со бебе кое можеби ќе го доиш ? Или едноставно со плачливо бебе ?
Абе добро. Во ред е. Се вртиме во круг. Јас мислам вака - вие така. Не ми прат разлика вашите животни одлуки. *Милион пати повторив.
Така си е, само да го завршиме муабетот дека мажите што на културен начин го прославуваат доаѓањето на нов живот, не се пијаници и непочитувачи на нивните жени. За вас, може да се вашите ако така прават, ама за останатите е славење на животот и истовремено почитување на жената, шо не ѝ ја носат славата дома дур е со бебе.
Другарки,ако мажот сака да ја сподели радоста и сака да прослави ,оставете го. Не е ни за муртење ни за лутење. Радост е. Некој ке плаче со денови,некој ќе части со денови.
А дали некаде прочита да имам напишано конкретно за делот со пијанчење? Ако веќе тргнал да слави, нека пие и за мене ако сака, и на улица нека заспие, не мора ни три дена да се враќа. Не сакам да се слави нештото без мене. Не додавајте нешто плус на таа реченица.
Абе никоја нема сигурно да му забрани на мажот. Додуша знам 2 жени кои забранија. Едната забрани дури и честитки на социјални мрежи. Од кои причини не знам, ама мажите сакаа да прослават, другарите нивни организираа прослава, овие ги вратија назад и музики и другари оти жената ќе се лутела. Јас како што разбрав жениве тука немаат намера да забрануваат ама ќе се чувствуваат исклучени и непочитувани. Е тој дел не можам да го објаснам.
Се надоврзав на твојот пост. Ете, нека не се пијаници. Ама дека не си ги почитуваат жените, не бива така?
Славјето не е за тебе, тој има син/ќерка и си части. Ти кога ќе се вратиш пак слави си, кој ти брани?