Се надоврзав на твоето ,,решение" за тоа како јас да не се чувствувам изоставено. Нема пет пати со исти луѓе да се прави прослава. Вие така правевте? @Bridget
Видете. Моја другарка се породи во Канада. Во ДРЖАВНА БОЛНИЦА имаше цела соба, со џакузи, со пилатес топки, со медицинска сестра која ѝ била како слугинка. Имала едукација за доење, едукација за облекување (на која температура каква облека), совети за рутини за хранење и спиење итн. Се што ние немаме тука. И најважно, при породување и престој во болница, мажот може да биде присутен цело време, само не смее да излезе откако еднаш ќе влезе. Значи си дошле спремни со се што треба и си биле заедно цело време. Условите да не ги опишувам, подобри од хотелски престој, храна на ниво, нега и грижа на ниво и на сето тоа додај присуство на сопруг идеално е ! Кога си дојдоа тука бебето имаше 6 месеци, се собраа во кафана да се видат со сите блиски бидејќи се немаа вратено со години. Како повод го наведоа раѓањето на детето. Ама знаете како, мирна прослава во кафана со јадење и пиење. Мајката за 2 часа си замина, детето да цица и да спие. И предложив количката да ја земат и да останат, ми шепна дека нема потреба, не и било до славење. Прославата продолжи без нив. Инаку иако беа на друг континент, кога ја споделија веста за раѓањето на детето, нивните семејства тука организираа собиранки и споделуваа радост со најблиските. Кај нас и пред пандемијата не дозволуваа посети и престој на мажи во болница. Нема ни да дозволат во скоро време. Така што тоа се одлични моменти, ако е се во ред сите да си прослават. Мајката може да слави со другарки откако ќе се врати од болница.
Јас во болница со списокот пресеци правев, кои луѓе ни се заеднички со моите и неговите, кои се само нивни блиски, кои планирам да ги канам на крштевка...и така дојдов до податоци кои може да ги почастат без мене, а кои треба да ме почекаат од болница и тогаш заедно да славиме. Се е ствар на добра организација.
Јас и маж ми уште пред да се породам се договоривме кај да биде прославата и кои да ги викне. Исто и за мекици се договоривме унапред кај треба да однесе. Не се осеќав неиспоштована во ниеден моменти двата пати
Во западна Македонија, кога бебето има 40 дена + мајката на родилката прави прослава со само жени, и родилката со бебето оди (а и не мора, варира ова). Исто, кој сака кафана, кој по дома Бејби шауер сосе бебе да речеме
Ova nikogash ne go razbrav. Slavenje za ragjanje i na moe dete (deteto ne e samo na tatkoto za toj da slavi) bez mene mi e apsolutno nesfatlivo. Mazhot mora da bide prisuten na poragjanje i da bide maksimalno vkluchen vo toa (od poddrshka, do nosenje raboti vo bolnica) i toa ne e neshto za osobena pochit, zatoa sho ova po difolt se podrazbira. Za slavenje ima vreme i majkata koga ke e oporavena, pa zaedno da proslavat.
Кај шо го спомнавте кралот Лав, цртанот, му ја пуштив на син ми песната. Се наежив јас кајшто гледам, а не па за бебе мое блиските да ги кочам да не изразат радост во тој момент. А бе ќе рикаме од радост и ќе славиме само сѐ да е добро.
Бабиње се вика не бабино,во Тетово го има за Гостивар,Кичево мислам не. Не мора да има 40 дена беебето тоа ако сака мајката со бебето да присуствува,ако не и за една недела прават. Мајка ми за двете правеше после 2-3 недели ама сега не се викаат само жени туку и мажи. Многу е згодно што ке однесеш тогаш подарок з бебето не одиш на гости дома. Сум била преку 30 пати на бабиње ,убав обичај е.
Јас сум била неколку пати само, ама така ми го рекле, не е "мој" адет. Барем јас кај што сум била, задржано е тоа само жени, искрено и мене ми е баш убав адет. И мајката присуствува ако сака, убава прослава е. Едит: и Гостивар го има, гостиварци беа едниве кај што бев. Ама може биле со тетовски корења, близина е.
Пред пандемијата можеше во приватните. Само се доплаќаше за таткото од ден, нели кревет и храна. Мислам дека околу 6000 ден. од ден во Ремедика.
Едната во мене вели -правилно, треба да е тука за морална поддршка, поткрепа. Другата -е ај и на мочање нека идат со вас.
Епа најправилно како ќе се договорат. Ако таткото сака да присуствува и мајката е ОК со тоа може. Ако мајката мисли дека нема потреба не мора да доаѓа таткото. Тогаш сакав и маж ми да може да дојде, чисто да види колку се мачам. Ама сеа со овој памет и со искуството кое го имав подобро нека не доаѓа, нема потреба никој да ме види во таква состојба. Маж ми од еднаш што ме виде на посета, веднаш по преместување од шок соба на одделение ден денес не може да ја заборави глетката. Јас како лежам неподвижна на крвави чаршави со инфузии во рака и истрауматизирана.
Јас сум лигла и не се срамам од тоа Бриџо Си сакам тетошење, его бустање, па притресуење околу мене Затоа ми треба, да види која мака ја терам за да родам, женамајкакралица момент, ајмо поклон и златен прстен
Таткото со самото тоа што е татко е лишен од многу задоволства.Неможе да го осети мрдањето на бебето во стомакот,икањето,самиот пораѓај,она чувство кога од тебе излегува нов живот.Да го видат бебето штотуку излезено,да го слушнат првиот плач,да му го стават на гради.Неможе да го дои и да ја оствари таа близина,како мајката.Е сега неможе да ги почувствува ни болките,и се што следува во бременоста и пораѓајот. Ама па затоа кога почнува породувањето они се константно нервозни,шетаат со саати по ходници,во исчекување се да помине се добро.И кога се ќе помине добро мислам дека заслужил таткото барем да прослави ако тоа го исполнува.Тоа не би го спречила за ништо. И не го сфаќам оној муабет ама ние сме на бокс,трпиш болки,кој стигне ти брца итн.Секоја една од нас доброволно и свесно одлучила да донесе нов живот на овој свет,и скоро секоја жена знае што се ја очекува.А добро знае и дека таткото неможе да роди.