Да се пренамагав и да си го лишев мм од желбата да части све и живо и диво од коа му се роди син ...немаше да си опростам до ден денес. Не зборам за мекици , тоа мајка ми си частеше. Зборам за частовка и веселба у кафана, онака сочна веселба , со музика со све Не бев лишена ни јас од после за славење. Ама нели, требаше време да помине , да закрепнам , да може бебето да го оставам на некој.
Здравје боже. Со лесно да биде сѐ. Па после ќе кажеш кога ќе успееш да го обележиш настанот. Инаку сега кога се присеќавам. Беше почеток на пандемија. Откако се породив, маж ми се собраа дома со мајка ми и фамилијата на сестра ми, свекорите беа исто. Направиле мекици, се почестиле со жестоко. Ако не си го обележеа моментот тие дена по раѓањето (бебето и јас бевме стабилни), мене ќе ми беше криво. Како свекорите за претходните внучиња, олка кафана почестија, мекици да фрчат, а за моето ништо... Секако секако, бебињата нема да се сеќаваат, како што нема да се сеќаваат на ништо во животот до 5та година, ама сепак за мерак и радост јас сум за одбележување. И така и си направија. Мене да ме чекаа, хах ќе почекаа. По две недели почна матката да се собира, леле како ме грчеше, заминав на ехо од страв. А тоа при доење боли цепи. Грижите дали добро напредува, колку млеко имам, па оние бабине теткине или било кои, еве и јатрвата моја мераклика е на непобарани совети, знаеш колку ќе сакав да ги слушам? Нималку. И еве сега да се привратам да одберам ден, нема да одберам. Не знам кога е подобно за таа пригода. После 40 дена, нели она дома што идаат на бебе, тоа е друго. И тука едвај ми се дружеше, пак блиските беа ради вирусот не се мешавме.
Како не ми текнало Тоа ќе правиме ние, еднаш мажот ќе части, па после јас нема да го викнам, јас ќе си частам. Па после уште еднаш за сите тројца. Па после нека частат моите, па неговите. Ако сака некој плус, и тој нека части. И така...
Јас сакав од Кејт слика да ставам ама и вака може Јас па едвај чекав да се вратам од болница и со на маж ми другарите да славам
И на твоите и на неговите ќе им диктираш кога да частат и слават? Кој кога сака тогаш ќе си почасти, нивна радост е и ти нема што да се мешаш.
Исто. Со две пластични шишиња Пелистерка под мишки, наполнети со топла вода, двете цицки извадени, дека рагади, и ждригнувам бебе на рамо
Што? Кога ќе почнат глупости да се пишуваат. Јас сум си битна во својот свет, крај. Некој и ме прифатил таква. Немам потреба да ти се правдам за моите постапки и чувства. Не знам што навредени сте од нечиво размислување да сака да си го прослави доаѓањето на своето бебе заедно со својот маж. Абе криминал, блуд, разврат.
Не можам да сфатам зошто да се чувствиваш исклучена. Маж ми славеше за двете,па ај тој, мајка ми бидејки сум од западот правеше бабиње во кафана па јас не отидов ,а можев, поминати беа 3 недели. Не ми беше до прослави ,најголемата прослава за жената е кога ќе го држи новореднчето во раце. Затоа може не ни е до прослави кога ќе дојдеме дома,веќе сме прославиле.
Да така е. Пишав веќе. Ниту ми беше до прослава ниту се чувствував исклучена кога бев во болница и сите славеа. Мерак ми беше. Гледав клипови, сите радосни. И јас се радував колку и да имав болки, стрес и несоница. Дете ми се роди, не умре никој.
Па по тоа што ти го пишуваш. Нели не смее без тебе да се слави. Или мајка ти смее во кафана да части, а таткото не смее?
Кај нас нема вакви работи. А да има, би ми било ептен глупо, вакви работи треба да се прослават заедно. @CameliaMiller има и кога слават кога бебе е болно. На другарка бебето беше во критична состојба, отварано, оперирано во првите неколку дена од животот. Баба и дедо славеа во кафана.
Последен пат. Не сакам маж ми да слави без мене! Не прашувај дополнителни глупости, уште помалку да сугерираш за нешто што не го мислам и го немам напишано.
Кога се собираат жени кај мајката или во ресторан, носат поклони за бебе. Едит. Што ве дирна толку што членкава не сака да се слави без неа? Она го носи, раѓа и сеа и викате немаш право. Жени...